Вграден фрижидер на Whirlpool или Gorenje, (јас сум повеќе за Горенје заради Но фрост), ако има некој повеќе знаење нека сподели. https://www.neptun.mk/categories/FRIZIDERI_V/WHIRLPOOL-ART-98101 https://setec.mk/index.php?route=product/product&path=10110&product_id=75851&mfp=manufacturers[95]
здраво девојки, ми треба препорака за црн вертикален фрижидер, што ќе биде комбиниран. јас се заљубив во самсунг, со диспанзер, но многу скап ми се гледа 45илј. некоја препорака?
Беко има поприфатливи цени, ама не знам дали е со дизпанзер. Не е самсунг, ама имаат исто добри перформанси сооднос со цена. Освен ова но фрост, јас гледам гаранција, потрошувачка и волумен. Горењето е помал волумен внатре ама со помала потрошувачка од вирпулот што е очекувано, гаранцијата види ја мислам дека вирпулот имаше акција за 5 години да не е помалце сега. Ако не ти игра тоа улога јас би одела со но фрост, ама како и да е провери ја и на вирпул таа технологијата лесс фрост, може да е истата со на горење ама да си ја викаат поинаку. И да имаш предвид дека се помали од обичните комбинирани, особено комората, јас затоа се откажав од вграден, има еден беко кој е вградлив и малку поголем, ама пак за мене беше мал.
Ве молам за препорака за квалитетна електрична цедалка или пак за рачна преса за цедење овошје.Имав до сега електрични Muhler таа траеше подолго, па Fabigio одма се расипа, па Vivax и таа се расипа брзо.Сега меркам една горење поскапа околу 2500 или рачна преса се мислам да земам.Ми треба за портокал и лимон во главно но би сакала да може и калинка да се цедат.Првата мулер ми цркна од калинка.
Јас ваква имам и навистина е одлична, и баш е за портокали и калинки. Мене ми е од Турција но и тука во пластичарска ја гледав.
Јас таа на Горење ја земав скоро и задоволен сум. За портокали и цитрони е топ, а за калинки врши работа, ама претпоставувам дека рачна преса би била за нијанса подобра. Ако издвојам мана тоа би било што садот не собира премногу сок, некаде 250ml пред да треба да се испразни.
Air fryer ili obicna friteza? Dosega imavme obicna ama se rasipa, se mislam za air fryer da zemam ama se dvoumam za pomfritot nekako suv da ne izlaga, najcesto toa jademe pa sme naviknati na zejtin iako ne e tolku zdravo...
Дали некој знае мајстор за деинсталација на аспиратор? Носи миризби од другите станови, а ние ретко готвиме и се размислувам доколку постои опција да се отстрани