Кај 12-годишната Мартина Стојковска од Струмица е откриена „сколиоза“ и е потребна хирушка интервенција во Турција, односно операција на р'бетниот мозок, која чини близу 40.000 евра. Семејството апелира до сите хумани граѓани, доколку сте во можност да помогнете на било кој начин. Ајде да и помогнеме на Мартина, да бидеме хумани! За сега може да се донираат парични средства преку жиро сметка во НЛБ „Тутунска Банка“ број: 210-501683253756 и преку мобилениот оператор ОНЕ на: 075/076 143-150
Господе спаси ја барем Мартина. Не дозволувај тие гадови да ја убијата како Тамара. Дај боже да соберат пари и да ја излекуваат
Самошто донирав. Се надевам ќе ги соберат парите што им се потребни, и посакувам девојчево еден ден дај боже што поскоро да си почне нормален живот каков и што уосталом заслужува. И никој повеќе да не ја доживее судбината на Тамара
Си ја пратив цела моја плата за јануари на мартинче, срце ми се крши кога гледам како полека уништуваат се пред себе ебате политичарите и сите тие сраеа
Само што прочитав дека Мартина била оперирана во Турска. Фондот одобрил 30.000 еура, и по 7 часа тешка операција истата поминала успешно. Следи период на рехабилитација и закрепнување. Е многу ми е мило. И ја посакувам најголемата среќа на светот, да биде весела, ведра и насмеана секогаш.