Форумов е супер и кога би можела да го имам во тел. како апликација би било уште поубаво. Што мислите вие за тоа?
Ако имаш интернет на телефонот,ќе можеш да го вклучиш на форумот. Ако имаш WFI уште подобро...а за апликација треба да се прашат модераторите. Мислам дека си требало ова да го напишеш во темата Предлози и идеи за сајтотза да не се отвараат дупли теми Инаку не е лоша идеата
Нема потреба од апликација. Јас си влегувам и преку телефон на форумов. Ти треба интернет и ништо повеќе.
Јас вообичаено ја отварам преку browser, а факт е дека ако се направи апликација специјално за мобилен, ќе биде многу полесно да се отвора форумот. Како што има за фејсбук на пример. Ама не знам колку тоа ќе се исплати, затоа што повеќето мобилни немаат кирилична поддршка, па членовите единствено ќе можат да читаат мислења и проверуваат пораки.
Јас ве следам преку мобилен ок е но најмногу ми пречи тоа што после секое мислење што ке го објавам автоматски ме одјавува и ако сакам да дадам друго мислење повторно морам да се најавам и затоа повеќе читам одколку што пишувам, инако муабетчика сум си јас, да го немав тој проблем со објавувањето глава не ке можевте да кренете од моите мислења (шега)
И јас сум за да се постави форумот а и цела фемина.мк како апликација за мобилен. Затоа што кога се укучувам преку преберувачот од телефонот треба да зумирам, да ја вртам страната посебно за форумот и така секој пат кога одам во следна страна, и малку напорно е
Јас имам македонска подршка на телефон, сите ајфони имаат мислам и самсунг галакси и поновиве андроиди, ама има зафрканти работи. Прво неможеш од телефон да прикачиш слика. Второ, мене често знае да не ми отвори спојлер или акоо ми отвори ме враќа автоматски назад на почетна на форум. Сум пробала и од друг телефон ај да не е до ајфоните и на Нокиа истот ми го правеше. Супер би било да се има апликација, со која ќе можат да се извршуваат сите функции како од компјутер. Инаку има една специјална иос и андроид апликација за форуми, tapatalk forum app се плаќа но со џејлбрејк лесно се стигнува до бесплатна. Дали со неа може на фемина незнам.
Незнам што губиме со ова, факт е дека на сите ни би олеснало и помогнало, и воедно е добро и за самиот форум, бидејќи секогаш се наоѓаме во ситуација каде со денови не можеме да седнеме салам на компјутер или лаптоп и мора од мобилен да си проверуваме од време на време. А со апликацијава би било прелесно и многу попрегледно за сите нас. Доколку е возможно, може сериозно да се размисли за ова. Па ако не чита некој администратор или модератор, па да пренесе за ова, добро би било за обете страни, за вас како форум, секојдневен полесен пристап ќе овозможите, и за нас феминките/машките членови со полесен преглед кон форумот.
Македонска подршка може да има било кој смартфон, само со инсталиција на соодветна тастаура, другите проблеми кои ти се јавувале (тоа со спојлерите-што мене ужасно ме иритираше кога користев Ајфон) како и прикачувањето слики веројатно е проблем во Сафарито или било кој друг броусер (во случајот со Нокиата) зошто со телефонот кој моментално го користам може комотно да се чита, пишува, отвара спојлери, прикачува слики и сл. Небитно. Промена на платформа се чека повеќе од 6 месеци, а за правење апликација верувам дека ќе треба мнооогу повеќе зошто очигледно е дека не само форумов, туку фемина како веб-страна не е многу посветена на техничката подршка.
Апликација за телефони Значи мислам дека би била убаво ако може да има апликација за телефони, од телефоните да си седиме на форумов. А има и други феминки кои сакаат апликација. Што велите, дали е потребно ова?
Апликација за телефони Мене ми е сеедно дали има или нема. Мојот пребарувач на телефонот и таблетот е супер и не кочи. Инаку, ако има апликација, сметам дека ќе биде полесно и од пребарувањето со нашите пребарувачи. И, да, сакам да се направи апликација, така би било полесно на многу феминки.
Апликација за телефони Се придружувам кон петицијава Не мора да е за целиот сајт, туку само за форумот.
Апликација за телефони И јас се придружувам кон петицијата за апликација на форумот на мобилен телефон бидејќи мислам дека тоа би било навистина убава,практична и корисна работа!