Здраво, Некое искуство со вакви аспиратори, црна боја ? Ме интересира во поглед на чистење, дека и стакло има , па да не е уште потешко за чистење отколку инокс ?
Имам шпорет класичен на Беко, супер е се, 5 години ме служи без проблем ама плочите почнаа да менуваат боја и таа едната што најмногу ја користам како да почна да се лупи. Го користам секој ден по 2,3 пати значи преискористен е. Сега се мислам да земам со рамни плочи. Дали се ок за често користење, дали се оштетуваат лесно? Дали лесно се чистат? Овие нерамните и тешки се за чистење.
Nema da se pokaes ako zemes sporet so ramna ploca. Lesni se za cistenje, ne se ostetuvaat lesno, za sekojdnevno koristenje e i nema da se osteti plocata.
Овде имам таков шпорет. Лесно се чисти. Не треба да се користат јаки средства. Јас купив средство од ДМ специјално за таков шпорет.
Единствено што ме замислува многу сум трапава , често нешто ми пага на плочата, дали чаша, сад, дали се лесно кршливи? Овој не го скршив ама е изгребан од што ми има пагано на плочите. А мислев дека полесен и за чистење, катастрофа, секоја вечер го стругам, од многу користење една плоча дури како нечистена е..
Падне ли нешто одма се крше Мене соларче ми падна на кошот и ја скршив Среќа на кош е па функционира уште
Девојки дали има некоја искуство со пегла без регулатор за температура? Дали постои опасност од горење на алишта од разна текстура. Сакам да го купам овој модел
Искуства со Филипс телевизор? Или имате ли некаква препорака, од кој бренд сте задоволни? Само да не е Самсунг.
Оти да не е Самсунг? Јас имам година ипол Самсунг и преубав е телевизорот, немам никаква замерка до сега. Чиста слика, звук, сѐ. Ниеднаш не закочил или да се десило нешто проблем. Ама добро може има разлика од модел до модел. Филипс имаат моите 10 години, исто така се презадоволни.
Самсунг имаа моите и на мм родителите, по некоја година користење им се појави како сенка на екраните. Слични проблеми со екраните сум слушала и од пријатели. Можеби е до моделите точно, или од начинот на одржување и чување. И ние имавме Самсунг, по 2 години ни се појави црна линија на екранот, но сеуште ни беше под гаранција па ни го заменија екранот со нов. Затоа следно сакав Филипс, вака кога сум ги гледала од излог ми се допаѓа сликата.
Ако сакаш за слика, земи си Сони, само што се поскапи. Од сите телевизори кои сме ги имале дома Сонито дефинитивно вади најдобра слика, меѓутоа според моето искуство смарт опциите им се ограничени, за разлика од ЛГ-то кое што нема што нема од апликации и опции.
Не Филипс. Само сликата им чини. Подложни се на софтверски проблеми. И по снемување и враќање на струјата, вклучувањето на тв-то нервира. И стикчето за контрола позади ако се измести, кине нерви дека рипа тонот.
Не знам за андроид уредите, зборам за смартТВ. Јас такви имам дома три телевизора и споредбено со други марки кои сум ги имала (Сони и Самсунг) ЛГ-то има најмногу опции и апликации т.е оперативниот систем му е најдобар според мене. Исто и од сликата и целокупното искуство сум задоволна. Филипс ми се ок за цената, споредбено со ЛГ, Сони и Самсунг се поевтини, а сосема солидни. Од поевтините марки ТЦЛ ми ги фалеа многу.
Kade mozam da najdam aspirator za vo kujna koj ne e vgraden,da ima klapna za da ne se vraka mirisot od central na ventilacija I da e so dva motora Ili nekoj sto silno vlece?
Каде да најдам електричен сецко во некој од маркетите значи да не е во сетек нептун идр. ми треба да се купи од маркет.