Да да, машините се топ, секоја препорака. Машината пере одлично а сушарата не гужва и не смалува. Живото е поскапен, и цените за квадрат се луди.
@MilaSs12 @Kbr Девојки фала ви, земав машина од сетек. Samsung WW70TA026AE1LE, со ecobubble, не е најнов модел, ја сефтосав и сум супер задоволна!
Супер е Самсунгот Еко Бабл, и полесно флеки вади на таа опција хаха со здравје да си ја користиш и да си ја Самсуниговаш хахаха искрено најпојќе ја земав зашто има голем бубањ и ми собира дупли јорган или ќебе дупло без проблем го пере ❤❤❤
Јас имам делимано неколку години, првиот модел што излезе и сум многу задоволна. А од сетек ни сијалица не би купила веќе, подобро друг маркет за бела техника, Техномаркет, Нептун него таму.
Користите Air Fryer? И дали сте задоволни? А, и колку го зедовте ако не е тајна. Загреана сум за овие од Топ Шоп ама цените и се бесни.
јас од топ шоп го земав околу 4000 мислам со клуб 5 скоро година дена го имам и не е исклучен презадоволна од компири до батаци се ставам и правам, и лиснати ама баш се презадоволна сум брзо и лесно наместо рерна да пуштам во тоа готвам
Fuego се hit and miss , некој ги фалат некој се многу жалат од нив , зависи што среќа ке ти се погоди , како и да е се ниско буџетен бренд . Јас не би купил fuego , favorit и сл брендови , имам фрижидер Самсунг купен пред 10 ина години, машина LG ја имам околу 6 години , си работат до сега супер без никаков проблем. Јас би купил само од добар бренд апарат , сум имал беко , фаворит апарати и стварно се каев што ги купив тогаш . Иначе има добри понуди сега на 24 рати без никаква камата , во нептун , сетек , техномаркет , можеш да разгледаш ако некоја понуда ти е во буџет
Искуства со вирпул машини за садови? Мене ич не ми ги мие садовите, не знам дали е до таблетите или сјајот нешто Пробав со финиш и фери таблети, ама и чинии не многу прљави не ми ги мие убаво. Плус нова е, 3 пати ја вклучив до сега
Парочистач или чистач на пареа за подови да препорачате? Мајка ми го има од шарк кога идеа во пакет со правосмукалката, едноставен ама екстра работи веќе 10години. Такво нешто барам за светнување плочки и таркет, ама да не е бесна сума над 10 000 пример.
Јас го имам паро чистачот наното од топ шоп, искрено незнам цена која е сега јас со попуст го земав ама мана нема и за таркет и за ламинат и за плочка за се го користам
Дали некој има дома апарат за пуканки? Задоволни ли сте? "Воведов" пуканки како здрава алтернатива на грицки на ќерка ми, ги правам во микро ама сега се мислам да купам апаратче да биде уште поздрава алтернатива ама ме интересира дали ги бива воопшто...
Јас имам од ст и топ ми е погодено. Можеш да ги испукаш и да додадеш малце зејтин и сол и таман ќе ти бидат како обични пуканки, а можеш и само со сол да ги јадеш.
дали некој има и користи рачен апарат за чистење на пареа и каков? во мк само од РОВУС гледам ама некако скапо ми е 4000 мкд за тоа...