Овој миксер го имам https://www.ariete.net/en/product/ariete-positano-mixer-1588 Купен е од Ананас, едно време и во Сетек го имаше, ама веќе не можам да го најдам на ниедна страна каде се продава. Мене ми врши работа, јас сум задоволна, теста месиме во него, торти кога правам ми е од голема помош, сладолед последниов период исто миксирам... Само овој нема додатоци за него, мислам не доаѓа со опции како на пример Kitchen Aid што има за паста, мелница за месо, блендер.... Ама сега за сега ми е супер, во иднина можеби и би купила некој со опција за додатоци.
Дали знаете зошто пералната не и работи центрифугата? Пукнав денес, 3 пати ја вракам и ништо полни со вода алиштата Дали треба нешто да исчистам, да отворам?
Здраво, да не го има некој овој airfryer да сподели искуство и дали е океј маркава ST. Го праќам како линк бидејќи не ми се прикачува слика. https://www.setec.mk/products/st-af-3546d-zh-1
Сфатив дека во домот ми треба тостер. Дали може да ми препорачате некоја марка од којашто сте задоволни, не ми треба голем тостер, нешто помало, ама да си брка работа?
Јас иам Fuego помал таа марката на Нептун итоа на шала го зедов ефтин беше итоа од Кам на акциската И еве го предобар е, скоро 2 години и убаво ги прај тостојте а претходно имав поскап не знам шо марка беше една од познативе итоа со повеќе функции на тоа плотните да правиш нз какви чуда и не го биваше ни за тост а не па за друго и плус брзо прегоре