Пред 2/3 дена ни стигна поклонот од старосватовите: AEG 47056VS-WN ЕНЕРГЕТСКА КЛАСА А+ СТАКЛОКЕРАМИЧКА ПЛОТНА 4 ГРЕЈНИ ЗОНИ КАПАЦИТЕТ НА РЕРНАТА 74Л 8 ПРОГРАМИ ДИМЕНЗИИ В/Ш/Д 85/60/60
Може веке сте завршиле работа, но еве мое искуство. Имаме сименс мислам дека беше, во лето е супер, но во зима водата и на најјако е млака. Мене лично тоа ми е проблем зошто секогаш се бањам со врела вода, а и на зимо секако сакам екстра топло, но нема може не е доволно јак, не знам колку вати е за да ти кажам. И уште една маана има, многу струја троши
До моќноста е. За во бања треба бојлери со поголема моќност во W. Делумно решение: Намали го протокот на вода и ќе биде потопла, но и млазот ќе биде послаб. Поради поголемата моќност привидно трошат повеќе, но трошат само додека се вклучени односно додека се тушираш, за разлика од обичните кои речиси постојано влечат струја за да ја одржуваат водата топла. Откако ставивме проточни бојлери и штедливи сијалици (warm white, не daylight) сметките речиси ни се преполовија за струја. Маана му е меѓутоа тврдата вода (во Скопје на пр.) која може да создаде бигор кој со тек на време може да го прегори греачот доколку не е изолиран. Охриѓани бидејќи имаат мека вода (вода без многу бигор) гајле немаат со проточни бојлери. Исто така важно е да се стави подебел кабел (3х3) директно од кутијата со осигурачи до бојлерот, во спротивно може да дојде до прегревање и топење на изолацијата околу кабелот за струја, не дај боже па и до пожар.
Здраво феминки, Ми треба совет, сакам да купам соковник ама не знам кој е подобар и пофунксионалан не сакам да купим некој што веднаш ќе изгори. Вие какво искуство имате со соковнице какви употребувате? Поздрав,
Мулинекс соковниците се едни од најквалитетните (имаат најквалитетни сечила). Малку се поскапи, ама можеш да ги начекаш и на намаление. Кога купувавме соковник, бараме од другиве марки, и сите ни го препорачуваа Мулинекс, малку ни беше чудно зошто прв пат слушнавме за него. Ама, сите го фалат за сечилата, и навистина е супер.
Прашав и во темата „Соковник (блендер)“, ама ај и тука да си прашам! Сакам да купам апарат со кој во исто време ќе правам сок, ќе може да го користам како блендер, како ренде (за салати-зелка,шаргарепа,цвекло,краставица...) и со кој ќе можам да сецкам (кромид, ореви...). Дали е подобро да биде 1 апарат што ќе ги има сите функции или е подобро да купам одделно-соковник, блендер, мини сецко, ренде??? Ве молам за совет!
Да, за таа цена, за се што е вклучено во него и за тоа што јас го користам најчесто е супер. Блендерот, сецкото, миксерот и соковникот за цитруси (цедалка за лимони,портокали..) се одлични. Има многу сечила (ножеви), но ретко ги користам. Најмногу плочката за рендање и таа ми е ок, а секачот за помфрит не ми се допадна. Не сум задоволна од соковникот за тврди овошја, но сепак не се работи за соковник што не е ист со обичните моќни соковници што ја имаат само таа функција. Овде има т.н. центрифугален соковник и не цеди доволно добро, ама јас и онака повеќе сакам во последно време да правам сокови во блендер така да не ми пречи.
Некакво искуство со апаратов за правење леб Gorenje BM 900W http://set.com.mk/index.php?route=produ ... t_id=65455
Домаќинки, има ли некоја искуство со оваа мини рерна? Било каква информација е добра, ако имате видено некаде или слушнато за неа, би ви била многу благодарна.
Истиов апарат го имам и можам слободно да ти кажам дека сум презадоволна. Со него освен упатствата има една книга со многу рецепти за леб и теста. Лебот е вкусен и имаш опција да го направиш со средно печена или попечена кора, со тежина од 700 или 900 грама, можеш да правиш со него слатки теста од типот милиброд и сл., а исто така има опција и само за замесување на тесто, пример за пица или кифлици, а ти самата да си ги обликуваш и печеш. Има 8 програми и многу е лесен за одржување. Мене ептен ми се наоѓа, посебно во недела навечер, кога редовно снемуваме леб, а и нема каде да се купи или кога ќе направам макало, па со тазе топло месено лебче, мх, мх, мх, мх...Топло препорачувам!
Планираме да купиме правосмукалка, но се мислиме дали да биде на вода или со кесички. Од искуство што мислите дека е подобро и која марка?
^ Вода, какви кеси, зар уште произведуваат такви правосмукалки? Ние со години наназад користиме на вода, сега брзо купивме нова и презадоволни сме. Прашина дома многу поретко бришеме за разлика од порано. Моментално имаме ваква Не беше скапа, убаво влече, само мана и е тоа што нема контрола на јачина. На старата на пример имаше бројки, па со најслаба јачина ја чистев тастатурата. Сега со оваа ако пробам да ја исчистам тастатурата, ќе ми отидат сите копчиња. Ама предноста и е во тоа што многу лесно се чисти за разлика од другата.
Јас кога разгедував по продавниците за бела техника ми рекоа дека за правосмукалките за вода се супер дека нема прашина, но ако ти се истури на пр. шеќер ќе мора да ја полниш со вода, па потоа да ја чистиш и дека доста се комплицирани за чистење. Додека со кеси го немаш тој проблем, туку ако ја наполниш кесата само ја фрлаш, повеќе нема тресење на кесата. Навистина не знам, во дилема сум.
^ Не те разбрав за шеќерот После секое смукање се чисти водата, тоа секако, затоа што се умирисува. Башка кога ќе видиш колку е гадна водата, нема ни да сакаш по втор пат да смукаш со истата. За чистење - зависи каква правосмукалка ќе купите. Претходната наша беше малку покомплицирана, ама оваа е многу лесна. Има само три пластични делови што треба да се измијат. А тие торбите колку прашина пуштаат... Па што е најлошо, ја разлетуваат прашината низ цела куќа и сето тоа го дишеме. Јас би ти препорачала на вода, некоја што е поедноставна да се расклопи. Барем сега има избор колку сакаш.
Феминки ми треба ваша помош. Сакам на сестра ми за 8 март да и купам тостер за вафли. Може да ми препорачате некој до 2000 денари и од која продавница да го земам?
А да си купите со канистер и раат да бидете. Воопшто не се комплицирани за чистење и супер си ја вршат работата. Јас имам ваква слична: http://www.neptun.mk/index.php?route=pr ... _id=196037
Вчера вечерта наеднаш ми откажа тастатурата на лаптопот моментално пишувам на приклаена. Значи си гледав филмче,пред тоа функционираше перфект и реков да видам што има на фб и јас пишувам и самата како да си типка бројки,букви итн.Значи му немам истурено вода ниту пак јадам над комп па нешто да се има некаде заглавено.За некој вирус не сум сигурна бидеќи ако беше вирус немаше да можам ниту оваа додатната тастатура да ја користам...Ново ми е компјутерчето,ми се плачи ми се корни
И јас би ти препорачала правосмукалка со канистер.Имам од Филипс по цена од 12.000 ден. што не е малку,ама задоволна сум,а и лесна е за одржување.