Тоа не ми е проблем. Секако додека ги сушам на сушара на тераса не можам да пуштам друга бидејќи нема место за пружење Кажав тоа не ми е проблем, само ова за расипувањето ме предомислува
Јас имам Самсунг комбинирана веќе две години. Ок е вака машината, 35000 негде беше, купена во Нептун.
Кај мене е така. Планираме летово да го реновираме купатилото и да ставиме или проточен или хоризонтален бојлер, па така ќе се ослободи место за сушара. Водоводџијата ми кажуваше дека можело и да се крене бојлерот погоре Ќе видиме што ќе правиме летово. Консултирај се со водоводџија пред да купуваш било што, може ќе успеете да направите место за сушара.
Ние го кренавме бојлерот, го исековме хантер дагласот имаше уште 40 цм само кружно кај бојлерот, ставивме гума околу да го средиме на лик. Проверете само дали има цевки горе. Ако имате простор не мора нов бојлер.
Јас имам машина за перење Самсунг еко бабл и сушара Самсунг исто така ама ми се погодија супер, пери суши, сушарата ниту ми гушва алишта ниту пак ми ги собира 100 опции има што пола и не ги ни користам, ама тоа ми е битно што не ми ги собира алиштата, и јоргани бутам внатре и јакни и се, за се нешто имам некоја опција абе рајска работа што ќе се нервирам да ги пружам надвпр па ги чекаш со векови да се исушат, па комшијата запалил нешто смрдат корнат, па пак пери, писти, па ова па она, вака испери исуши здибли - стуткај хаха и право во плакар
Здраво Некој да сподели искуство со апарати за леб. Гледам цената варира во зависност од јачината на апаратот инаку горе доле тие функции се. Ако може да споделите која јачина се вашите апарати 500w, 600w,800w...? И која е разликата? Појаките побрзо печат од послабите?
Јас имам горење од 800w, задоволна сум. Стандард програмата го прави сосе месење за 2:30 часа. Не знам како работат послабите, јас секогаш купувам појаки уреди, поиздржливи се и поквалитетни.
Здраво. Итно ми треба препорака за фрижидер. Комбиниран, со долу замрзнувач. Ги гледам оние no frost, ама ич не се разбирам...
Буџетот до колку ти е за фриѓо? Башка кажи карактеристики, литража на одржувач и литража на замрзнувач.
Во нептун мајка ми чред два дена зема добар но феост фризидер 24.000 денари беше, на хепи цена со хепи картица, без канистер за вода (мислам како оние што имаат за вода да ладиш директно бо нив) литража не запазив искрено ама оди ќе најдеш, има сега некои попусти во Нептун
Чим ти е точкав буџетот, само самсунг, но фрост имаш! Инаку тоа но фрост е многу поинаков начин од тоа како што работат старите фрижидери, и проблемот со мраз фаќање и тн тн..
Имаше не само Самсунг и ЛГ имаше и други марки, ама највеќе ни фати око Самсунгот, јас инаку имам ЛГ лани исто од Нептун го земав, со канистер за вода литража немам поима колку е, го платив околу 32.000 денари, ако имаш хепи картица може да се најде до 30.000 дднари било која марка, е сега запазив дека црниот Самсунг ист како што зема мајка ми беше со 2000 денари поскап (мајка ми зема сив-инокс) отвори на страната на Нептун има или ако можеш шетни до Нептун ( стрикно бевме со мајка ми во Нептун кај Бриколаж, повеќе избор имаа), а да Но фрост не фаќа мраз, храната ја мрзне ама не со мраз да се убиеш од чистење и од одмрзнување, храната побрзо се одмрзнува и е по свежа, за еазлика од обичните, полесен е за чистење, е сега ако ме е убаво спакована храната, мислам ако се стави нешто а ако не е убабо затворено знае да ја исуши, партал да ја направи ама не е страшно