Само фолија, правиш тост го ставаш на фолија за да знаеш каде да пресечеш, го преклопуваш еднаш со фолијата и го гмечиш на тостер. Бон апетит.
Алуминиумска фолија или некоја друга? Да го свиткам целиот тост со фолија и да го ставам така да се пече?
Karcher sc4 и Karcher wd3.. И друго ништо Маста ќе им ја извадиш со години после тоа.. И еден робот да си земеш после за да си шета по дома додека сте на работа. Друго ама баш ништо не ти треба
Јас така правам тостови. Без фолија нема шанси. Кашкавалот се растекува. А и полесно се чисти тостерот кога ќе ја тргнам фолијата. Користам алуминиумска.
Здраво, ако може препорака за одличен аспиратор за кујна, да влече убаво, до сега 2 купив живо ср*ње се,да ми простите на израз, димници цела соба ми ја направија, а салонот ми е скоро 40 м2,
Samsung дефинитивно, имам Samsung два фрижидери, едниот купен пред околу 20 години, уште работи без проблеми, сега префрлен во викендица, а новиот пред 3 години купен исто супер си работи. Ако си заинтересирана за некој модел, можеш и на интернет review да видиш, иначе како бренд, со Samsung нема да зажалиш.
Ај плс некој нека ми каже како се пушта машинава за перење само што го изнајмив станов дугмињава не се притискаат, што треба да праам??? апликација некоја спуштив али не гледам опција за поврзување со блутут или што и да треба, да ја пуштам сакам, многу ли барам??
Дали некој користи дома сецко за основна употреба (сечкање кромид, морков, бадеми понекогаш, урми итн), и ако да каков сецко препорачувате да се купи? Јас се мислам помеѓу овие два, со тоа што едниов сецко е поскап поради самата марка нормално, не би го користела пречесто. https://www.neptun.mk/categories/SECKO/FUEGO-MAJESTIC-CH1111B https://www.neptun.mk/categories/SECKO/BOSCH-MMR-08-R2
Јас го имам вториот bosch,го користам над 10 год.истите се ножеви уште,све е исто како од првиот ден.Го користам секојдневно,задоволна сум ептен.