За иста цена гледам и Самсунг, по мене исти се . Затоа барам совет , кој е подобар. SAMSUNG UE55CU7092UXXH Сетек - се од техника
Dobro vecer Sakam da zemam toster za vafli-e sega se mi faka oko ovoj https://www.neptun.mk/categories/tosteri/FUEGO-Y-8601-Waffle .Dali e dobar?Da ne bide propadnati pari?
Дали некој го има овој тостер за вафли, дали сте задоволни? Или ако не тој сличен бар? https://www.alfi.mk/shop/products/sku-164691
https://www.delimano.com.mk/delimano-kitchen-robot-pro-sma Дали го има некој роботчево за кујна? Го добив на подарок уште не знам како се користи сакам викендов да го испитам ама ако имате некои tips&tricks да ми споделите.
Не го купивме, добив на подарок од мм слична замена, Ариете миксер. Инаку да, имаш три типа на маталки за ваквите миксери (роботи) за филови и за тесто. Све матам со нив нема гајле, путер посебно неколку минутки е само потребно. Само поцврсти ствари на помала брзина на почеток ги пуштам.
^Дали робот миксерот и кај вас тестото го меси на послаба брзина на двојка? Кога почнав да го користам не знаев дека за месење е така, на најјако оно бучи, мириса на изгорено, јас упорна Многу работа за месење ми врши, ќе го сменев досега за појак ама бојата мнигу си ја сакам пастелна ми е и ми одговара многу на кујната Дали кај нас има специфични бои на робот?
Да, да, тестото и јас го ставам на помала брзина. И јас како тебе првиот пат на појако го пуштив со тесто и оно само ми се исклучи, викам толку значи од миксеров, му излезе душата Маста му ја извадив за тесто за кифлички и за пица, а и на самиот робот кај брзините има сликичка која маталка со која брзина максимално да се користи. Ова кукава за тесто е со сликичка на брзина број три. Го пуштам тестото на единица пример 3 минути, па после зголемуваме на тројка 3 минути да меси. По потреба исклучувам, додавам што треба во садот, па пак ќе уклучам ама пак на слаба брзина. Сладолед на пример кога правам или нешто апла потечно тогаш вклучувам максимална брзина, секако со соодветната маталка.
Кај мене немаше означено, па барав во упатството, добро е значи кај сите е така Ова и стик правосмукалката ми се втори десни раце, многу ми олеснуваат животот