Обожувам вафли. Би сакала да најдам убав апарат. Гледав во нептун. Не знам колку отприлика коштаат и дали да купам од 2-3 илјади денари, или сепак квалитетните коштаат повеќе.
И јас го зедов истиот и мислев дека не е во ред дека слабо пече, бидеќи во упаството пишува дека за 3-4 минути се готови.
Нема шанси за толку брзо. Не ми ни има логика. Јас па не сум загледала што пишува во упатството Мафините побрзо ми излегуваат за 7-8 минути се готови.
Јас сакам вафли, ама не знам дали е до апаратот само два пати ми излегоа како што треба, останатите 2, 3 пати останаа залепени на плочката. Сега не ми се ризикува да ги правам пак, кога се исполепи не се чисти ни за жива глава. На почетокот се мислев дека ми е до рецептот ама сега мислам дека се неквалитетни плочките за вафли.