1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Апликација за обработка на фотографии на вашиот телефон

Дискусија во 'Слободно време' започната од Lady Phoenix, 17 октомври 2016.

  1. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.313
    Пол:
    Женски
    Темава ја отварам за да споделуваме искуства за тоа кои апликации за обработка на фотографии ги користите или сте ги користеле на вашиот мобилен телефон. Од кои сте задоволни и ги препорачувате, од кои сте незадоволни, што барате од една апликација, какви перформанси ви се потребни?

    Инспирирана сум од Инстаграм. Нашите инстаграмџии и тимови за бирање и објавување на фотографии претежно кристат VSCO или Фотошоп, Лајтрум. Повеќе некако се стремат за фотографии без ефекти, што некако ми е во спротивност со поентата на Инстаграм.

    Ако има ваква тема - слободно канта и клуч.
     
    На emkaemka, cresa-jagoda, ines.h и 15 други им се допаѓа ова.
  2. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.313
    Пол:
    Женски
    @Ketchup има доста искуство на темава, мислам. Може да се јави за да отпочне дискусија. ;)
     
    На Kukla994, КикиМаус, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    12.927
    Допаѓања:
    162.166
    Пол:
    Женски
    Сликам со мобилен, па затоа ниедна фотографија никаде не објавувам без ефекти. :angel: На некои дури и си комбинирам ефекти од повеќе апликации. :lol:
    Најчесто ја користам PicsArt и сум најзадоволна од ефектите таму, потоа Snapseed (прејаки ми се hdr и drama ефектите посебно за фотографии со облаци, архитектура) и понекогаш VSCO. Сега скоро Cameringo ја открив, ама ја користам со винтиџ ефектите само за по некое селфи. :D
    Во потрага сум по некоја апликација за андроид за. правење интересни колажи, па нека препорача некој ако знае.
     
    На Visab, IronLady, lovemme и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Ketchup

    Ketchup a cup full of holy spirit Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    5.481
    Допаѓања:
    39.274
    Одлична тема Феникс!
    Јас за обработка на фотографиите никогаш не користам компјутер, сè едитирам на апликациите за обработка на фотографии што се за смартфони.
    Прва и основна ми е PicsArt. На неа има скоро сè што има на оној фотошоп за компјутер. Има одлични филтери и нови арт, пин ап, ретро ефекти... ко оние на Призма, но многу подобри. Има одлични алатки за изработување на Double Exposure, кои и јас сè уште ги немам совладано. Има буквално сè. PicsArt_03-28-03.46.24.jpg VSCO ја користам кога сакам да направам некоја film или vintage фотографија. Ефектите на VSCO се повеќе монотони. PicsArt_10-17-07.24.06.jpg За изгрејсонца и зајдисонца најчесто ја користам Pixlr, која ми ја препорача Феникс. Ефектите на Pixlr ја доловуваат бојата на некои работи кои со обична камера не можат да се доловат. Исто така има многу колоритни ефекти кои скроз ја менуваат бојата на сликата и не делуваат вештачки.
    PicsArt_04-22-09.29.47.jpg
    Имам користено уште многу други апликации за уредување на слики, но горе - долу сите се исти ко овие три. Snapseed има одлични drama ефекти, но ми помина некако меракот и веќе не ја користам.
     
    На dahlia_desire, crazylady, Mrs.Brain и 27 други им се допаѓа ова.
  5. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.313
    Пол:
    Женски
    Баш ми е мило што пишавте во темава.

    Откако @Ketchup ми ја откри апликацијата, ја користам Snapseed. Мене таа апликација ми има најмногу можности од подесување на параметри, до ефекти, до комбинирање на ефекти за да се добие сосема изменета и непрепознатлива фотографија.

    Сега сум во потрага по нешто попрофесионално. Бидејќи висам на Пинтерест, често наидувам на статии за Фотошоп и Лајтрум. Ама барав по Плеј Сторот и сфатив дека мобилната апликација за Лајтрум е недостапна за нашава земја. Инсталирав Фотошоп Експрес и после 2 слики сфатив дека е за никаде. Инсталирав VSCO и не можев да разберам што е тоа што толку ја прославило апликацијава. Ефекти има 5-6, а непрегледна е за ракување.

    Не знам, некако ништо не може некако да ги задоволи моите барања.
     
    На cresa-jagoda, okcenzi, IronLady и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Ketchup

    Ketchup a cup full of holy spirit Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    5.481
    Допаѓања:
    39.274
    Јас кога ја имав Snapseed, имаше само ефекти. Сепак одамна беше, само што излезе на Play Store. Според ова што го кажуваш, сигурно е надоградена со уште многу работи. Планирам повторно да ја симнам. Иначе на VSCO има други ефекти, но не се бесплатни. Сепак, нема некои wow перформанси за фамата што се дигна околу неа. Иначе за апликацијава што викаш дека не е достапна во нашава држава, знам една финта. :wasntme:
     
    На Kukla994 и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  7. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.313
    Пол:
    Женски
    Па, хо?! ^_^

    @zhap4e не се срами. А и @macka91 нешто само ѕирна и толку.
     
    На GoodGirl45, senza.parole, zhap4e и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    12.927
    Допаѓања:
    162.166
    Пол:
    Женски
    Не мора од плеј стор апликација да симнуваш, напиши името на апликацијата + apk на гугл, симни апк фајл од некоја од страниците што ќе ти излезат и инсталирај ја. На овој начин мислам дека не важи таа недостапност :lol:
     
    Последна измена: 17 октомври 2016
    На ana992, Kukla994, Ketchup и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.313
    Пол:
    Женски
    Adobe Lightroom. Треба да пробам да видам дали така ќе функционира. Само да истражам треба прво дали оди сосе сите оние "ефекти" или "actions" како што стои во менито, или исклучиво сам треба да си креираш. Зашто навистина нуди магични опции.
     
    На Kukla994, Someonespecial и Ketchup им се допаѓа ова.
  10. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    3.959
    Допаѓања:
    41.863
    Пол:
    Женски
    Јас ја користам апликацијата InstaSquare Lite и сум задволна од апликацијава. Можеш да правиш колажи, има многу ефекти и ред други работи. За инстаграм најчесто ја користам апликацијата, има многу убави ефекти, симнував и други апликации, ама никогаш неможев да погодам некоја баш како за мене.
     
    На Aleksandar1212, Ketchup и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    12.927
    Допаѓања:
    162.166
    Пол:
    Женски
    Леле, сеа сфатив каква глупост сум прашала... некако целиот збор ми се читаше чудно и не ми текна хахаха, бруки :rofl: Не ми работи мозоков денеска дефинитивно :$ :tmi:

    Ова за колаживе мислев на такви како @Kukla994 што правеше порано во Фемина Инстаграм (со различни облици, рамки со замаглени делови од сликата итн), ептен ми се допаѓаа. 8-| На Cameringo најдов нешто слично, ама не е тоа - тоа. :D
    Кукле, ај просветли ме што користеше златна :lol:
     
    На Kukla994, Lady Phoenix и Ketchup им се допаѓа ова.
  12. Ketchup

    Ketchup a cup full of holy spirit Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    5.481
    Допаѓања:
    39.274
    Ко што кажа Спец, не мора да е од Play Store, само името на апликацијата со бројката од последната верзија и на крај ќе допишеш mod на гугл. Доколку така не ти ја отвара, ќе си симнеш VPN - Hola. Апликација која ти овозможува да ги имаш апликациите кои не се достапни кај нас.
     
    На ana992, cresa-jagoda, Kukla994 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.660
    Допаѓања:
    46.969
    Jas koristam Aviari, pick kolage, Keco mi gi otkri i na mene isto taka snapseed i picsart ( I za gifcinja mi sluzi dosta) I porano Vsco koristev isto taka Keco mi go imase kazano. Jas ne prebaruvam, imam koj da si mi kazuva :P :P Blagodarnost do nego :♡
    Ne znam tocno za so zboruvas Spec ama kolazite gi praev na pik kolage ili na picsart...
    Zadovolna od sive a najmnogu od aviari. Ne znam, postojano se vrtkam okolu toa cudo :D :D

    Na kompjuter nemam sednato od vremeto na Tito pa...da mi e zdrav I ziv mobilniov :D
     
    На cresa-jagoda, Спасееееее, baba Rada и 3 други им се допаѓа ова.
  14. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    3.209
    Допаѓања:
    58.831
    Пол:
    Женски
    Ми дојде интересна темата затоа и ја зирнав. Многу сакам да најдам некои апликации добри за правење слики сега си ги симнав овие што сте ги предложиле да видам како ќе ми иде со нив. Сакам да ги правам фотографиите ми претставува задоволство тоа и опуштам мозок така. :D Не користам некоја апликација што не ја знаете, претежно сликите ги правам на VSCO ( не се нешто wooow ама како за почетник не се лоши ) i Photo Grid.
     
    На crazylady, Winter Lady, Lady Phoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.199
    Темава е одлична и многу ми се допаѓа.

    Претежно сликам со мобилни телефони,имам дома апарат дигитален(никон) али многу ретко го користам,затао што по практично ми е да сликам на телефон и одма да ја средам сликата на телефонот.

    Иначе користам(snapseed,vsco,prisma,photoshop,photoscape),зависно нели од тоа што сликам.
     
    Последна измена: 18 октомври 2016
    На JollyGirl, joy1, Winter Lady и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.199
    Дечки пред малце открив нова апликација за средување слики,и стварно е многу добра.Ја расчепкав набрзина и ми се допаѓа.Па ви ја препорачувам да си ја симнете и пробате.


    (https://play.google.com/store/apps/details?id=com.kvadgroup.photostudio&hl=en) photo studio.
     
    На cresa-jagoda, macka91, Lady Phoenix и 2 други им се допаѓа ова.
  17. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    3.209
    Допаѓања:
    58.831
    Пол:
    Женски
    PicsArt_10-18-01.38.44.jpg

    Ја пробував апликацијата PicsArt. Дефинитвно не ме бидува. Ја може да сликувам друг да ги обработува сликите :D
     
    На crazylady, ana992, Sky-butterfly и 10 други им се допаѓа ова.
  18. wanderlust

    wanderlust Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2015
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    2.381
    Обожавам да фотографирам а воедно и уредувам фотографии, едноставно ме опушта.
    Сега сликам само со мобилен бидејќи можам веднаш да ги обработам фотографиите.
    Најмногу ја користам а воедно и најмногу ми се допаѓаат ефетктите на VSCO.
    Ја користам и PicsArt поради Bokeh ефектите, има голем избор.
     
    На Someonespecial, Ketchup и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  19. JustBeautiful

    JustBeautiful Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    PicsArt, Snapseed и Overam, овие ми се топ 3 апликации за уредување слики. :)
     
    На lovemme, Acka22, Lady Phoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Golden Rouse

    Golden Rouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Snapseed e najdobra definitivno
     
    На Emma2, Ketchup и Lady Phoenix им се допаѓа ова.