Драги феминки, малечката Софија има само 22месеци и има малигно заболување на р'бетниот мозок, притоа не можеше како секое нормално детенце да прооди и проговори. Веќе имаше една интервенција, но потребно е понатамошно лекување кое нејзините најблиски не можат да си го дозволат, затоа ве молам од ♥️ да помогнеме.
Има број за донации од Телеком.Ајде луѓе, да се соберат парите , да оди и ова мало детенце на операција за да се врати жива и здрава.
Среќна бев кога прочитав дека за Михаела се собраа донации. Уште посреќна ќе сум ако си докажеме сами на себе дека и ова го можеме ние. Животот на децата пред нашите потреби.
Да. Колку што разбрав и ми кажаа да појаснам - телефонските броеви за донации од Вип и Телеком, имаат некој одреден лимит, еве на пример да речеме до 10.000 евра и истите се исплаќаат на барателот. Парите од жиро-сметката може кога било да си ги подигне барателот, а по негово барање може да му биде доставена и листа на донатори (кој, колку, кога). Во овој случај, паричките стигнаа во вистинските раце. За огромна среќа, фондот реагираше пребрзо, па се одобрија средства и сега веќе Софи е во Турција на лекување, како што дознав досега се е во најдобар ред.
Што е работава со донацијата околу детево???? Сега на Канал 5 во Сподели проблем со Милена гледам Милена апелира за Софија, нели тоа Боки го превзеде одамна? Со средствата од маркетингот на телевизијата, не знам ти што... така нешто имам меморирано или сум се помешала?