Мислам да. На инстаграм на профилот на студентарија имаше од агенцијава одговори на повеќе прашања, можеш да отвориш да видиш. Колку што се сеќавам рекоа дека може.
Може секако. Дури можеш и со дечко ти да уплатите и да отидете заедно, без заебанција. Јас бев оваа година иако сум апсолвент, имаше неколку другарки четврта година средно се договориле и отишле заедно, исто имаше и постари луѓе кои дипломирале пред три години, а веќе работат. Единствено само ако не си полнолетна па да не можеш да одиш, се друго е ирелевантно. Иначе ја нарекуваат апсолвентска екскурзија од причина да не биде раскашено со секакви генерации, туку мнозинството или поголемиот дел да се апсолвенти (генерациски иста година) кој поголемиот дел ќе се познаваат меѓу себе и ќе бидат поопуштени таму за максимум доживљај.
Читав на интернет дека на екскурзијата има алкохол, секс и други работи вистина е? https://forum.klix.ba/ljubav-i-seks...ija-vrijeme-prevera-apsolventi-t50494s50.html https://clocktravel.rs/ekskurzija-jul-2022/krstarenje-mediteranom-12/
Некој лани што беше преку Рапсоди, ако може да ми каже (ако сака) отприлика колку го фати. Факултативи, за таму за трошење. Годинава од Европа само во Хрватска бев и тоа убаво чешаат по кафичи. Да не кажувам сеа на која ќе идам. Ама еве за 10 дена колку пари би требале? ја рачунав 1000€
Зависи на колку дена ќе идеш. Ние тие денови имавме предавања, мислам имаа тие шо беа у Ск. Ја за 12 дена носев негде 600-700€ и вратив 20 ама идев на неколку факултативи, си купував работи, за на журките за пијачки. мене ми беше најнајубаво нешто. Сум била на истата тура со моите ама ова беше скроз друг experience