1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Апарати за домаќинството

Дискусија во 'Дом' започната од Trendafilka, 2 октомври 2011.

  1. LilAnd

    LilAnd Нов член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0

    Булет експрес или маџик булет го имаме дома веќе неколку години. Го користам секој ден и феноменален е. За неколку минутки имаш преубав сок. Го цеди сокот до последна капка. Ние правиме класичен сок од едно цвекло, две-три јаболка, два-три моркови, еден лимон и еден портокал. Потоа во таа смеса му додавам и малку вода, за да не биде премногу концентриран. Финтата кај одржувањето е само да го измиеш веднаш штом го направиш сокот, бидејќи ако малку го оставиш се засушуваат состојките па потешко се чисти. Затоа, одма под млаз вода и чист е за пет секунди.
     
  2. kiki-riki

    kiki-riki Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    117
    помош, во последно време во машината за миење садови кога ке ги извадам чашите изгледаат цели како да се изгребани и полни со прашина (немам менувано ни таблети ни начин на работа)
     
  3. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Вчера приметив дека машината за перење алишта не ми го влече омекшивачот. Прашакот го влече целосно, ама омекшивачот (пошто е во друга преграда) не го влече.
    Некој совет?
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.428
    Допаѓања:
    200.992
    Пол:
    Женски
    Провери ја фиоката да не ти е затнато дупчето кај што треба да тече. Измиј ја и исчисти ја убаво и пробај пак. Имаш ли програма само за омекнувач што е? Ако имаш, пробај само со неа, стави омекнувач и види дали овој пат ќе го земе, со исчистена фиока се разбира.

    Немам искуство со ова, пошто омекнувач скоро и да не користам, само алкохолен оцет. Фала Богу, никогаш не сум имала проблеми од ваков тип откако користам оцет наместо омекнувач.
     
  5. sonce555

    sonce555 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2014
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    Ти мирисаат после на оцет или не? Купуваш некој убав прашак што дава миризба или? Ме заинтересира оти прв пат слушам некој така да прави... позз :)
     
  6. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    и јас правам така и алиштата не мирисаат на оцет туку напротив помеки се отколку со омекнувач кога ги перам
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.428
    Допаѓања:
    200.992
    Пол:
    Женски
    Воопшто не мирисаат на оцет. Си мирисаат на прашокот или детергентот, зависно какви алишта перам. И да, многу се помеки отколку со омекнувач. Ама јас заедно со прашокот ставам сода бикарбона, заедно со оцетот е одличен борец против бигорот во машината, ја омекнува водата.
     
    На Mama25 и sonce555 им се допаѓа ова.
  8. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.777
    Допаѓања:
    100.036
    Пол:
    Женски
  9. MiA-1

    MiA-1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    25
    Здраво домакинки! :) Ние си го реновираме новиот стан и треба да си го опремиме комплет, со сите апарати, па би ве прашала од искуство да ми кажете за марките на фрижидери, машина за садови, машина за алишта, шпорети ... како сте задоволни од вашите!?
    Околу шпоретот се мислам дали да си земам со рамна плоча ... Некое искуство???
     
  10. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    @MiA-1 Тоа како ќе го уредиш станот зависи најмногу од финансиските можности и вкусот.:cash:
    Јас би те советувала да гледаш која енергетска класа ти се апаратите, гаранцијата и достапноста на резервни делови. Пр. Whirlpool се добри машини за перење алишта, но доколку се расипе некој дел, набаката на истиот ќе те чини исто како нова машина или не е возможна поправка воопшто. Истото важи и за плочата и рерната од Whirlpool. Имаме фрижидер Samsung и телевизор втор исто од Samsung. Фрижидерот е 13 години стар, задоволна сум, доколку се расипе повторо би купила од истиот производител. Машината за перење алишта беше Whirlpool со горно полнење, ама во последно време често се расипуваше (уште работи) и ја сменив со Gorenje за енергетски поефикасна. Следно кога би купувала таков апарат прво и основно нешто при изборот ќе ми биде квалитетот од страна на енергетската класа.
     
  11. delvi

    delvi Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам што е разликата мегу пасатор и блендер и кое е подобро да го имаш..мене ми делуваат како иста функција да имаар Чж:^)
     
  12. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    @delvi Пасаторот си е пасатор, а блендерот може да биде и пасатор и блендер. Според мене блендерот е поубав, зошто си има свој сад и со него може да сецкаш секакви работи и не прска храната надвор.
     
  13. sonce555

    sonce555 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2014
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    женски, ми треба совет :) разгледував по темата видов многу мислења за блендери и пасатори....јас лично сакам да купам блендер , бидејќи почнав со здрава исхрана, и во главном ми треба за правење смуди.Ама нема да биде лошо тој да може и да сецка ке ми се најде и за други работи...Ќе ми биде корисен ставаш млекце, овошје, мусли и ете доручек, а воедно да се најде и за сецкање кромид и сл...не знам каков да одберам, ве молам за помош :D до 1500ден. да биде.
     
  14. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    @sonce555 Имам блендер и од Тефал и од Ронсон и има огромна разлика. Од Тефалот сум презадоволна, иако работи со едно сечило, (другото ми се скрши), а Ронсонот иако е нов не го користам, не само што не сецка убаво, туку и претекува доколку мешаш нешто течно.
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На sonce555 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.132
    Допаѓања:
    13.429
    Пол:
    Женски
    Фрижидер и машина за сушење алишта на Беко, ги начекав на попуст така ги земав инаку скапички ми се. Добро е што имаат 5 години гаранција.
    Машината за перење на Горење ми е и сум задоволна.
    Додека другите апарати како плотна, фурна, машина за садеви ми се на Quadro за тие цени со добар квалитет. Само на плотната ми се појавија дамки што ми подлизува зејтин тоа не ми се допаѓа-ама претпоставувам кај сите така прави?
     
  16. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    феминки имам потреба од моп, значи барам што чисти се и прозори и плочки и паркет. Го имам видено во една сосетка овој од топ шоп, но за жал веќе го нема. дали знаете/имате видено нешто слично. [​IMG]
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.428
    Допаѓања:
    200.992
    Пол:
    Женски
    @friendy, дали ова на Тефал ќе ми измеле јаткасто овошје ептен ситно како да е со машина мелено? Јас се двоумам дали да си купам пасатор или блендер, сецко имам. Ако веќе купувам пасатор, би зела појак, од 700 W, ама ако ова погоре меле ептен ситно (да речеме хумус или некој сличен намаз да направам без грутки), би го зела ова. Многу ќе ми помогне искуството.

    @Zaljubena111 , друг ваков моп нема во Топ Шоп? Ровусот или Шаркот не се вакви? Иначе и јас имам ваков зелен моп Х2О, само бањата ја чистам со него, супер ми е, засега врши работа. За друго не би ти препорачала, оти многу вода испушта. Не е како на рекламата баш.
     
  18. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    @Annath Меле ситно да, само кога е во помали количини, сепак не може да стане ептен ситно (прав) како од машинките за кафе мелење, сепак е тука некаде. Мојов е 1000 W и го користам повеќе од 10 години, сега последнава и со едно сечило ми врши работа. Со него мелам ореви, бисквити, тиква (наместо да рендам), сецкам мраз, кромид и се што се сецка.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.428
    Допаѓања:
    200.992
    Пол:
    Женски
    А намаз без грутки прави? Или не си пробала? Мене за тоа ми е најмногу, пошто си сакам сама да си правам такви работи. Затоа прашувам. Гледав јас на веб страниците на продавнициве за бела техника, ми се штукна умот од толку пасатори и блендери и на крај ништо не одлучив. Знам дека Витамикс е најдобар, ама не ми се даваат 1000 еврејчиња за него...
     
  20. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Без грутки да, само ако состојките се малце подварени или природно меки (пр. банана). Морковот суров не го прави пире, доколку е варен да. Сепак треба да се додаде малце течност за да стане пире или намаз.
    За цената, мислам дека 1000 € е премногу за таков апарат. Да се занимавам професионално со готвење и да заработувам пари од него би го купила - само во таков случај. Практичен тип сум! Поздрав!
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.