1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Апарати за домаќинството

Дискусија во 'Дом' започната од Trendafilka, 2 октомври 2011.

  1. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.901
    Допаѓања:
    123.136
    Ми треба апарат за нес ,ама на Вицко.Го имаме дома и баш сме задоволни веќе 10 години,ако не и повеќе верно служи.Ама никаде ја нема повеќе оваа марка.Ако сте забележале некаде пишете,или препорачајте квалитетен апарат.
     
  2. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Eli25, продавница со производи на Vicko има на пластичарската улица, продавницата е на три спрата од кои едниот е меѓуспрат. Се наоѓа некаде меѓу првите продавници од десна страна значи гледајќи од булеварот. Можеш да провериш таму.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Дечки, мене ми треба црево слично од оние како за аспиратор, за подвижната клима ми е потребно, да го извадам фактички на надворешен ѕид.
    Ама отворот позади е четвороаголен, претпоставувам има повеќе различни форми...
    Каде има црева за аспиратори или клими и по која цена, знаете?
    [​IMG]
     
  4. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Колку отприлика еден бледенр најефтин, најобичен.. :?:
     
  5. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Ајде и јас стигнав да прашувам за овие ДОМАЌИНСКИ апарати :lol: .

    1. Треба да купиме фрижидер - комбиниран, со една врата (т.е. да не side by side), со функција за самоодмрзнување, со што поголем капацитет, а да не е многу скап (до кај 21 000 ден.). Препорачајте ми бренд. Што мислите за Ariston, Beko, Indesit. Од овие попознатите фалени ми се Samsung и LG, ама скапи ми се, бидејќи ми треба поголем. LG ми е особено скап, а убави се.

    2. Треба да купиме и шпорет. Е сега, јас некако не се научив со плин да готвам, па барав електричен. Многу што имаат со плотна се пожалија дека не се практични (на 2-ца им се скршила, т.е. пукнала плотната и не можат да најдат дел за да ја сменат), па решив да барам со рингли. Е сега проблем со ринглите ми е дека воглавно се мали (2* 18cm дијаметар и 2* 14-14.5cm дијаметар). Не дека секојдневно ќе готвам во големо тенџере, но сакам да имам голема рингла за секој случај). Битно ми е рерната да биде мултифункционална (да има вентилатор, на пр. шпоретите со рингли на Gorenje немаат вентилатор во рерната, оние со плотна имаат). Да ми предложи некој нешто?
     
  6. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Имаш малечок од 1000 ден, голем 1200ден :)
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. srna2013

    srna2013 Активен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2013
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    1
    незнам дали прашањево ми е на вистинското место поставено но еве јас да си прашам, ме интересира за средствата за бигор што се за машините за перење алишта како пулирапид калгон, јас ккупив пулирапид првпат сега ќе употребам ама на кутијата немаше упатство па ако има некој искуство да користел да ми каже како се употребува, дали се става во прашакот, дали во алиштата дали треба да се пушти со празна машина или додека се перат алишта? поздрав
     
  8. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Ние дома префираме повеќе горење..Сега многу им е намелен квалитетот на апаратите за разлика од порано...
     
  9. trendafilka2

    trendafilka2 Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2012
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    20
    пулирапид никако во машина тоа е прејака киселина ке ги изгори цревата на машината и потоа проблем
    машината исчисти ја со сода,,,,
    ке ставиш сода во садот за прашок и ке завртиш 95 степени без алишта никакви хемиии не ставај во машината
    пулирапд не пишува дека се става во машини тој е за бигор за занитарии но не и за машини за перење :!:
     
  10. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    За бигор во апаратите - ќе ги пуштите да работат со бел алкохолен оцет (во делот за омекнувач или сјај кај машините за садови), а во делот за прашак ќе ставите сода бикарбона и толку.
     
  11. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Феминки ако може мала помош. Со мужот мој го бендисавме овој аспиратор, па сакам да ве прашам која од вас знае како би се приклучил аспираторот во штек а притоа да не се гледа ни кабел ни штекер? Ова го мозгам цел ден. Он додуше е незаинтересиран, сеедно му е дали ке се знаел кабел или не, а јас жена ко жена несакам ништо да стрчи/ Знае некоја?
    http://www.neptun.mk/image/cache/data/p ... 28x228.jpg
     
  12. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Зависи каде ти е штекерот,ако сакаш да скриеш треба да укопаш во зид ,или одма до него ако има висечки елемент и во него штекер да се направи дупка да се протне кабелот и така да не се гледа.
    Толку од мојот женски памет :lol:
     
  13. EMA2

    EMA2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2013
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    33
    Eдно прашање???Ви се случило да забележите кај фрижидерот дека горе кај вратата загрева??? Јас забележав дека кога ја отворив вратата од горе бесе многу топла??? Од што може да е ова знаете,немам врема за мајстор да викнам :/
     
  14. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Ели25, случајно барајќи нешто друго налетав на оваа страна и ми текна дека давав одговор на некој за апарати од Вицко, еве може ова ќе ти помогне, ако веќе не си нашла. :)

    http://www.22maj.com.mk/index.php/domasni-aparati
     
  15. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Јас ова го правам (ставам бел алкохолен оцет и сода) во машината за перење алишта.
    Но, дали ова може да се прави и во машината за перење на садови?!? Ако може - те молам кажи ми на колку степени да ја пуштам машината?
     
  16. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Исто може,а пушти ја на нормалната програма на која си переш секогаш. Поентата е да помине низ машината, нема врска програмот.
     
    На MIA-SK му/ѝ се допаѓа ова.
  17. trendafilka2

    trendafilka2 Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2012
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    20
    значи вака фриждерот е стар 5 години маки немаше од некна што му стана
    дорниот дел што е одржувачот еднаш ке излади после само бучи не лади од внатрешниот дел на флиждерот се прааваат росички капкички нели кондензира и само еднаш потоа само бучи не лади а комората е добро работи
    марката му е BEKO
    некна го исклучив го исчистив ,мразот стоеше со отворени врати 2 дена и сега баш сега пак го вклучив да видам дали ке лади ако несака треба мајстор
    квалитетот на денешните марки е 0%
     
  18. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.061
    Допаѓања:
    257.943
    Пол:
    Женски
    Имате искуство со проточни бојлери за во бања?
     
  19. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.340

    Ако имаш нестабилен притисок на вода и струја не купувај, често ќе прегорува (избива безбедносен вентил или осигурувач во нив), ако прашуваш за оние што не се врзуваат на соларни панели.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.061
    Допаѓања:
    257.943
    Пол:
    Женски
    Нормален притисок и вода имаме. Спремам дома еден дел од куќата за издавање па се мислам дали е паметно да ставам ваков бојлер во тоа wc.
    Ние имаме стандарден, обичен дома па не сум имала искуство.
    Инаку не, не за со соларен панел.