Апел за помош за малиот Александар: Се бара донатор на коскена срцевина

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од danichap, 22 ноември 2017.

  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.612
    Допаѓања:
    227.878
    Секојдневно сме сведоци на голем број апели за помош преку јавните медиуми.
    Голем број од нив секојдневно ги споделуваме и тука, за познати и непознати, на кои во моментов им е потребна нашата помош.

    Денес го пишувам овој пост со камен во срцето. Еден од најтешките кои воопшто тука сум ги споделила.

    На едно детенце му е потребна нашата помош. Наше дете, дете од Фемина.
    Детенце чие раѓање заеднички го дочекавме со виртуелните мекици. Детенце на чии насмевки и детство сме секој ден сведоци.

    Ве замолувам да се обединиме и да сториме се што можеме за да му овозможиме безгрижно детство какво што и заслужува. Какво што секое детенце треба да има.

    :l: за Александар


    Александар има Бета таласемија, поради која на извесен временски интервал е изложен на трансфузии. За целосно заздравување треба да се направи трансплантација на коскена срцевина надвор од државава. За успешно обавување на истата, најпрво е потребно да се најде компатибилен донор на коскена срцевина.
    За пријателите од Скопје, кога сте во можност, можете со упут за имунологија, со напомена за Александар., да дадете примерок од крв за проверка на компатибилност. Доколку има заинтересирани од другите градови, може да се организира и во истите.

    Со бројка од над 20 лица може да биде одобрена екипа за секој град.

    На 02.12 екипата на имунологија ќе дојде во Гевгелија за да не мора секој од вас да оди до Скопје за да даде крв и да се испита компатбилност со Алекче.
    Можат сите крвни групи.
    Возраст до 50 години.

    Се надеваме на вашата помош и мобилирање на ваков вид на групи и низ останатите градови.


    За било какви дополнителни информации, на располагање стојат и сандачињата на @galapce @danichap @JuLleE @AngelOfArh

    Однапред ви се заблагодаруваме на сите.

    :l: за Алекче.



    Bildschirmfoto 2017-11-22 um 22.10.33.png

     
    На kikkki, Правдико<<<, Lella и 74 други им се допаѓа ова.
  2. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.314
    Допаѓања:
    12.148
    Пол:
    Женски
    Малку појаснување оти не сфаќам, треба 20 да се собериме во еден град и ќе се испрати екипа за во нашиот град?
     
  3. LiliBoz

    LiliBoz Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    7.131
    Допаѓања:
    99.998
    Пол:
    Женски
    Дани каков упат е потребно?
     
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.612
    Допаѓања:
    227.878
    Да, такви се првите информации кои ги добивме.
    Во моментов се трудиме да се работи на ажурирање на заинтересираните и нивно пријавувавње, за овие мобилни групи да бидат одобрени.
    @LiliBoz за имунологија, за испитување на соодветен донор. За Александар со Бета талесемија. Со мој термин оди упутот.
     
    На stevemila, CameliaMiller, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    51.814
    Дали моментално се бара само донатор на крв, т.е. некој соодветен за трансплатацијата? Ако да, дали има некои предуслови да се исполнат?

    Можеме ли да помогнеме на некој друг начин?

    Дали може постот да се сподели на јавните мрежи? (или да се обликува за споделување таму) Фејсбук, инстаграм, твитер?
     
    На Victorian, mareane, mira.mira и 4 други им се допаѓа ова.
  6. LiliBoz

    LiliBoz Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    7.131
    Допаѓања:
    99.998
    Пол:
    Женски
    те молам пиши ми ЛП.
     
    На danichap и galapce им се допаѓа ова.
  7. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.314
    Допаѓања:
    12.148
    Пол:
    Женски
    А каде да се пријават заинтересираните?Не би да гњавам со прашања, ама еве јас сум заинтересирана, каде да се пријавам?
     
    На 24.07, danichap и galapce им се допаѓа ова.
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    4.023
    Допаѓања:
    78.375
    Дузи донор треба. Даваш крв во имунологија во Скопје и ќе проверат дали си соодветна. Засега само донор.
     
    На Bozica1980 и Doozy им се допаѓа ова.
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    8.643
    Допаѓања:
    47.436
    Пол:
    Женски
    Што и да треба на нас 4 во порака, ќе одговориме, ќе се договориме ;)
     
    На JuLleE и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.612
    Допаѓања:
    227.878
    Слободно прашувајте девојки, затоа и е темава.
    @BirMelek сечија анонимност ја цениме и не бараме евиденција во јавна листа каде секој ќе сподели од кој град е.
    Првичната идеја е да се рашири веста за потребата од наоѓање соодветен донор. Да се информираме најпрво ние тука, а потоа преку нас и членовите на нашето потесно семејство или круг пријатели и колеги.
    Доколку некој преку разговор со истите увиде дека една мала група од 3-5-7-10...лица е расположена да помогне слободно можете тој податокот да го споделите и преку лп. Број и град па за следниот чекор и дополнително ќе се договараме.
     
    На galapce, Doozy и JuLleE им се допаѓа ова.
  11. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    6.009
    Допаѓања:
    32.317
    А не ми е јасно, како било која крвна група?
     
  12. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.612
    Допаѓања:
    227.878
    Да, било која крвна група.
     
  13. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    6.009
    Допаѓања:
    32.317
    А не ли треба да е само неговата крвна група и 0- евентуално?
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    83.831
    Не одговоривте на прашањато на @Doozy за споделување на др.социјални мрежи.
    Не мора слика од Александар да ставаме...на фб, твитер..
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    83.831
    Јас би пратила меил до сите соработници. 5 души да отидат, можда ќе имаме среќа..
    Смеам?
    @galapce
    :hug:
     
    На galapce, LiliBoz и danichap им се допаѓа ова.
  16. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.835
    Допаѓања:
    170.742
    Пол:
    Женски
    Se raboti za bilo koja krvna grupa. Problemot e vo genite da se poklopat.

    Daj boze , gospod e golem.
     
    На Victorian, LegallyBlonde13, fina erika и 5 други им се допаѓа ова.
  17. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.100
    Допаѓања:
    101.589
    Пол:
    Женски
    Фала ви девојки од се срце.:l:

    Од прилика Дани опфатила се.
    Морав од негде да почнам,на клиника викаат кога ке дојде време за трансплантација ке ми кажат.
    Истото го слушам повеке од една година.
    Најсоодветен термин за трансплантација е помегу три и четири години на заболениот.
    Алекче има 2 години и скоро 8 месеци.
    За пронаогање донор може ке биде потребно и еден месец а може да се бара и со години.
    Јас неможам да чекам.
    Затоа започнав со организирање на акции по градовите.

    За ова испитување нема по другите градови сем Скопје.
    Ги замолив дали може да се земаат епруветките крв од еден по друг град и јас да ги носам во Скопје?
    Премногу е да барам да оди секој заинтересиран до Скопје.
    Ми кажаа дека доколку има заинтересираност ке излезат во пресрет и ке доаѓаат по градови.
    Односно ке пракаат нивни екипи.
    За почеток почнуваме Гевгелија и Валандово.

    За испитувањето е потребно епруветка крв,може од било која крвна група,трансплантацијата уствари ке значи промена на крвта ма Алекче.
    Потребно ке биде да се совпаднат сите гени.

    Уште една многу битна работа сакам да ја објаснам која несакам да ве збуни.
    Ова испитување кошта 4300 денари.
    Неможам да барам никој од вас заинтересирани да го плати.
    Реално неможам ни јас.
    Но!
    Постои една опција,преку истата и јас дадов крв за испитување на моето дете.
    Има светска организација за донорство.
    Доколку се зачлениме во истата не се плака ништо.
    Кои ни се должностите во иднина?
    Доколку не испаднеме компитабилни за Алекче а испаднеме компитабилни за било кој во светот,најпрво ке бидеме прашани дали Сакаме да бидеме донори?
    Доколку не сакаме немаме никаква правна или кривична одговорност.
    Значи пак е доброволно.
    Доколку сакаме да бидеме,најпрво ке бидеме подлежни на испитувања дали сме здравоспособни.
    И за Алекче ако сме компитабилни е истата процедура.
    Нема да се оди на штета на еден пациент за да се спаси друг.

    Претпоставувам дека не опфатив се.
    Ќе одговорам на се кога ке можам.
     
    На Правдико<<<, Tanja03, luna75 и 73 други им се допаѓа ова.
  18. LiliBoz

    LiliBoz Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    7.131
    Допаѓања:
    99.998
    Пол:
    Женски
    Мајка дај како да се зачлениме уште утре ќе одам упат да земам.
     
    На soffce, Victorian, fina erika и 6 други им се допаѓа ова.
  19. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    83.831
    За Гевгелија, Валандово е закажано за 02.12?
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    51.814
    Пушти Галапче линк од Здружението ако има и додајте го ова во воведниот пост.

    @sanjaeva ќе ти прати некој лп, заради приватност на лични податоци нема да објавам од каде го земав постот за споделување.
     
    На stevemila, zhap4e, sanjaeva и 1 друга личност им се допаѓа ова.