1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Апел за помош на мојата другарка, Наташа Пановска

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од Nightwalker, 19 мај 2011.

  1. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Update: Броевите за донации не се веќе во употреба, да знаете. Акцијата завршила во октомври.
    Благодарност до сите што донирале. =)
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Што се деси со девојчево, се оперира, оздраве?
     
  3. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.642
    Операцијата помина успешно, оздраве, се врати во Македонија пред некое време.
    Но за жал, тестовите кои го направи тука, покажаа дека состојбата и е лоша, и уште истиот ден се вратија во Берлин.
    Добра е, вели дека е на терапија. :worried:
     
    На cosmos и Lux им се допаѓа ова.
  4. cosmos

    cosmos Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Како е Наташа, дали има подобрување? Како тече лекувањето?
     
  5. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    4.842
    Како е сега?Можеш ли да ни кажеш? :worried: :x
     
  6. NatashaPan

    NatashaPan Активен член

    Се зачлени на:
    26 август 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    24
    Еве, да не биде расипан телефон, јас лично да ви кажам како сум ;)
    Прво да ви се заблагодарам на сите кои ми помогнавте. Вашата помош ми значи повеќе отколку што можете да замислите.
    Понатаму, изгледа погрешно сум била разбрана/погрешно било пренесено, состојбата не ми беше лоша, туку имав уште дел од терапијата која морав да ја примам и затоа се вратив во Берлин по неколку недели поминати во Скопје. Но, тоа беше поврзано со закрепнувањето од трансплантацијата. Сега сум повторно во Скопје и сѐ е во ред.
    Ви благодарам на помошта и грижата :)
     
    На soffce, Nina 2014, kikkki и 21 други им се допаѓа ова.