Женски да не знаете каде има да се купи Liv Aquafilter 2000 правосмукалка? Многу ми ја пофалија, па ја барав на интернет страниве од нептун и техномаркет, ја нема таа марка... има некој некоја информација?
Ако си од Скопје провери во продавницата за апарати за домаќинство на југодрво. Одма до олимписки базен во зградата гледа на самата улица. Не ми текнува сега како се викаше. Ја имам гледано кај нив на излог. Инаку за самата правосмукалка мајка ми ја има. ја користиме можеби 5 години. Мислам дека е една од првите на вода што излегоа, и одлично си ја врши работата. Но малку е гломазна. Гломазна за чистење но и за чување. Има сега многу по компакни, по нови модели со поголема јачина и полесни за ракување.
^ хммм.. а гледав и фаворит шо е слична со оваа шо ја барам... ај ќе прашам утре во техномаркет да видам
Фаворит се со сигурност, имам јас Знам во Прилеп кај има, ама не верувам ќе ви е од помош Иначе правосмукалката е одлична, работата си ја врши беспрекорно со години, само маана и е како што рече феминката пред мене, поголема е и тешка, и додуша бучи малце отповеќе
Ajde da cujam soveti od domakinki sto upotrebuvaat mikro! Osven za podgrevanje,za sto drugo gi koristite?Jas imam doma edna ama retko ja koristam,a bi sakala da pocnam da gotvam cat pat vo nea.Dajte nekoj predlog,sovet?!
Прашав во темата за Делимано производи, ама ај и тука да си прашам. Го има ли некоја Delimano Clarity chopper – Кујнски сецко? На 50% попуст е (од 1.800 ден. е намален на 900 ден.), па ме интересира како сте задоволни?
Да ти кажам и јас размислувам дали да го купам. Само многу малецок ми изгледа. Дечкото на "мои рецеоти" мелеше двопек во него и му собираше по две кришки внатре. Да не испадне после џабе парите само како украс да ми стои ако за да направам нешто треба малку по малку да ставам.
јас ја имам таа правосмукалка многу е добра и преубаво чисти купена ми е директно од центро унион од ск незнам точно да ти објаснам кај се наоѓа
Нешто темава е пасивна, ама се надевам ќе се погоди некоја феминка да сподели мислење. Дали некоја од вас има пекач за леб. Или поинаку Bread maker, home bread maker и слично. На нет имам разгледувано на Kenwood i Severin, но тоа се некако ко за на западен пазар ми стои. Не за друго туку дека тешко би нашла такво ваму. Значи Дали некоја од вас има пекач за леб? Како е задоволна од него? Дали е лесен за користење и одржување?Колку се движат цените? Како е на потрошувачка на струја?Дали лепчето е убаво и меко?Колку дена би траел лебот од ваков пекач, пред да се стврдне, односно да биде соодветно за употреба? Благодарам однапред
Јас истото го прашував ама во кулинарски идеи мислам дека и едно чудо позитивни одговори добив. Потоа отидов да си земам и стварно се што ме советуваа излезе дека е точно. Најпрактичен кујнски апарат во однос на многу работи: - 12 програми за печење (меѓу кои за правење џем/мармалад, тесто и леб со секакви вкусови и мирудии) - тајмер кој ти овозможува во 8 саат сабајле топло лепче - лесен за одржување - достапни цени (има дури и од 4.000 ама во рамстор маркетот, јас сепак би ти препорачала да купиш од специјализирана продавница) - според мене најдобрата можност е што конечно можам асален леб да јадам. Без глутен, без боја и без вештачки додатоци кои го прават лебот јестив и после два-три дена. Ова лепче е помало во однос на сомунот од продавница меѓутоа и далеку поздрав и повкусен. Мојот пекач е со помал калап зошто сме само двајца, но ако сте повеќе можеш да купиш и за поголем леб. Сега веќе го има во сите поголеми маркети, само пак ќе ти кажам, купи си го поскапо целосно ќе ти се исплати. Леле како го изрекламирав
Дали некоја од вас има шпорет на плин, значи не комбиниран туку целосно на плин дури и релната што му работи на плин. Ако има тогаш ќе ве молам да ми кажете како сте задоволни од него, на колку време се троши плинот и сл.
Ние имавме комбиниран шпорет, ринглите половина на плин половина на струја, рерната беше на плин, но моите поле некое време ја адаптираа на струја и не беа нешто многу задоволни па го заменивме. Ама ова беше пред многу години, така да за денешниве незззз што да ти кажам.
Домачици ај препорачајте ми функционален и практичен соковник. Не сакам многу гломазен да не можам да го исчистам, мене меџик булет ми го пофалија... Вие што ќе препорачате?
Би ти го препорачала Нутрибулет. Спојлер http://www.topshop.com.mk/dom-kujna/kategorii-za-domot/gotvenje/nutribullet.html Не е класичен соковник, ама предобар е. Може да ти направи сок (густ, можеш да додеш повеќе вода за потечен) од продукти шо инаку не можеш да ги претвориш во течност. Ние го имаме на работа, си правиш смути од спанаќ, некое овошје и бадеми, лешници, ленено семе и сл. Ќе додадеш млеко, јогурт итн. Значи сето ова ќе го испиеш и ќе ти биде вкусно а еден по еден нема шанси да ги конзумираш. И плус, ептен е лесен за миење, само чашката и ножот (капачето на чашката). Отвори го линкот па ќе ме сфатиш поубаво А со соковник можеш само да исцедиш сок од одреден број на продукти и плус тешки се за миење. Ама ако си ептен за соковник, би ти го препорачала Fusion Juicer од Delimano. Спојлер http://www.delimano.com.mk/elektricni_uredi/sokovnik_fusion.html
Денес купивме нова машина за перење алишта и затоа што мајка ми не е навикната на нова туку на старата и мисли дека треба да работи како старата. Е сега си имаме проблем се го прочитавме упатството и ја уклучивме како што треба на 90степени но не ни беше јасно зошто програмерот не се врти па сами го вртевме и само 2 пати испушти вода со тоа што вториот пат сами ја уклучивме на цинтрифуга и исфрлање за водата ... ако може некој да ми објасни како функционираат зошто многу се изнервиравме
Е така. барав некој кој ќе можам да го прашам во врска со апаратите за домакинство и еве најдов. Еден куп домакинки на едно место. Супер. Еве го и моето прашање: дали некој има купено правосмукалка која сама си мети по дома. Ако има, го моооолам да го сподели своето мислење. Дали мети убаво, дали бери и покрупни жубренца, дали троши многу струја и сл? Фала