Кико е веќе го Германија Сега го очекува лекување и терапија од 9 месеци,по што го очекуваме да ни се врати весел и насмеан .Телефонските броеви се сеуште отворени и доколку сте во можност ,донирајте.Фондот го покрива 100% лечењето ,но тој нема да биде цело време во болница ,а мора да остане во Германија ,за што на родителите им се потреби навистина многу пари за престојот таму како кирија,храна ,сметки...
Колку убави фотки си постира таткото на Христијан на facebook... секој ден ми го прават нова година од ден на ден се повесели, понасмевнати, поразиграни. Многу ме радува фактот што бебчето е правилно третирано у Германија и што конечно се појави некој да се однесува кон него како кон човек а не како кон отпадок штто не требало да се роди. Групата ми е портал за добро утро, а позади сите тие слики стои реалното подобрување на состојбата на Христијан. Да го чува Господ и да му дарува здравјенце, кое ќе расне како што ќе му се зајакнува срценцето.
Душичка...Ајде нека биде се во ред. Се ежам кога читам такви нешта...Донирав и јас Сите се молиме за Христијан
Испадна пост под пост но сакам да прашам зошто кога донирав на тој број од т-мобиле и ми стигна порака: Најискрено ви благодариме за донацијата од 100 денари,наменета за помош на животните? Сум донирала за животните или за Христијан??
За Кико од денес се потпишува документација за донор, најден е 100% компатибилен, сите се пресреќни, јас искрено ги следам на ФБ и се радувам како што се радуваат и тие Браво за вредните Германци, браво за храбрите мама и тато на Кико и најголемо браво за малиот Кико, кој деновиве е видно подобрен во изгледот
На Кико му е денес роденден, му честитам од сесрце и овде, да порасне во голем и храбар дечко како што беше и досега, да ги радуваш мама и тато кои се многу натажени за тебе, да им возвратиш на сите добри луѓе кои помогнаа за да стигнеш таму каде што денес го прославуваш својот прв роденден и успешно да заздравуваш. Ги сакаме сите твои насмевки кои тато гордо ги објавува, се радуваме на сите твои успеси и аплаудираме на сите позитивни реакции од твоја страна. Расти мило детенце, порасни, гордо исправи ја главата украсена со таа твоја неодолива насмевка, биди гордост, наша, сечија, биди успешна приказна во ова сурово секојдневие
Веднаш сите да се јавиме и да помогнеме... БИДЕТЕ ХУМАНИТАРНИ! МИСЛЕТЕ НА ОВА СИРОТО ДЕТЕ... ЗАГРЕОТА... КАКО МОЖЕ ДА ГО ИГНОРИРАТЕ ОВА НЕШТО? СТАВЕТЕ СЕ НА НЕГОВО МЕСТО... КАКО МУ Е НЕМУ, ПОМИСЛЕТЕ ГО ТОА... ОВА ЌЕ ГО ИГНОРИРААТ ОНИЕ КОИ НЕМААТ СРЦЕ...
Кико е веќе на лекување во Германија и месецов ќе му пресадат коскена срцевина.Лекувањето го покрива фондот за здравство на РМ.Телефоните се пренасочени за друг болен на кого му е потребна помош.