Пишува ли во мајчината книшка или не? Да видам и јас, и како пишува на германски мислам зборот како е? Инаку и јас прв пат слушам за ова.
Видов сега го најдов, кај мене во мајчината книшка пишува. Една книшка е овде и за мајката и за детето. Во 1 та минута е 9 Во 5 тата минута е 10 И во 10 тата минута е 10
Мајка како е бебчето сега, каде се породи и каде одиш на педијатар? Ти кажаа ли нешто во болница о колку има бебушка?
еве едно видео како се мери апгар скор и што се оценува со тоа кај бебето. Има и други интересни совети од докторов од систина
Jas kako bebe 10/10, a maliot moj 9/10 zaradi bojata na teloto, poprilicno modar bese zaradi dolgiot poragaj.
Бебето засега е супер, добро напредува... Имаме 1,5 месец. Се породив во Прилеп... Сеуште размислувам за матичен педијатар.
Моето се роди малку пред време, 7/8/9. Докторката ми рече дека е супер со оглед на тоа што не е родено во термин
Сега го отворив картонот кога ја отворив темава инаку појма немав што е тоа. 8/9 пишува кај мене Се оценува во прва па во петта минута. Доколку оценката во првата минута е ниска се оценува и во 10та минута. Според параметрите кои се оценува 9 е подобро од 8 на пример во прва мин бојата на кожата не е добра и е 8 а во петта е таман и е 9 ама уште една работа не е баш добра па затоа не е 10
Kaj mene e 9/10/10 predvreme isto e rodena 35+2 ama ne bese vo inkubator so carski rez za tri dena ne pustija doma.