1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Апгар скор кај новороденче

Дискусија во 'Бебе' започната од S.kiki, 5 јануари 2018.

  1. S.kiki

    S.kiki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Здраво мамички.... Ајде да видиме каков беше Апгар скорот кај вашите најмили...
    Би сакала да го споделам моето искуство.... Имав тежок пораѓај кој што мораше да заврши со вакуум, за да биде уште покомплицирано во плодовата вода имало мекониум и моето бебенце голтнало од неа, при што беше во инкубатор неколку денови со многу низок Апгар на раѓање 1/3/5. Би сакала да ве прашам дали има некој со вакво или слично искуство и дали нискиот Апгар би имал влијание понатаму во развојот на моето малечко...?
     
  2. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Сега ќе се испотепаат мајките да се пофалат која имала подобар апгар :D

    Искрено незнам зошто нас ни е важно ова, важно е само да се живи и здрави бебенцата.
     
    На Pacient srna, happygirl, zalosna и 12 други им се допаѓа ова.
  3. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Јас незнам колкав им бил апгарот на моите. :D Не ми текнало ни да ѕирнам, валда пишува на картончето. Исто незнам точно време на рагање, ни матичен број на памет. А мм знае се ова :D
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Гарант! :)

    Мојто беше 9, па по 5 мин 10 :) Немаме чиста оценка :)
     
    На iki26, fina erika, duffi и 3 други им се допаѓа ова.
  5. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.630
    Допаѓања:
    104.400
    Пол:
    Женски
    Мене искрено ми беше битен апгарот на бејби поради ХХ причини.
    Башка колку бев испаничена нешто да не му е и да не треба да лежи во инкубатор и остане, а мене да ме пратат сама дома ;( така да дури и на пораѓај чекав да ми кажат :(

    Прва минута 9
    По 5минути 10
    :whew: :whew:
     
    На mal.ecka, girl-miri, iki26 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.756
    Допаѓања:
    72.668
    Пол:
    Женски
    8/9 и двете.. :)
     
    На iki26, fina erika и emkaemka им се допаѓа ова.
  7. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    8 родено и после 5 минути пак 8.
    Не заплаче одма, не дишеше како што треба и затоа е ваква оцената.
    Живи и здрави да се. Апгарот е најмалку битен ако бебето напредува како што треба потоа.
     
    На Momichka, eli25, iki26 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.512
    Допаѓања:
    32.645
    Пол:
    Женски
    Леле јас за овој поим прв пат прочитав сега:$ Сорите што не сум многу информирана, ама никогаш не сум се замарала се да научам.А и кога ми кажаа во болница бебето е здраво , супер рефлекси , нема што да му ја мислам. Сега видов во книшката пишувало ама сум мислела некој медицински изрази:lol:
    Нашите бројки се 9/10/10 се надевеам дека се добри :?:
     
    На mal.ecka, iki26 и emkaemka им се допаѓа ова.
  9. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.142
    8/9. Јас искрено не знам што значи тоа. Добро е?
     
    На emkaemka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.847
    Пол:
    Женски
    8/9
     
    На emkaemka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Па демек 10 е најдобро. Како реагирало според нивни педијатриски референтни вредности.. Кога ќе се роди и после пет минути...мада за во иднина ништо не значи тоа.
     
    На Black girl, iki26 и emkaemka им се допаѓа ова.
  12. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.777
    Пол:
    Женски
    Јас не знам што е ова:tmi:
    Кај пишува да барам?8-|
     
    На mal.ecka и fina erika им се допаѓа ова.
  13. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.756
    Допаѓања:
    72.668
    Пол:
    Женски
    Во картончето би требало да пишува... во тоа што го даваат на испуштање..
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Ова е алатка само за медицинските лица да увидат веднаш дали треба да му се пружи помош на новороденчето. Се оценува активност, пулс, боја на кожа, дишење и рефлекси ми се чини, или плачење.
    Се изведува една минута по раѓање и потоа пет минути за да се увиди каква е состојбата. Со првиот тест што е на една минута гледаат дали треба веднаш да се реагира, мислам дека од седум нагоре беше океј, инаку можеби е потребна некаква помош. На babycentar има убаво објаснување.

    Моето беше седум, по пет минути осум или девет ми се чини.
     
    На mal.ecka, buba4e89, iki26 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.518
    Пол:
    Женски
    На отпусната листа или картончето пишува Апгар скор
    Кај мене беше 1 се изнапи мекониум.;(
     
  16. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.756
    Допаѓања:
    72.668
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е јасно и двете 8/9, а второво беше комплицирано после раѓање на кислород ставено и дупла доза антибиотик, поради тоа што се изнапи исто мекониум и плус вдишано имаше. Може отпосле се комплицирало...
    Првото 8/9 мислам поради кожата, модар беше цел и белкото во очињата му беше црвенко...обеле по една недела.
    @Kitten обратна работава, ке се испожалиме кое понизок имало поради неубави пораѓаи :D
    Море битно нека се живи, здрави цел живот.. првата оценка баш и нема никаква врска со здравјето понатака.. според мене.
     
    Последна измена: 5 јануари 2018
  17. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.518
    Пол:
    Женски
    Oчигледно кога го вдишила мекониумот побрзо реагирале и затоа поминала само со антобиотици кај мене се претпоставува дека ја вдишала подолг временски период.

    Апгар претставува првиот тест на новороденчето што се спроведува веднаш по самото раѓање во родилната сала. Целта на апгар тестот е проценка на здравствената состојба на новороденчето со цел да се увиди потребата од итно реагирање во случај кога состојбата на новороденчето тоа го бара. Апгар тестот претставува проценка на 5 важни витални параметри: боја на кожа, дишење, срцева акција, тонус на мускулатурата и рефлексен одговор при дразба (аспирација на дишните патишта по самото раѓање).


    Најчесто апгар процената се прави двапати, во првата и петтата минута по породувањето. Во случај кога резултатите на апгар тестот се ниски се спроведува и во 10. минута или 15. минута. Во зависност од моменталната состојба, овие параметри се бодуваат со 0,1 и 2. Со тоа, највисоката Апгар оцена или „Apgar score“ за новороденчето е 10. Бебињата кои во проценката спроведена во 5. минута имаат апгар оцена над 8, се сметаат за витални. Новороденчињата со низок апгар бараат посебен мониторинг на виталните знаци и лекарски надзор најмалку 24 часа по раѓањето.

    За првпат апгар тестот е направен во 1952 година од страна на анестезиологот Вирџинија Апгар.

    На кој начин се добиваат оцените и што значат тие можете да видите од табелата :



    Апгар оценка
    2
    1
    0


    Боја на кожа

    Розова

    Розова, екстремитети сиви

    Бледа, сива

    Пулс

    Нормален (над 100 во минута)

    Помалку од 100 пулсирања во минута

    Не се регистрира пулс

    Рефлекси при дразба

    Кива, кашла

    Прави гримаса

    Нема одговор при дразба

    Мускулен тонус

    Активен, спонтани движења

    Ослабен тонус, мала подвижност на екстремитети

    Млитав, нема движења

    Дишење

    Нормално дишење, силен плач

    Бавно, нерегуларно дишење, слаб плач

    Не дише, нема плач
     
    Последна измена од модератор: 5 јануари 2018
    На Peperutka-bt, LiliBoz, Lolipop23 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.211
    Допаѓања:
    13.861
    Пол:
    Женски
    Никој не ми кажал тоа...Кај пишува?
     
  19. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.027
    Допаѓања:
    40.193
    Da se falam? 10ka bese :rofl:

    Sala na strana, prasanjeto na clenkata e drugo ama neli zeni mora da si kazeme sto ni lezi (fingers):P
     
    На kukla21, mariz и LiliBoz им се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Вредноста на апгар скорот нема влијание врз понатамошниот развој на бебето. Ако имало низок апгар и ако се реагирало на време и ако се презеле сите потребни мерки, бебето си е како и останатите бебиња со повисок апгар скор на испуштање од болница. Така што, мислам дека немаш причина за грижа во однос на развојот на малечкото.

    Моите беа првото 8/9, второто 7/8/9 - првото со јазол во папчаникот, второто со свиткан папчаник под пазува на десната рака и околу вратот. Двете цезареи, со тоа што првото беше итен случај, поради заматена плодова вода, за среќа не вдиша од мекониумот.
     
    На do-re-mi, emkaemka и mariz им се допаѓа ова.