Апел за помош за Искра Донева

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од Danyellah, 1 ноември 2011.

  1. Danyellah

    Danyellah Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    8
    Се извинувам што пишувам овде, но не можам да креирам нова тема... ( Ако може некој од администраторите или модераторите нека го префрли апелот во нова тема )

    Почитувани, Вечерва МНТ со почеток во 19 часот ја игра претставата БЕСОВИ за да го потпомогне третманот на Искра Донева. Билетите чинат 200 денари и можете да ги подигнете на билетара. Благодариме.


    Апел за Искра Донева

    Искра Донева има церебрална парализа и за подобрување на здравствената ситуација потребна и е трансплантација на матични клетки. За неколку етапниот третман во Москва вкупно се потребни околу 62.000 евра + 8.000 евра патни трошоци за неа и нејзиниот придружник, вкупно 70.000 евра.
    Искрено се надеваме на вашата хумана поддршка. Доколку сте во можност да излезете во пресрет, Ве молиме средствата да ги уплатите на следната сметка:
    Искра Донева - за донации
    Тутунска банка АД Скопје
    Сметка број 210-700000596686
    Броеви за донации:
    Т-MOBILE: 143 111
    ONE: 143 777
    VIP: 143 111

    Можете да помогнете и со купување на нејзините збирки поезија „Кој ќе ги згрее птиците“ (хаику) и „Небеска раскрсница“ (хаику и хаига) кои се достапни на посебен штанд во „Матица“.
    Благодариме однапред!
    Website: http://www.iskradoneva.webs.com
    http://www.facebook.com/pages/Humanitar ... 1457778072
    *******************************
    Iskra Doneva suffers from cerebral palsy and for improvement of her health situation she needs a transplantation of stem cells. For several visits to the hospital in Moscow total cost is approximately 62,000 euros + 8,000 euros travel costs for her and her companion, 70,000 euros in total.
    We sincerely hope your human support. If you are able to help, please donate on following accounts:
    For Iskra Doneva
    Tutunska Banka AD Skopje
    “Vodnjanska” br.1“
    SWIFT: TUTN MK 22
    IBAN: MK07210501218077355
    Thank you in advance!

    Поздрав.
     
    На ljubica95 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Danyellah

    Danyellah Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    8
    Македонски народен театар се приклучува кон хуманитарната акција на Искра Донева и на 23 ноември 2011 планира да ја изведе хуманитарната претстава „Бесови“ .

    [​IMG]
     
    На i-v-a-n-4-e, Hipica и starbucks им се допаѓа ова.
  3. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.560
    Допаѓања:
    4.667
    Пол:
    Женски
    Донирано на вип :call:
     
  4. Danyellah

    Danyellah Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    8
    Почитувани,

    Здружението на граѓани за мотивација и посреќен, поисполнет и попродуктивен живот на сите луѓе, особено на лицата со физичка и ментална попреченост НОВА ИСКРА Скопје, кое како примарна цел има презентирање, промовирање и заштита на животот и делото на ИСКРА ДОНЕВА како мотивирачка успешна приказна и други активности за успешно завршување на хуманитарната акција за собирање средства за нејзин медицински третман со матични клетки и подобрување на егзистенцијалните услови, има чест да ве покани на промоција на најновите дела (самостојно издание) на Искра Донева на 10 јуни во Кино Фросина, МКЦ од 20 часот.

    Книгите „Скакулче игра плочка“, „Татко“ и „Лазарополски хаикуа„ се од жанрот хаику поезија. Промотори на книгите ќе бидат реномираните автори и професори Александар Прокопиев и Владимир Мартиновски, како и Жарко Којунџиски, додека поезијата ќе ја интерпретира докажан актерски тим предводен од шармантната актерка Арна Шијак. Со своја музичка програма настанот ќе го збогати интернационално познатиот етно состав Љубојна.

    Ви ветуваме доживување што не смее да се пропушти!
    Поканата е отворена за сите добронамерници.
    Да бидеме таму, заедно за Искра!

    http://www.iskradoneva.webs.com

    http://www.facebook.com/pages/Humanitar ... 1457778072

    https://www.facebook.com/events/144096015776414/
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.198
    Допаѓања:
    15.504
    Пол:
    Женски
    Прекрасна е.Жално што државата не сака да и помогне,а толку е интелигентна,надарена,ентузијастични настроена.Просто и се восхитувам.Исклучителна е.
     
  6. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.198
    Допаѓања:
    15.504
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    https://www.facebook.com/events/553803284716949/

    Посетете го штандот на Искра Донева на овогодинешниот саем.Бидете хумани,со секоја купена хаику книга придонесувате за нејзиното лекување!!!!
     
  7. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.198
    Допаѓања:
    15.504
    Пол:
    Женски
    Другари, веројатно сите имате некоја минутка за трошка хуманост. Отворете го настанот и присуствувајте. :)

    Искра е интелигенција во движење, да и го овозможиме движењето! :l:

    Се гледаме во четврток во "Децата од нашата улица"! :hug:



    https://www.facebook.com/events/1665890213698829/?ref=22&feed_story_type=22&action_history=null
     
    На Artista му/ѝ се допаѓа ова.