Ќр Ќе можеш да ми кажеш зошто ТОЈ не може да ја намали килажата ? Со оваа тежина ,моменталната ,ниеден доктор нема да се нафати да го оперира . Ти прочита во наодот дека пишува да се намали телесната тежина па тек тогаш да се јави на 20.08 за договарање за евентуална операција ? Ако прочита зошто тврдиш дека неговиот случај не трпи слабеење ,т.е не е едноставно кај него ?
за мене станува збор ете и менеми треба прстен /балон на зелудник донирајте за мене не навредувам барам помош
Ќе ми го избришат мислењето, знам, ама ајде. Пишува дека е без отстапки на психичкиот статус. Јас имам ондак повеќе право да барам донација. Малите гради ми прават фрустрација и проблеми во самодовербата, а тоа е отстапка во психичкиот статус. Јас друг начин за да го надминам ова, освен силикони да ставам, немам. Детето кое бара донација за да го постигне посакуваниот резултат може и друго да направи освен операцијата, односно да внимава на исхраната и да пешачи. Никој жив не може да ме убеди дека правилна исхрана и вежби не можат да му помогнат, макар и Жан Митрев тоа да го кажува.
И јас сакав да ја отвотам темава. Ама се разочарав од коментарите. Луѓе за здравје се работи. Не става силикони на задник. Срамота. Да се слабеело тоа така тој немало да оди на лекар и да добие таков налог. Подобро игнорирајте одколку вакви срамни коментари да давате.
шо е срамно тука? шо на некое дете со рак му треба операција у странство и нема друг лек за тоа дете,срамно е шо ја денеск моите 100ден ги дадов за детето а не за овој шо има избор детето болно од рак нема избор а овој има да си ставе фластер на устата отишол кај жан митрев оти дебелината му праве веке други здраствени проблеми и докторот јасно и гласно си напишал диети вежби или балон на желудник
Каде е кажано дека диети и вежби не помагаат? Во наодот убаво пишува да се среди дебелината со исхрана ИЛИ ( ЧИТАЈ ИЛИ!!! ) поставување на балон. Вие кој начин го одбирате, полесниот? Мислите дека има будали што ќе донираат? АКо е за така јас оддамна ќе барав донации бидејќи од тежината ми се пореметија хормони, фатив шеќер и пијам метформин, кога трчам мислам ќе добијам мозочен удар од што ми чука пуслот и главата,башка мии смета за забременување. Во депресија паднав ради таа тежина бидејки се ми е тешко па дури и кога одам. И сега да ви барам донации од тоа што јас сум си се довела во таа ситуација? Ако имам пари да ќе го решам на тој начин и нема да се брукам вака јавно, но бидејќи пари ми требаат за инвитро фино лепо ќе си внимавам на исхрана. Знам дека воопшто не е лесно дека е потешкиот начин, но да ги зимаш од некој парите што можел и да се донираат за човек каде болета не е добиена по негов избор мислам дека треба да ви биде срам и незнамкако спиете мирно навечер... Јас побрзо би донирала за членка која не по нејзина вина или по вина на сопругот неможе да забремени а имаат проблем и би собрала пари за да направи ин витро, ама ова... е смешно!
твојата донација можеш каде сакаш да ја дадеш. Неделно барем 10 случаи на хуманитарни акции има. Кој од рак кој од не знам што... И ти сигурно нема да донираш 10 пати туки само еднаш. Па твој е изборот каде ќе одат твоите пари. точно дека детето од рак нема друг избор но кога ќе отворите малку телевизија да гледате што се не има по светов ќе сватите дека и тој сега нема избор. Стварно не е убаво да плукате по детево без разлика што од "бес" му е нарушена здравствената состојба, сепак здравјето му е загрозено. Да било баш како што поголем дел мислите тој досега ни денар немало да собере од донации
Значи ако не разбираш што напишал докторот одна прочитај неколку пати. срамота е да ти речат држи диета и да одиш за совет на 20 ти а да го правиш мутав народот дека ти закажале операција и дека мора така. Има овде и доктори и сестри и луѓе запознаени со оваа дијагноза. не е срамота да кажеме дека не сме глупи. срамота е да браниш а да не разбираш. А патем никој не го нападна. Сите рековме нека земе да држи диета и да вежба исто како што му пишал докторот.
Види шо убаво му пишува во извештајот од специјалистот или диета и вежби или прстен на желудник он шо одбрал налесното прстенот ама нема финасии за тоа па ај народот ке донира
Некни една барала за да студира не знам ти што. Овој бара зашто не му текнало навреме да престане да јаде. Јас сакам чанта од Мајкл Корс. Се знае за што се донира. Ова може во Америка да упали, ние не сме уште дотолку сјебани во мозок.
Само што го видов ова на фб, и доаѓам тука гледам се развила дискусија за нашиот Бамбо (јутубер). Дијагнозата е згоеност поради зголемено внесување на калории( не поради хормонален дисбаланс, или тумори во центарот за ситост како што има начини да се добие зголемена тежина). Мислам дека дечкото треба најпрво да проба со диети, со вежбање, па потоа да оди на консултација за операција(како што и предложил докторот, си пишува одлично во извештајот). Секое добро за Златко, и нека се потруди за тежината, џабе му е и балон ако психички не е спремен на таков чекор, кг не ги ставил преку ноќ, па и така нема да ги тргне. Не сакам да давам памет, кој може и сака нека си донира. Секое добро...
Само се надевам дека Златко ќе ги прочита сите неумесни коментари и од толку што ќе му се згадат, ќе престане со прекумерното јадење. Претеравте бе жени, претеравте...па барем вие знаете колку е тешко една диета да се спроведе а посебно кај особи кај кои гладта и желбата за јадење се поради психолошки проблеми.
Не се претерани коментарите, претерано е ова веќе што кој стигна дава трансакциона сметка за да му се уплатат пари. Вие што упорно го браните каде прочитавте дека здравјето му е загрозено? Јас прочитав дека сака да се ЧУВСТВУВА ПОДОБРО. Не е работава сега ај да споредуваме деца болни од рак со ова, ама дајте бе малку осет. 3000 евра се во прашање, нека си земе кредит ако нема, знаете ли само колку луѓе се лечат со кредити па не бараат донации (за малку ќе напишев милостина, ама во овој случај зборот ми е многу неадекватен). Еднаш веќе имам пишано за тоа и сеуште стојам на кажаното дека од вакви како него оние што стварно имаат потреба не бараат помош. И да, знам дека прекуерната тежина е лоша за општото здравје, ама па тогаш и мене ќе ми требаат пари, доста се мачам со диети.
А зошто ти како сестра не почнеш да му готвиш хроно исхрана? Тука има членки кои ќе ти помогнат за секој ден. 20 кила за 1 месец ќе мавне. Дај си задача и еден месец посвети се целосно на брат ти. Од шеќер и срце ќе умре, помогни му. Само да знаеш, зависност е и сите што прекинале со оваа зависност почнуваат со нова. Затоа и добар психолог му треба.
БМИ 58 пишувa? Тoa е 200 кг зa чoвек oд 185 см висинa oтприликa. Мнoгу е, не дo степен дa не мoжеш дa функциoнирaш aмa декa му е oтежнaт живoтoт и пoд ризик, секaкo. Кoгa се рaбoти зa депресијa сите нежни a сегa oти сaм не си пoмoгнел? Мoже у депресијa е, мoже психички не е спремен дa нaпрaви тaкви прoмени, вaкa пoлеснo е зa прифaќaње? Сепaк не, не е убaв рoк пејaч или членкa нa фoрумoт пa дa сoчувствувaме кoгa пишувa декa oд кревет не мoже дa стaне не пaк диети дa држи или дa вежбa. Oвoј oд мрзеливите изгледa е.
Ако претеравме ние, претерал и докторот. Ниедна од нас не кажа ништо спротивно од она што го пишува во извештајот. Таму пишува диета и вежби ИЛИ балон. И си пишува дека нема отстапки во психичкиот статус значи гладта и желбата за јадење не е од психолошки проблем.
Мене друго нешто ми боде очи и не можам да го занемарам тоа , а и сметам дека не е фер да се бара донации , а при тоа да се лаже и наддава. Сестравта од Златко овде напишала дека операцијата кошта 3000 евра , а Златко на својот ФБ има прикачено прилог и бара 5.600 евра кажувајќи дека толку кошта самата операција. Читам од вчера како еден човек упорно му пишува да го исконтактира и му кажува како во Турција имало некоја добра клиника која истата операција ја вршела за помалку од 3000 евра . Лично тој правел таму операција и неколку пати му напиша на Златко да го исконтактира ако сака . Ама Златко не реагира на постот . Исто ,дечково му кажува дека и после вградувањето на балонот ( ако у меѓувреме ослабне , а мора да ослабне за да се врши операција) загубените килограми може да се вратат многу лесно . Ме нервира што Златко никако не реагира на понудената помош ,а упорно и упорно се споделува постот од негови блиски луѓе барајќи донации. Не ми се допаѓа ова воопшто .
Дали ми се причинува, или некој се мајтапи со нас? Ова не ми изгледа како сериозно. За разлика од некои кои навистина имаат потреба од помош.