1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Апел за помош на Христијан Тодоровски

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од martinuska, 30 октомври 2012.

  1. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.747
    Христијан Тодоровски е роден на 4 јануари 2012 година.
    Од неговото раѓање, па до денес тој сè уште е во болница, без поставена дијагноза. Десет дена беше хоспитализиран на Одделението за интензивна нега, од каде што беше префрлен на неонатолошкото одделение на Клиниката за детски болести. Оттаму, бидејќи и по четири месеци не можеа да дијагностицираат нешто, нè испратија во Словенија. На клиниката во Словенија дојдоа до дијагноза дека Христијан, најверојатно, боледува од Familial hemophagocytic lymphohistiocytosis (FHLH), но, сепак, не беа стопроцентно сигурни.
    Откако се вративме во Македонија, Христијан е хоспитализиран на онколошкото одделение на Клиниката за детски болести, каде што директорката, д-р Софијанова, лично нè пречека. По два месеца откако почна со цитостатската терапија, почна да ја намалува тежината поради што терапијата мораше да се прекине. Овој месец неговата состојба е променлива, а неколку пати досега повраќаше крв и имаше крв во изметот.
    За да се постави точна дијагноза, потребно е Христијан да оди на лечење во клиника во Хамбург, Германија, која е позната по тоа што го поставила протоколот за хистиоцитоза, а исто така, има и многу добар дијагностички центар. Но, бидејќи за сето тоа ни се потребни парични средства, кои самите не можеме да ги обезбедиме, потребна ни е вашата помош.

    Телефонски броеви за донации:
    ОНЕ 075 143 777
    ВИП 077 143 778

    Жиро-сметка во Тутунска банка
    2107000006012-45
    Донација за Христијан Тодоровски


    http://www.bezpardon.mk/pomognete-mu-na ... hristijan/
     
  2. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.170
    Ве молам да ми дадете број од t-mobile за донација.
     
  3. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.480
    и јас барам број за донација од T mobile!

    Итно нека отворат ваква линија!
     
  4. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    070 143173 100den +18%DDV
    Еве го бројот од Т-mobile
     
    На Palchica и karenin им се допаѓа ова.
  5. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Сонце ;( Кога гледав прилог на телевизија цела се наежив... Како му се гледаја коските, а најлошото е што не знаат од која болест боледува. Оваа државата само споменици гради, а за да спаси еден детски живот нема пари. И тоа да ти е држава бе...
    Донирав пари на ОНЕ. Се надевам дека ќе оздрави :(
     
  6. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Таткото на бебето пред малку на фб групата објави дека некои луѓе во нивно име бараат пари низ Скопје (на кој начин не знам,дали од врата на врата или..) и замолува пари да се донираат само на жиро сметка или пак преку телефонските броеви !!!
     
  7. NoU-NoLove

    NoU-NoLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2012
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    150
    Штотуку донирав,и искрено,се чудам на оваа држава како нема пари за ваков случај,а има за глупости.Срамота!
     
  8. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Кои се тие од првостепената комисија да кажат дека детето нема да успее :^) Простаци, да се работи за некое нивно дете дали вака ќе се однесуваат.

    Донирав колку што можев
     
  9. Palchica

    Palchica Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    90
    Комисијата одобри 80% од сумата. Сега остатокот треба да се собере преку сметки и броевите на мобилните оператори..
     
    На AIT и karenin им се допаѓа ова.
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Јас сега само што донирав.Дај боже да биде се во ред.
     
  11. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Ова сите не погоди. Од една страна реклами за многудетни семејство, а таткото на детето не знае кај му е главата. Најлошо е кога родителот е беспомошен да помогне на своето дете, ама ете, имало Господ. Дај боже да ни се врати живо и здраво.
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  12. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
  13. Misteryy16

    Misteryy16 Активен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Да се надеваме...
     
  14. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.744
    Допаѓања:
    130.758
    Прилично сум потресена од сите прилози што ги гледав, а сега дознав дека детето е на една моја познаничка со која порано се дружевме...
    Да се обидеме да помогнеме колку што можеме.
    Се надевам ќе успее!
     
  15. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Колку сум радосна:)
    Христијан наредната недела заминува на лекување, прегеска гледав на телевизија државата сите трошоци ке ги исплатела:)
     
    На butterfly33 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LOmikol

    LOmikol Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2012
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    20
    Донирав

    Дај боже да се излечи
     
  17. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.480
    Повторно да ја активирам оваа тема понеделнички.
    Значи има броеви од скоро сите опреатори!

    Да му помонгеме на малиот батко, да има среќно и весело детство!
     
  18. VayaConDios

    VayaConDios Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    99
    Донирав, да го видиме како ни се смее преку екрани со очиња лешниччиња и да трчка наоколу со тие ситни ноженца, и да се згои неколку килограми какво што е на сликите е кога се родило. Џуџенце најубаво
    му посакувам брзо оздравување и успешна операција.
     
  19. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Некој има информација, дали слушнал од телевизија дали е пуштено на лекување?
     
  20. mjauuuuuu

    mjauuuuuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2012
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    64
    сите ке се молиме за него со здружени сили и од различни вери и ке се надеваме дека се ке биде во ред. Издржи Христијан Македонија е со тебе :inlove: