Здраво мамички.... Ајде да видиме каков беше Апгар скорот кај вашите најмили... Би сакала да го споделам моето искуство.... Имав тежок пораѓај кој што мораше да заврши со вакуум, за да биде уште покомплицирано во плодовата вода имало мекониум и моето бебенце голтнало од неа, при што беше во инкубатор неколку денови со многу низок Апгар на раѓање 1/3/5. Би сакала да ве прашам дали има некој со вакво или слично искуство и дали нискиот Апгар би имал влијание понатаму во развојот на моето малечко...?
Сега ќе се испотепаат мајките да се пофалат која имала подобар апгар Искрено незнам зошто нас ни е важно ова, важно е само да се живи и здрави бебенцата.
Јас незнам колкав им бил апгарот на моите. Не ми текнало ни да ѕирнам, валда пишува на картончето. Исто незнам точно време на рагање, ни матичен број на памет. А мм знае се ова
Мене искрено ми беше битен апгарот на бејби поради ХХ причини. Башка колку бев испаничена нешто да не му е и да не треба да лежи во инкубатор и остане, а мене да ме пратат сама дома така да дури и на пораѓај чекав да ми кажат Прва минута 9 По 5минути 10
8 родено и после 5 минути пак 8. Не заплаче одма, не дишеше како што треба и затоа е ваква оцената. Живи и здрави да се. Апгарот е најмалку битен ако бебето напредува како што треба потоа.
Леле јас за овој поим прв пат прочитав сега Сорите што не сум многу информирана, ама никогаш не сум се замарала се да научам.А и кога ми кажаа во болница бебето е здраво , супер рефлекси , нема што да му ја мислам. Сега видов во книшката пишувало ама сум мислела некој медицински изрази Нашите бројки се 9/10/10 се надевеам дека се добри
Па демек 10 е најдобро. Како реагирало според нивни педијатриски референтни вредности.. Кога ќе се роди и после пет минути...мада за во иднина ништо не значи тоа.
Ова е алатка само за медицинските лица да увидат веднаш дали треба да му се пружи помош на новороденчето. Се оценува активност, пулс, боја на кожа, дишење и рефлекси ми се чини, или плачење. Се изведува една минута по раѓање и потоа пет минути за да се увиди каква е состојбата. Со првиот тест што е на една минута гледаат дали треба веднаш да се реагира, мислам дека од седум нагоре беше океј, инаку можеби е потребна некаква помош. На babycentar има убаво објаснување. Моето беше седум, по пет минути осум или девет ми се чини.
Мене не ми е јасно и двете 8/9, а второво беше комплицирано после раѓање на кислород ставено и дупла доза антибиотик, поради тоа што се изнапи исто мекониум и плус вдишано имаше. Може отпосле се комплицирало... Првото 8/9 мислам поради кожата, модар беше цел и белкото во очињата му беше црвенко...обеле по една недела. @Kitten обратна работава, ке се испожалиме кое понизок имало поради неубави пораѓаи Море битно нека се живи, здрави цел живот.. првата оценка баш и нема никаква врска со здравјето понатака.. според мене.
Oчигледно кога го вдишила мекониумот побрзо реагирале и затоа поминала само со антобиотици кај мене се претпоставува дека ја вдишала подолг временски период. Апгар претставува првиот тест на новороденчето што се спроведува веднаш по самото раѓање во родилната сала. Целта на апгар тестот е проценка на здравствената состојба на новороденчето со цел да се увиди потребата од итно реагирање во случај кога состојбата на новороденчето тоа го бара. Апгар тестот претставува проценка на 5 важни витални параметри: боја на кожа, дишење, срцева акција, тонус на мускулатурата и рефлексен одговор при дразба (аспирација на дишните патишта по самото раѓање). Најчесто апгар процената се прави двапати, во првата и петтата минута по породувањето. Во случај кога резултатите на апгар тестот се ниски се спроведува и во 10. минута или 15. минута. Во зависност од моменталната состојба, овие параметри се бодуваат со 0,1 и 2. Со тоа, највисоката Апгар оцена или „Apgar score“ за новороденчето е 10. Бебињата кои во проценката спроведена во 5. минута имаат апгар оцена над 8, се сметаат за витални. Новороденчињата со низок апгар бараат посебен мониторинг на виталните знаци и лекарски надзор најмалку 24 часа по раѓањето. За првпат апгар тестот е направен во 1952 година од страна на анестезиологот Вирџинија Апгар. На кој начин се добиваат оцените и што значат тие можете да видите од табелата : Апгар оценка 2 1 0 Боја на кожа Розова Розова, екстремитети сиви Бледа, сива Пулс Нормален (над 100 во минута) Помалку од 100 пулсирања во минута Не се регистрира пулс Рефлекси при дразба Кива, кашла Прави гримаса Нема одговор при дразба Мускулен тонус Активен, спонтани движења Ослабен тонус, мала подвижност на екстремитети Млитав, нема движења Дишење Нормално дишење, силен плач Бавно, нерегуларно дишење, слаб плач Не дише, нема плач
Da se falam? 10ka bese Sala na strana, prasanjeto na clenkata e drugo ama neli zeni mora da si kazeme sto ni lezi
Вредноста на апгар скорот нема влијание врз понатамошниот развој на бебето. Ако имало низок апгар и ако се реагирало на време и ако се презеле сите потребни мерки, бебето си е како и останатите бебиња со повисок апгар скор на испуштање од болница. Така што, мислам дека немаш причина за грижа во однос на развојот на малечкото. Моите беа првото 8/9, второто 7/8/9 - првото со јазол во папчаникот, второто со свиткан папчаник под пазува на десната рака и околу вратот. Двете цезареи, со тоа што првото беше итен случај, поради заматена плодова вода, за среќа не вдиша од мекониумот.