Мене не ми ни кажаа дека е изваден ( царски бев) се дур не заплаче. Кога заплака докторот ми рече дека имам здраво машко бебе. А јас ко што бев у полусвесна состојба богами не ни осетив дека го извадиле..
По табели од нет не се водам, а според сите гинеколози што ги познавам, со 37 полни се влегува во 9 месец. Со закажан царски ги пораѓаат во 38, 39 недела, само ептен ако се нема избор, тогаш порано. 9 месец како и сите други, трае по четири недели, не може да биде пет недели. Ако е толку проблем сметањето на неделите, за полесно сметајте за прв месец од денот на доцнење на циклус, а не од прв ден на последна менструација. Така е пологично.
@LiliBoz моево беше многу горе, главчето кај папокот, а резот долу под линија на гаќи. Едвај го извадија, си шептеа докторите кај да фатат, ама свесна бев се и многу брзо делуваа. Е после ко успеаа да го извадат беше тишина во салата и сфатив дека не заплаче веднаш и притисок и пулс ми се крена, анестезиологот мораше да делува. Знам дека му правеа нешто и прво малку звук испушти, па почна да плаче и тогаш ми го ставија на мене. Мислам поради тоа е таква оценката.
види ако не заплаче одма не е толку страшно. може има голтнато плодова па да го испираат и потоа са заплаче.. мојов и имаше светло сини рачиња место розева боја па и тоа влијае на оцената. како и да е сега нека се супер, ние тоа се ќе заборавиме..
A kako se odreduva? Doktorot spored negova procenka ili ima nekoj poseben aparat? Zosto neli ako e pedijatarot sekoj pedijatar razlicno, za nekoj mozebi ke e 7 za drug 9
Па зар не осети кога го вадеа. Тоа ми беше баш језиво. Незнам како да го објаснам. Ме дрмаа цела, како влечеа бебе и мене ме влечеа, ко да ми кинат нешто од мене, а болка нема, само знаеш дека ти го прават.
Сите така велат што биле свесни, да Но јас се изгубив поради пренизок притисок. Бев свесна ама не бев целосно. Тек кога плачот го чув како сила некоја да ми даде, памтам прв пат кога го видов.. Памтам како ме гледаше со очињата и како се смири кај мене на лице.. Ама моментот на вадење не, не го памтам.. едит. памтам језиво ми беше кога ме бришеа на крај како роштиљ ме вртеа на масана хахаха
Моите се 8/8, 37 недела породена и ги сметаат за предвремено родени. 5дена во инкубатор, можеби ќе беа и 3, ама фатија жолтица па ги оставија уште два.
Видов и јас, 8 и 9 има, а зшто кај некои имате три оценки? И пак не ми е јасно што значи осмицата што деветката....
8 е оценка на параметрите во првата минута по раѓање, а 9 во петтата минута по раѓање. Третата оценка е во 10та или 15та минута.