Напад од наркоман Колку само се плашам од вакви работи. Напаѓаат и сред бел ден...и пред други луѓе.... Понекогаш си велам..о боже како ги пуштаат децава сами на улица да играат....Од друга страна па не можеш да ги држиш дома. Мене ми се нема случено, ама кога влегувам во влез , тоа го правам толку претпазливо како на некоја тајна задача да сум па никој да не ме види...обично одам до 1ви спрат пешки за да не ме начека некој дур го чекам лифтот...
мене ме нападна на 2 мај кога си одев дома од славење,не бев ни сама, а не беше ни многу касно 8:30h.Со другарками брзавме демек идолот да го фатиме ете,се случи.Опасно е многу, сега кога си одам се вртам како улава кога влегувам во сокакот во кој живеам...
Сега на мета им се педерките да ги сечат со ножици и во дискотека-особено машките што ги носат у таа гужва нема ни да осетат дека ја немаат на нив.
Мајка ми стравуваше дека ќе ми се случи такво нешто штом заминам во Скопје да студирам но еве три години поминаа и за среќа не се случило. Не дека не може и во помал град може да се случи, но побезбедни сме некако, барем таму каде што живеам нема улични кражби.