Девојки која апликација ја користите за следење на месечниот циклус ? Новитет е македонската апликација изработена од Алкалоид и е наменета за сите припаднички на понежниот пол кои користат смартфон со Android или iOS платформа. Преку неа можете да водите сопствена евиденција за циклусот и едноставно да се подготвите за „оние“ денови во месецот , можете да ја најдете под името Caffetin Menstrual. Овозможено е користење календар за визуализација на којшто може да се обележат сите нешта поврзани со циклусот и со овулацијата на жената, како симптоми, расположение, забелешки, користење таблети за намалување (неутрализирање) на болката и сл. Освен календарот, можно е и водење дневник за менструација, плодност и за овулација, како и водење месечна и неделна статистика и правење споредби. Апликацијата може лесно да се сподели на социјалните мрежи, како и да се врши рангирање на Google Play и App Store. Женски, дали некоја почна да ја користи апликацијава? Колку сте (не)задоволни? Какво искуство имате со други слични апликации ? Препорака за некоја која апликација за следење на циклусот од која сте задоволни? *Воведот е дополнет од страна на модератор
се чудaм зoштo немa ниту еден кoментaр нa темaвa a инaку бaш ми гледа кoриснa. Јaс кoристaм aпликaцијa Мoј кaлендaр инaку ме мрзи дa вoдaм евиденцијa нa кaлендaрче
Јас ја користам оваа апликација долго време, искрено многу ми помага и има за внесување на сите податоци кои се потребни. За мене е одлична и од голема помош.
За Windows телефон и на лаптоп користам EVA. period tracker, а додека имав андроид најмногу ми се имаше допаднато Clue. И на двете можиш да бележиш ден, промени на тело, сексуална активност и се тоа што е потребно.
Јас ја користам апликацијата Мој календар, на неа бележувам ден, промена на тело. Многу е едноставна веќе година и повеќе ја користам.
Од почеток ја користам Flo и највеќе ми одговара. Внесуваш податоци, добиваш точни калкулации. Толку просто. Пред да ја свалам неа и на последниов телефон, пробав и со My calendar, ама не ми се допаѓа на кој начин функционира. Превише комплицирано за нешто толку едноставно. И си ја инсталирав Flo повторно.
Clue ја користам. Мој календар порано не даваше да смениш ако си погрешил нешто и беше најлоша од сите апликации за следење на циклус. И Period Tracker со мачето ја имам користено, ама Clue има повеќе опции. Можеш да исклучиш циклус, да не ти влегуа во пресметките ако знаеш дека ти е подолг или пократок заради одредена причина (на пример си пиел итна контрацепција), не ти покажува плодни денови ако користиш хормонска заштита од бременост, секој месец ти стигаат мејлови дали циклусот ти е вограници на нормалата. Имаа блог на кој објавуваат многу корисни постови за менструацијата и репродуктивното здравје. Дефинитивно Clue.
Јас ја користам Flo и фала богу што ја најдов - идеална ми е. Можат да се внесат податоци за се и апликацијата го следи циклусот, животниот стил, те потсетува колку вода треба да пиеш во денот, колку чекори правиш и сл. Ја препорачувам.
Мој календар, точно 6 години и сум задоволна од опциите што ги пружи. Особено за нас со нередовен циклус, опцијата да ти обележи просечно во однос на последните 6 месеци е супер. Секогаш е плус минус по некој ден и за чудо добро ми го погодува датумот. Не можам да коментирам за другите, бидејќи искрено не сум ни пробала друга.
Clue и Flo бараат финансиска поддршка за да работат на мојот мобилен тел, ги симнав но не ми се сите услуги дозволени а искрено не би плаќала за апликација, но сакам да водам календар електронски што би ме известувал за циклусот понудете ми некои други апликации..
Ја користам Clue и задоволна сум, најмногу ми е да знам колку дена поминале од циклус. Плус и точно предвидува, грешка прави ден два, ама не ми е ни редовна до ден.