Во последно време се нападнати две жени кои јас лично ги познавам од страна на неколкумина мажи кои сакале да им ги земат ланчињата од вратот.На едната моја блиска другарка им успеало да и земат поголем ланец од вратота додека пак другата пружила отпор и не и го земале ланчето и тоа во близина на полициската станица во Карпош.Не знам ова како ќе ви звучи но, почуствував потреба ова со вас да го споделам едноставно да бидете внимателни.
Ама па не е смешно ова се случи на моја пријателка и го скинале ланчето од врат и избегале ете ланчето сваровски било и ајде ќе се прежали,но стресот во дадената ситуација е страшен зависи за кого како,треба да с ебиде внимателен во секој случај
^ Абе не е до накитот. Ако некој намислил да ти земи нешто - ќе ти земи. Накит да не носиш, ташната ќе ти ја грабне!
во право си хипица,братучетка ми живее во ск,си шетала низ шутка и застанала да купи нешо,и ја ставила ташната до неа,и некој со трчање и ја грабнал и се скрил негде.не можеше да го најдит,и беше мака во ташната имаше нов мобилен,кесето и др работи.секакви имат ако намисли да ти земе нешо ке земе
Кај се остава ташна од раце + шутка кај што се знае дека се краде, и да мислиш дека ништо не ти украле сепак нешто ке ти фали
Луѓе не е смешно,ова го има сегде и во секое време. Затоа никогаш не е на одмет одредена доза на претпазливост,независно дали носиме накит,ташна или слично
фала за советот. но сметам дека ова го имало секогаш и секогаш ќе го има. се краде насекаде, по улица, паркови, автобуси, по продавници само не дај боже да настрадаш.
Вистина е ова луѓе! Тетка ми пред неколку месеци исто така ја нападнаа и и ги земаа ланчињата близу Аеродром. За среќа им избегала.
На баба ми и го имаат украдено паричникот, посегнале и по обетките кои се златни и фала богу не ги земале затоа што во најлош случај ќе и го откинеле увото. Наркомани биле во прашање и дејствието се случило во Кисела вода. На другата баба пак, во Аеродром, ромчиња и ја имаат украдено чантата. Немам ништо против ромите ако некој ме сфати погрешно, мојот најдобар другар е ром и го гледам како брат. На втората баба, или како му доаѓа, тетка на мајка ми, и имаат откинато ланче од врат во Аеродром, со што дошло до повреда на вратот и подлабока исекотина. И крајно, на ул. Македонија, кај Краш ромчиња и имаат украдено чанта на другарка на сестра ми, сред бел ден во 12 часот! И замислете..никој не го засегнало тоа.
Јас на едно од овие пред некој ден му мавнав една Ставрно глупо од моја страна, ама ме нападнаа, испаничив и незнаев што да правам. Прво ми иде едно ми бара 10ден, јас со мобилниот во рака пишувам порака и му велам немам и за секунда се собраа 4-5 околу мене, едно ми ја влече ташната, друго пробува мобилниот да го дофати, онака од сите страни влечат и јас во паника на едно му лепнав шамар и се разбегаа Никогаш не би удрила дете во нормални услови, ама стварно незнав до тој момент што да направам и како да се одбранам. Ептен ме нападнаа и ќе ми собереа нешто, фалеше секуда да се разбркаат по ташна Не ми се верува, сред центар, среде бел ден, баш таму пред краш Сега уште пред да се доближат ваквите до мене им се заканувам. Може жално, ама гајле ми е. Неможам јас такви стресови да претрпувам Инаку и мене никој не пријде да ми помогне, или да се развика по овие да ги заплаши. Имаше народ, поручек, ден....ама ете, никој не мрдна
Не се краде само од жени туку и од мажи. Особено страдаат оние кои се замислени и изгледаат како да имаат мака, на пример на Клиника многу се краде, затоа внимавајте особено на очна клиника, мајка ми ми кажа дека на постара жена на шалтер пред да плати поминува некој од тие просјаци и `и го краде паричникот, никој не изреагирал, жената немала со што да плати. Јас кај мене на работа два три пати наоѓам фрлени празни паричници, на едната жена и ги вратив документите ама сигурно имала пари и малку ми беше непријатно. Го пријавив тоа и во обезбедувањето на Клиника, тој си гледаше тв едвај крена глава да види што му дадов, од едно уво влезе од друго излезе. Најтрагично е тие што просат демек, просат точно пред обезбедувањето а до сега никој не се потруди да ги избрка. Таму луѓе не одат на шопинг туку си имаат мака. Исто мета им се автобуските, при качување им крадат ташни, со нож сечат ташни и сл. Полицајците ни се само за украс, ги имаме ко да ги немаме. Не е за смеење ова, ни изгледа неверојатно се додека не осетиме на своја кожа.
благодарам на предупредувањето од страв да не дојде до ова, не носам веке 9 години злато на мене , само бижутерија инаку еднаш на мајка ми и го украдоа паричникот во автобус пред очи
Истото и се случи и на мајка ми..сред бел ден..на најраздвижено место во Скопје...Не успеал да и го земе ланчето, само беше скинато...а тие глупите цајкани..не можеле да земат отисоци..демек паднало на земја ова она..колку само ги мрзи да работат. И се се сведе на децата од дом-во овој случај не беа тие, бидејки лично јас ги имам видено како обиваат кола..и тие се маалски деца. Така да сите оние што живеат во Буњаковец, Дебар маало, Капиштец- посебно оние кои паркираат на паркингот позади ТЦ Буњаковец посебно да внимаваат. Еднаш налетав на кола-нова уште седиштата со најлони, ама без тркала -на 4 гајби.
јас мислев дека сепак полицијата реагира се додека еднаш не се уверив со своите очи. а една жена и го украдоа паричникот на сред бел ден имаше во близина полицајци почнаа да трчаат и се вратија не го стигнале, тоа беше стварно смешно за гледање само да видевте како го бркаа крадецот трчеа исправени со бавно темпо повеќе наликуваше на џогинг отколку на потера
Напад од наркоман Пред 2 недели бев нападната од наркоман пред влезот на мојот дом. Сакаше да ми ја земе ташната и за 500 денари ми извади нож. Дали ви се случило истото? Што мислите за тоа?
хахаха е сега ме слатко насема...па нашите се такви Ама сепак јас мислам дека не само полицајците, па може и луѓето да помогнат, ако е во гужва или ако виде некој нешто, не само да стоат и да гледат. Јас имам видено само на една туристка во Келн и ја украдеа ташната и едни млади дечки го видеа тоа, она почна да писка, и тие младите почнаа да го гонат, и друѓите што беа околе нив го попречија. Значи одбрана од сите... не само да стоат и да гледат. Не дај боже да се случи вакво нешто, ама за жал вакви луѓе ги има насекаде. Затоа си носам ташни преку врат, не само на рамо и освен еден прстен друго од злато не носам
Напад од наркоман до сега не ми се случило да бидам нападната од наркоман и не дај боже да ми се случи ппп скара да е кога бев помала имав шанса, да го видам најголемиот наркоман кај мене во мало (не ме ни допре)