1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Апел до сите жени

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од cvet957, 13 јуни 2010.

  1. cvet957

    cvet957 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    38
    Во последно време се нападнати две жени кои јас лично ги познавам од страна на неколкумина мажи кои сакале да им ги земат ланчињата од вратот.На едната моја блиска другарка им успеало да и земат поголем ланец од вратота додека пак другата пружила отпор и не и го земале ланчето и тоа во близина на полициската станица во Карпош.Не знам ова како ќе ви звучи но, почуствував потреба ова со вас да го споделам едноставно да бидете внимателни.
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  2. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.475
    Ок фала за советот, ќе бидеме внимателни, еве нема да носиме ланчиња повеќе :lol:
     
  3. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Женски
    Ама па не е смешно ова се случи на моја пријателка и го скинале ланчето од врат и избегале ете ланчето сваровски било и ајде ќе се прежали,но стресот во дадената ситуација е страшен зависи за кого како,треба да с ебиде внимателен во секој случај
     
  4. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    озбилно не е смешно ова, треба многу да се пази.
    среќа што не сакам мноу накит...
     
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    ^ Абе не е до накитот. Ако некој намислил да ти земи нешто - ќе ти земи. Накит да не носиш, ташната ќе ти ја грабне!
     
    На SanjaKirchner му/ѝ се допаѓа ова.
  6. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.893
    во право си хипица,братучетка ми живее во ск,си шетала низ шутка и застанала да купи нешо,и ја ставила ташната до неа,и некој со трчање и ја грабнал и се скрил негде.не можеше да го најдит,и беше мака во ташната имаше нов мобилен,кесето и др работи.секакви имат ако намисли да ти земе нешо ке земе :devil:
     
  7. purple.world

    purple.world Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2010
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    7
    Кај се остава ташна од раце + шутка кај што се знае дека се краде, и да мислиш дека ништо не ти украле сепак нешто ке ти фали ;)
     
  8. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    Луѓе не е смешно,ова го има сегде и во секое време. Затоа никогаш не е на одмет одредена доза на претпазливост,независно дали носиме накит,ташна или слично
     
  9. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.364
    Допаѓања:
    5.310
    фала за советот. но сметам дека ова го имало секогаш и секогаш ќе го има. се краде насекаде, по улица, паркови, автобуси, по продавници само не дај боже да настрадаш.
     
  10. SashaFierce

    SashaFierce Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Вистина е ова луѓе! Тетка ми пред неколку месеци исто така ја нападнаа и и ги земаа ланчињата близу Аеродром. За среќа им избегала.
     
  11. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    На баба ми и го имаат украдено паричникот, посегнале и по обетките кои се златни и фала богу не ги земале затоа што во најлош случај ќе и го откинеле увото. Наркомани биле во прашање и дејствието се случило во Кисела вода.
    На другата баба пак, во Аеродром, ромчиња и ја имаат украдено чантата.
    Немам ништо против ромите ако некој ме сфати погрешно, мојот најдобар другар е ром и го гледам како брат.
    На втората баба, или како му доаѓа, тетка на мајка ми, и имаат откинато ланче од врат во Аеродром, со што дошло до повреда на вратот и подлабока исекотина.

    И крајно, на ул. Македонија, кај Краш ромчиња и имаат украдено чанта на другарка на сестра ми, сред бел ден во 12 часот! И замислете..никој не го засегнало тоа.
     
  12. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.761
    Јас на едно од овие пред некој ден му мавнав една
    Ставрно глупо од моја страна, ама ме нападнаа, испаничив и незнаев што да правам. Прво ми иде едно ми бара 10ден, јас со мобилниот во рака пишувам порака и му велам немам и за секунда се собраа 4-5 околу мене, едно ми ја влече ташната, друго пробува мобилниот да го дофати, онака од сите страни влечат и јас во паника на едно му лепнав шамар и се разбегаа
    Никогаш не би удрила дете во нормални услови, ама стварно незнав до тој момент што да направам и како да се одбранам. Ептен ме нападнаа и ќе ми собереа нешто, фалеше секуда да се разбркаат по ташна
    Не ми се верува, сред центар, среде бел ден, баш таму пред краш
    Сега уште пред да се доближат ваквите до мене им се заканувам. Може жално, ама гајле ми е. Неможам јас такви стресови да претрпувам

    Инаку и мене никој не пријде да ми помогне, или да се развика по овие да ги заплаши. Имаше народ, поручек, ден....ама ете, никој не мрдна
     
    На piksooki, Li0ness, milky-candy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    внимавајте кому му ја поклонувате вашата доверба
     
  14. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Не се краде само од жени туку и од мажи. Особено страдаат оние кои се замислени и изгледаат како да имаат мака, на пример на Клиника многу се краде, затоа внимавајте особено на очна клиника, мајка ми ми кажа дека на постара жена на шалтер пред да плати поминува некој од тие просјаци и `и го краде паричникот, никој не изреагирал, жената немала со што да плати. Јас кај мене на работа два три пати наоѓам фрлени празни паричници, на едната жена и ги вратив документите ама сигурно имала пари и малку ми беше непријатно. Го пријавив тоа и во обезбедувањето на Клиника, тој си гледаше тв едвај крена глава да види што му дадов, од едно уво влезе од друго излезе. Најтрагично е тие што просат демек, просат точно пред обезбедувањето а до сега никој не се потруди да ги избрка. Таму луѓе не одат на шопинг туку си имаат мака.
    Исто мета им се автобуските, при качување им крадат ташни, со нож сечат ташни и сл.
    Полицајците ни се само за украс, ги имаме ко да ги немаме.
    Не е за смеење ова, ни изгледа неверојатно се додека не осетиме на своја кожа.
     
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    благодарам на предупредувањето
    од страв да не дојде до ова, не носам веке 9 години злато на мене , само бижутерија
    инаку еднаш на мајка ми и го украдоа паричникот во автобус пред очи
     
  16. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    580
    Истото и се случи и на мајка ми..сред бел ден..на најраздвижено место во Скопје...Не успеал да и го земе ланчето, само беше скинато...а тие глупите цајкани..не можеле да земат отисоци..демек паднало на земја ова она..колку само ги мрзи да работат. И се се сведе на децата од дом-во овој случај не беа тие, бидејки лично јас ги имам видено како обиваат кола..и тие се маалски деца. Така да сите оние што живеат во Буњаковец, Дебар маало, Капиштец- посебно оние кои паркираат на паркингот позади ТЦ Буњаковец посебно да внимаваат. Еднаш налетав на кола-нова уште седиштата со најлони, ама без тркала -на 4 гајби.
     
  17. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    179
    јас мислев дека сепак полицијата реагира се додека еднаш не се уверив со своите очи. а една жена и го украдоа паричникот на сред бел ден имаше во близина полицајци почнаа да трчаат и се вратија не го стигнале, тоа беше стварно смешно за гледање само да видевте како го бркаа крадецот трчеа исправени со бавно темпо повеќе наликуваше на џогинг отколку на потера
     
  18. Gulu

    Gulu Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    Напад од наркоман

    Пред 2 недели бев нападната од наркоман пред влезот на мојот дом. Сакаше да ми ја земе ташната и за 500 денари ми извади нож. Дали ви се случило истото? Што мислите за тоа?
     
  19. SanjaKirchner

    SanjaKirchner Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    760
    хахаха е сега ме слатко насема...па нашите се такви :D
    Ама сепак јас мислам дека не само полицајците, па може и луѓето да помогнат, ако е во гужва или ако виде некој нешто, не само да стоат и да гледат. :^)
    Јас имам видено само на една туристка во Келн и ја украдеа ташната и едни млади дечки го видеа тоа, она почна да писка, и тие младите почнаа да го гонат, и друѓите што беа околе нив го попречија. Значи одбрана од сите... не само да стоат и да гледат. Не дај боже да се случи вакво нешто, ама за жал вакви луѓе ги има насекаде. Затоа си носам ташни преку врат, не само на рамо :) и освен еден прстен друго од злато не носам ;)
     
  20. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Напад од наркоман

    до сега не ми се случило да бидам нападната од наркоман и не дај боже да ми се случи ппп скара да е
    кога бев помала имав шанса, да го видам најголемиот наркоман кај мене во мало
    (не ме ни допре)