1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Апарати за домаќинството

Дискусија во 'Дом' започната од Trendafilka, 2 октомври 2011.

  1. trendafilka2

    trendafilka2 Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2012
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    20
    и јас го имам истото забележано фриждерот е беко горе му е ладникот доле комората
    доле кај ладникот и комората сто е вратата тамо загрева прашав мајстор вика нормално било :?:
     
  2. EMA2

    EMA2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2013
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    33
    Да и мојот е Беко и ме чуди ова,фризидер да грее.....
     
  3. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Дами, ќе ве замолам да ми ја разрешите дилемава- што е разликата меѓу пасатор и блендер?

    Одамна ми треба некое такво мало уредче кое ќе може да ми иситни неколку главици кромид, да не се мачам да ги рендам, а плус деновив начекав една емисија за готвење на Канал5+ (со извесен Антонио кој што направи десерт со мафини полнети со фил од слатко од смокви и истиот го мислам цело време :devil: , а користеше блендер во неговата подготовка) па после тоа дефинитивно решив да купам блендер, иако не знам кај ќе го сместам во и онака малата кујна. Впрочем тоа ми ја одложуваше досега одлуката, ама после мафините (или капкејкс се вика кога имаат фил :^) ) дефинитивно решив да купам блендер.

    Е сега после толкав вовед, опфатен во исто толку долга реченица да се навратам на првото прашање.
    Отворив неколку страни од наши маркети, да видам како од прилика се движат цените, и се збунив, некои исти слики се водат и под категоријата пасатор, и под категоријата блендер- а типот користеше вакво [​IMG] кое овде се води во категоријата пасатори, а тој цело време го нарекуваше блендер.
    А од друга стана еве слика од блендер [​IMG]


    И сега не знам која е разликата меѓу нив, блендирање зарем не значи мешање(прелевање за да стане целина), а пасирање, да се иситни храната,да стане кашеста- ама на крај испаѓа дека е едно исто како што ми изгледа, па кој како милува така си го нарекува, м?

    Ќе ме просветли ли некоја, а воедно и да ми препорача што би ми било најпрактично да купам?
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.340
    Моја логика :$
    Пасатор пасира а блендер блендира. Пасатор остава мали парченца нешто слично кога гмечиш варен компир со вилушка (ама сум сликовита :D ) а блендер целата смеса ја направи како каша - без парченца, грутчиња. Ма се е тоа исто само различно паковање и име. И со овој пасатор кој го имаш постирано (и јас имам таков) се добива ист ефект како кај блендерот само што ќе ти треба повеќе време. Кај пасаторот таа посуда со ножеви е како сецко и фино сецка (кромид, морков...).

    Овој првиот мислам дека повеќе ќе ти се најде во кујната
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.428
    Допаѓања:
    200.996
    Пол:
    Женски
    Земи си поквалитетен пасатор, со добри ножеви, многу ќе ти заврши работа. За сосови, за каши, за смудија, за мелење на семиња - многу ќе ти користи. Јас лично имам и пасатор и блендер, и многу повеќе го користам пасаторот, блендерот баш не ми блендира, односно не прави каши и не меле ситно, остава крупни парчиња, за разлика од пасаторот. Го користам многу ретко, а на пасаторот душа му извадив. Плус, може да има додаток маталка, што исто може да биде корисно, да не вадиш цел миксер за две јајца на пример :)
    Колку што знам, квалитетни пасатори имаат Бош и Филипс. За други не знам. Моиве се некои no name, за свадба ги добив. Ама пасаторот е закон. Меле и смрзнато овошје ко од шега.

    ЕДИТ: Мајка ми има едно апаратче за сечење кромид, од Белград и го донесоа. Го ставаш кромидот внатре, исчистен оф корс, два три пати притискаш и исечен е. Не е блендер, не е пасатор, не работи на струја, рачно е. Ама колку е практично - не се мачиш ни со сечење, ни со мирис, ни со плачење. Арно ама - овде го нема. Барем јас не сум видела во Скопјево.
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.061
    Допаѓања:
    257.940
    Пол:
    Женски
    Сесилија, јас имам блендер (како Фуегото што си го постирала) само Бош и ептен ми се допаѓа. Го добив на подарок демек за бебето ама она не јадеше блендирана храна па си го користам за готвење.
    Го видов по маркетиве за бела техника и не беше ни скап околу 1500 ден, а врши супер работа и многу лесно се мие.
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  7. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Јас го имам (т.е. свекрвица) овој сетов на Бош, значи со две глави е. Тоа долгата опруга што е ставена на телото е пасаторот и со него најчесто пасирав во дозеров, морам да го пофалам дека одлично пасира.
    На кучињата кога им правев кашички пасирав телешко и пилешко месо и зеленчук, и ги пасираше одлично, се случуваше телешкото да е по жилаво но го правеше како паста буквално, за пилешкото не станува збор. Штом месото така го пасираше за зеленчук мислам дека нема потреба да објаснувам, нели? Значи го ставав месото, зеленчукот (морков, ориз, грашок, брокула, спанаќ..) + од водата во која се вареле и добивав класична кашичка.
    Чисто за илустрација, ако ставиш само месо со малце течност после пасирање се добива смеса еквивалентна на паштета.

    Другиов помал(понизок) дел е блендер, тој пак одлично сецка, го користам за се што и да ми затреба сецкано, кромид, морков, пиперка...дури и на неколку пати ко мелница за ореви и лешници го употребував, не ги прави онака ко мелницата меѓутоа ги сецка на ептен ама ептен ситни коцкички.
    Јас сум презадоволна, баш пред некое време разгледувавме апарати за во кујна, и јас прво се фатив за ова, не за плотна или фурна туку за блендеров/пасаторов од причина што ептен се наоѓа и вреди за секој денар.
    Ако на пример ти е за смутис и шејкови, одлично се прават со пасаторов, зошто свежото овошје и зеленчук не ги пасира до толку како обарените (како каша) туку баш онака ги сецка и омекнува. Помеките овоштија, банани, цреши, јагоди, зрели праски ги пасира а потврдите јаболко, круша, ананас ги сецка и омекнува, јас ставам што мислам од овошје потоа млеко или јогурт, некогаш и мусли и све заедно миксирам, и добивам апла купечки милкшејк или овошен јогурт. Плус и ко миксер го имам користено и не е воопшто лош. Ако со тоа не ти прави мерак со другово сигурно ќе го добиеш посакуваниот ефект.

    Сетов на Бош топло го препорачувам на секоја домаќинка, и не се секирајте за простор, сите три заедно зафаќаат малце поише од плинско на пример.
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.340
    Препорака за некој добар експрес лонец, само не на Делимано?
     
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.109
    Допаѓања:
    101.850
    Пол:
    Женски
  10. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    10.902
    Dami da mi preporacate nekoja marka za kvaliteten mikser,no po nekoja razumna cena.
     
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.109
    Допаѓања:
    101.850
    Пол:
    Женски
    Провери дали има уште попусти во Нептун, на Филипс имаш добар а баш сега имаше попуст 20 %, ние купивме убав блендер за поклон, наместо истите пари за некој неквалитетен да ги дадеш, на попуст ти доаѓа исто а квалитет поголем ;)
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ani.taa

    Ani.taa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    Вчера си купив апарат за вриење на вода (ако може така да се каже пошто не му го знам правото име) :lol:
    и тостер. Многу ми се направи ќеифот :rofl:
     
  13. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Сакам да купам рачна правосмукалка, ми изгледа практична за секојдневна употреба, па сакам да слушнам ваши искуства дали е практична како што изгледа?
    Го гледав конкретно овој модел, намален е по овие страните со групни попусти, а може и препорака за друг модел.
    [​IMG]
     
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.340
    Моделот мање-више битно, сите си ја вршат работата туку имаат една маана што многу брзо ги трошат батериите. Ако се нови и полни батерии навистина смука но ако не се, не ја врши баш работата. Инаку за практичност се наоѓа за по дома (моето сигурно собира прашина во некое ќоше :$ )
     
    На Mayyya му/ѝ се допаѓа ова.
  15. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    И нашата ваква правосмукалка само собира прашина во еден кош. Ја купи мајка ми со многу надеж дека ќе и се наоѓа прирака за се нешто. Шипки варени, незнам зошто, дали само нашата или сите се такви. Прво што кажа Славица одма се трошат батериите. Дур беше нова и така и така, а сега помини било што малку, и готово одма ставај ја на полначот. Абе малку да е празна батеријата правосмукалката е ко без душа.
    и второ затоа што е многу мала има мал резервар за ѓубрето и одма се полни.
    Значи после секое зачистување со неа ти следи тресење и полнење. Не е баш практична, бар нас така ни испадна. Цело време стои на полнач. Па сега скоро и да не ја користиме.
     
    На Mayyya му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Жени дај препорачајте ми некој добар озонер ако може без филтри на вода ама да не е Топ-Шоп имавме таков на дормео и мм ставил морска сол и го рикнал на памет сме да купиме што побрзо ама немам идеја кај да барам. Ако имате дома и сте задоволни слободно пишете да чујам кое какво искуство
     
  17. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Девојки да ве прашам. Имам ваква пегла [​IMG] и сакам да прашам дали откако ќе завршам со пеглање да ја вадам водата да ја истурам од пеглата, или да ја оставам да си стои внатре? Тоа сакав да прашам. Зошто слушнав некои викаат ја вадат водата од пеглата после пеглање ја чистат пеглата, а некои викаат дека ја оставаат. Па ќе ве замолам да ми кажете вие како правите. ;)
     
  18. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Според упатствата, водата што ќе остане треба да се истури. А веројатно производителот си знае најдобро. Од друга страна, јас не ја истурам никогаш :$ , имам пробано и ме нервираше тоа што ми протекуваше и кај што не треба, ама јас и навистина често пеглам по нешто, скоро секој ден... Ако пеглата подолго не се употребува меѓу две пеглања, можеби е подобро да се истура.
    p.s. Употребувам само дестилирана вода, зашто нашава вода е премногу тврда.
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.764
    Допаѓања:
    38.825
    Пол:
    Женски
    Јас пеглам само по потреба , кошули , завеси или сл. И водата од пеглата обавезно ја истурам после користење.
    Инаку ја имам истава пегла како на сликата погоре постирано :$
    :D
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  20. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.611
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    Mi treba nekoj sovet,preporaka za elektricna grealka za vo banja.Znaete kolku otprilika se dvizat cenite?