Јас користам машина за перење на алишта од Беко и сум презадоволен. Би требало да е исто и со таа за садови.
Само Беко имав, и првата и сега оваа што ја користам. Првата ми траеше шест години, вторава веќе деветта година тера, задоволна сум.
Најдов Вивакс апарат за вафли 900W на пола цена, сакам да го земам, дали го има некој, дали е добар? Дали е доволно од толку волти? Ми треба мал некој практичен, ептен сум кнап си простор во кујната.
Препорака за добра електрична скара? Одамна имав земено од сетек не знам точно која фирма беше, катастрофа. Тиквички не можеше да испече а не месо.
Ако сакаш бренд земи Горење, Искра. Или пак Фуего од Нептун, цените им се ниски а и производите убави квалитетни.
Горење не постои повеќе како таква фирма. Ги купија кинезите и сега се Хајсенс. Иначе имам зборувано со другари што работат во големите салони за техника и викаат подалеку од оваа фирма. Веќе не се тоа што беа откако ги купија.
Што и фали на Кина? Иначе Хајсенс е еден од најголемите производители на електроника и бела техника посебно телевизори.
Се согласувам и јас за Горење, дека новите произвводи се катастрофа, а и од фуего исто така не сум баш нешто задоволна
Јас го имам Долче густо, пред 6 години е купен од Нептун, не знам дали има таков модел веќе. Мислам дека околу 3000 денари го купивме. Мал е не зафаќа голема површина. Капсули користам од Кам тие на фиеста што се, компатибилни се за него, не мора баш тие на Долче густо да се користат, и мене баш ми е убаво еспресото.
Сакам да купам миксер меѓутоа во истиот да може да се прави тесто. Дали имате препорака за некој? Ги гледав овие два. https://www.neptun.mk/categories/mikseri/TEFAL-HT-312138 https://www.neptun.mk/categories/mikseri/BEKO-HMM-62444-W
Види ги на Muhler има низ некои од продавниците,го имаме купено пред неколку години малечок е ,не фаќа многу место,маста му ја извадовме гајле нема,а го земавме на некој попуст последен беше во Техномаркет.
Слаби ти се овие за тесто, подобро инвестирај во мултипрактик со поголема моќност. Јас имам на Тефал, само ги немам додатоците како блендер и машина за мелење месо, оти тоа веќе го имав, а ми требаше нешто за месење тесто, оти си правам домашни јуфки и понекогаш тарана. Мултипрактикот е топ, иако собира до 500 г брашно максимум, и со повеќе сум го тестирала, работи супер со тесто. Ама одлично мати и кремови, теста за пандишпан, путер колачи и генерално секаков тип на благо. Овие миксери како на сликава работат со помала количина и не се толку стабилни кога работиш со тесто.