Апел за помош на Кирил Пеев

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од Annath, 22 септември 2015.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    16.706
    Допаѓања:
    145.557
    Пол:
    Женски
    Хумани луѓе, колку што сте во можност, да помогнеме во борбата на малиот Кирил!
    --------------------------------------------------------------
    Почитувани,


    На нашиот син Кирил, на 10месечна возраст му беше дијагностициран цистичен тумор на мозок. По отстранувањето на туморот на 02.09.2015 во Универзитетската Клиника Charite во Берлин, Германија, беше констатирано дека се работи за исклучително редок тип на малиген тумор на мозок (примарен недиференциран сарком). За да се спречи понатамошното ширење на овој брзорастечки тумор, потребна е итна хемотерапија. Заради возраста, неопходно е вградување на интратекална пумпа и примање на хемостатиците директно во мозокот.

    Вградувањето на интратекалната пумпа и циклусите на примање на хемостатиците ќе се извршат во истата клиника каде што беше опериран Кирил, Универзитетската Клиника Charite во Берлин.

    Имајќи предвид дека севкупната терапија чини 150 000 евра, ве молиме за било каква парична помош со што би му пружиле шанса за живот на нашиот син.


    Средствата може да ги донирате на следнава сметка:

    Комерцијална банка

    Број на сметка: 300001000023864

    Назив: КИРИЛ ПЕЕВ СКОПЈЕ - ХУМАНИТАРНА СМЕТКА

    Даночен број: 2410014450050


    Ви благодариме однапред за хуманоста,
    Маја и Александар Пееви

    ---------------------------------------------------------------------------------------------------------------

    Се чека одобрување на броеви за донација, верувам дека така им е полесно на многумина. Штом бидат објавени, ќе ги ставам во темава. Исто и бројот на сметката за донации од странство ќе го објавам наскоро. Родителите се благодарни за било каква парична помош, сепак се работи за голема сума на пари, бидејќи терапијата во суштина е експериментална поради видот на карциномот и поради возраста на бебето.
     
    На purple..m, Mayyya, Mama25 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Mekuska

    Mekuska Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2014
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    2.302
    Пол:
    Женски
    со броеви за донации е полесно.ајде чекаме броеви
     
  3. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.402
    Пол:
    Женски
    Има бројче 070 143 107
     
  4. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.116
    Пол:
    Женски

    Samo broj na t-mobile ima ili ima i na one?
     
  5. sunrise_123

    sunrise_123 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2015
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    2.614
    Пол:
    Женски
    Од VIP мрежата може да донирате на 077 143 404
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    16.706
    Допаѓања:
    145.557
    Пол:
    Женски
    На purple..m, MiloMalo, Крадам Шахти и 3 други им се допаѓа ова.
  7. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.116
    Пол:
    Женски
    Ima od deneska i brojce i za donacii od mrezata na One - 075 143 075

    T-Mobile: 070 143 107
    VIP: 077 143 404


    Da donirame za da mu pomogneme na ova angelce.
     
    Последна измена: 25 септември 2015
    На purple..m, MiloMalo, sunrise_123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.