Dali nekoj ima iskustvo so kafematite na Krups ili bilo koj kafemat kompatibilen so kapsulite na Dolce Gusto. Se dvoumam pomegu Krups ili Lavazza
За апарат за пуканки јас имам Ariette исто голема количина останува од пченката неиспукана. Затоа и ретко го користиме. Имаше прашање дали се става масло. Во упатството кај мене пишува не се става.
Не, неиспукани има да речеме една петина од пченката, од тој аспект сум задоволна. А имам впечаток дека сепак е до пченката. Мене не ми се допаѓа што отпосле ставам путерче малце па ги мешам за да може да ги посолиш ко што треба ама пак не ми солено. На малата и е ок, ги сака
Како се вика апаратчето за чистење на гарнитура? Оние слични на мини правосмукалка, не знам баш и да објаснам
Здраво,дали некој има искуство со оваа правосмукалка PHILIPS XB2125/09 има убава цена во техномаркет Ви Благодарам
Добровечер! Ќе ве молам дали може да ми кажете дали овој мелница за кафе може да го употребувам и за мелење јаткасти плодови, овес... ? Благодарам
Девојки дали некоја има искуство со Tefal Versalo Deluxe 9 in 1? Ве молам пишете пошо живци искинав не знам да го користам
Како не знаеш да го користиш? Знаеш. Стави внатре намирници според твојата мера, за колку луѓе ти е планирано, не повеќе од садот кој е означен, и терај. Слободно можеш да отвориш и да ѕиркаш, да пробуваш... Не му се плаши, експериментирај.
Пробав да пржам пилешки прсти на таа опцијата дееп фрај и ми се гасеше цело време и од тогаш се изнервирав и го баталив. Имаш и ти тефал?
Знам дека е стар постот, ама ме интересира дали го зеде мултипрактиков на Бош, и ако го зеде, како се покажа, дали си задоволна? Разгледував деновиве оти ми треба кујнски робот, и се мислев за неколку модели, меѓу кои овој на Бош, и два на Горење, со тоа што едниот од Горење е од 700W, а другиот е 1000W, со тоа што вториов има и блендер и машина за мелење месо плус (не дека ми се потребни, ама влијаат на цената). Како растат децава, подолго време главам во кујна, па ми треба нешто што ќе ми ја олесни работата, па вакви роботи се добредојдени. Но се мислам да не случајно ми седи само така, макар што сите апарати досега што сум ги купила се максимално искористени.
Го зедов, да. Мене ми е ептен практичен и искористен. Го имам една година. Најмногу го користам за месење, (максимално може 700гр брашно) блендерот исто ми е многу искористен. На сецкалките се уште не им најдов примена, ич не ми се користени, цедалката за цитруси ја користам ако го користам блендерот, само неа ептен ретко ако правам поголема количина, за еден лимон и портокал не е исплатлива. Моево нема мелница за месо, ама може да се докупи, планирам во иднина да докупам и други додатоци, зависно што е на располагање кај нас. Треба да отидам до сервисот на Бош и продавницата што им е спроти Бисер, да видам што додатоци се достапни. Од мене имаш препорака
Фала, ќе видам уште некој модел, а има избор боли глава, да не знаеш за што да се решиш. Некои имаат многу делови, за кои се сомневам дека ќе ги користам, оти веќе ги имам како посебни апарати. Ми беше битно да знам дали вреди, а мислам дека многу ќе ми се најде, особено за тесто.
Јас зедов Бош, бидејќи имам генерално многу убаво искуство со нивните кујнски апарати, затоа. Најбитно според мене е миксерот, па затоа гледај да е со повеќе вати, садот да може да собере поголема количина и блендерот. Ова ми се мене најискористени, а бидејќи е мултипрактик и е се во едно, штеди простор, а кај мене беше пресудно тоа, оти немам место посебно за миксер, посебно за блендер.
Тоа и сакам, поголема моќност, и поголем сад. Како што гледам повеќето се со сад со капацитет до максимум 4л, и твојот е тука некаде. Бош секако ги земам предвид, и јас имам неколку кујнски апарати од таа марка, задоволна сум. Деновиве ќе решам што ќе земам, уште разгледувам.
Здраво мајка ми ја занима разликата помеѓу 600 и 800W, и со тоа на колку мин. може да грее некои јадења. Дали знае некој?
Јас да ти кажам за бошов Јас имам миксер сличен на овој, црвениот на бош може си го гледала само како миксер..а на другарка и купив ваков како на линкот за вселување во стан Кај мене после 2год тие одоздола што се за да се вакумира на работната површина престанаа да работат и сега морам да го држам миксерот ако го имам пуштено да врти на нешто погусто (или тесто) Кај другарка ми после 1 год истово се случи Сега си ги гушкаме миксерите кога работиме...дека ептен си ги сакаме Иначе немаат маана друга, јаки се, доволно голем сад имаат според мене..