Обожавам екскурзии, уште од мала. Таа што ја имав во средно беше Виена, Прага, Будимпешта, Белград. Траеше 7 дена, а чинеше 200 евра. Супер си поминав. И не знам зошто толку ви е тешко патувањето во бус или трчкањето наоколу со апаратот во рацете. Според мене, најзабавните работи се случуваат токму во автобусите Сега сум 3та година на факултет, и едвај чекам следната, здравје, да одам на апсолвентската екскурзија. Се сеќавам лани имаше плакати на факултетот, 18 дена, 500 евра, многу градови - Барселона, Рим, Амстердам, Виена, Париз и уште многу други.. За ништо на светот не би го пропуштила ова искуство. Башка, ако уште одам со дечко ми, кој ми е колега, уште поубаво ќе биде
Јас здравје треба годинава да одам на апсолвентска, па на секоја кафе-пауза во бифе, со колешките тоа ни е главна тема Инаку, сестра ми лани беше на екскурзија низ Европа, и прошета голем дел од градовите што треба да ги поминеме ние. Па ни даде неколку предупредувања, меѓу кои и тоа дека во некои ресторани се наплаќа за седење. Ама некаде пишува во менито, а некаде не. Освен тоа, ми раскажуваше дека во Милано, на тој плоштадот со гулабите, имало многу лопови со разработена техника. Некој од тие, на сестра ми и ставил зрна во рака без нејзино барање, буквално и ги тупнал, и веднаш гулабите и ја нападнале раката за да јадат. А во меѓувреме, овој демек и ја придржува раката, пробал да и украде прстени или алки (што за среќа сестра ми не ги носела). Дури на една слика јасно се гледа како пробува да и извади некој накит од рацете. А потоа како капак на се, и барал 5 евра за зрната и почнал да ја брка кога одбила да му даде За среќа туристичкиот водич ги предупредил дека на плоштадот има многу лопови, па се пазеле. А тие па и ташничиња околу половина си носеле за да го стават внатре украдениот накит.
Едноставно најубавото нешто, што може да ви се случи е апсолвентската ескуризја, незаборавни спомени, кој има можност нека не пропушта.
А влезниците не се вклучени во тие 500 евра? Во нив само сместувањето и превозот се вклучени? Јас сум апсолвент годинава и се мислам дали да одам. Сакам да одам, да прошетам, а и не ми изгледа скапо 500 евра за 18 дена, но од друга страна некако уште размислувам, на два ума сум.
Внатре мислам дека не спаѓаат влезниците, но зависи од агенцијата, доколку не спаѓаат околу 200 евра ке си носиш за влезници максимум. Немој никако да се двоумиш, и доколку не ти е голем проблем немој да ги жалиш парите, зошто вреди и повеќе од тоа, 18 дена психичко опуштање, шетање на преубави места што можеби никогаш не ке можеш да ги видиш, или само за патување до едно или две од тие дестинации ке ти требаат толку 500 евра и повеќе. Нешто преубаво е апсолвентската екскурзија, и јас бев скептик се додека не појдов Ох што сакам да сум пак апсолвент...
Ќе ги замолам тие што биле на апсолвентска ако не им е проблем да споделат искуства со туристичките агенции со кои отишле на екскурзија - позитивни, негативни, кои нудат подобри услови и сл., па и за таму ако можете кажете по нешто - безбедност, кражби, на што да се внимава, што е поскапо, што поевтино, на што да се штеди итн. Фала .
Ние бевме со Дипломатик, одлични се, немавме никаков проблем, се беше по договор. Влезниците не се влезени во тие 500 евра, ке ти дадат список од агенцијата кои места ке ги посетите и отприлика колку се влезниците, па ке знаеш да испланираш колку пари ке ти појдат за тоа. Париз е најскап за влезници. Јадење, зависи што јадеш, јас си имав земено двопек, бидејки мнОгу го јадам, и зденки па кога ке ме фатеШе криза тоа јадев, таму прилично јадењето е скапо, грицки, благо, сокчиња. земи си обавезно, барем за првите денови па после ке си купуваш. За кражби, имаше и треба да се внимава особено на парите и пасош, на безбедно, во тебе, под блуза во тие кесињата што се околу врат. За пари, зависи колку ке потрошиш, јас одприлика потрошив 500 евра, имав колеги што потрошија и по 700 и по 800 евра, имаше и што останаа без пари, па им се јавуваа на родителите, па тие одеа во агенција во ск, оставаа пари, па агенцијата се јавува на туристичкиот водич што е преставник за агенцијата и цело време со вас, и тој им даваше пари колку што осТавиле родителите, а агенцијата ги пушташе на картичката од водичот, така да за се може да се снАјдеш. Реално мислам без штедење со 500 евра може да се помине таму, ако не пазаруваш многу поклони и со помалку можеш. Хотелите се убави сите, а јадењето во Шпанија е најзакон. Обрни внимание за факултативните излети, тие се плаќаат посебно, зависи што сакаш да посетиш. Тоа се во агенција да си прашаш. АКО те интересира поконкретно пиши ми инбох. позз Кога би имала шанси повторни би одела, без размислување
Јас бев преку туристичката агенција Арка и задоволна сум од организацијата, немавме проблеми ниту пак било какви непредвидени доплаќања, кои не беа наведени во програмата. Екскурзијата беше 500 евра, а во тие пари не беа вклучени влезници, тоа дополнително си доплаќаш. Исто така не сум имала проблем со кражби и такви непријатности. Дури се случи еднаш една колешка да го заборави мобилниот во хотел во Париз, а веќе си тргнавме, па се вративме и мобилниот беше на рецепција, чистачката што чистела веднаш го симнала на рецепција. Најопасно ми се чинеше дека е во Ница и во Лидо ди Јесоло во Италија. Во Ница бевме сместени во хотел во еден црнечки кварт и беше така малку опасно, па водичите не предупредија да излегуваме во групи, никако сами девојчиња. Во Лидо ди Јесоло во хотелот во кои бевме сместени се случи кражба, ги испокрадоа сите што беа на прв спрат, зошто беше многу ниско. Среќа тоа ни беше последен ден, па немаа колегите многу пари, ама апарати, камери се им испокрадоа. После беа водичите во полициска станица, правеа записник, ама ништо не направија.
А дали бил некој со Парадизо Флај? Им ја гледав понудата на интернет страната и добра ми се гледа, не ги вклучува Рим и Верона, но се оди и Будимпешта, Виена, Минхен, Амстердам, покрај другите градови. Кај нас на факултет треба да се избере дали со Парадизо или со Хисар, но ако не сака некој со овие да оди може и со друга агенција да оди. Некои што биле лани со Парадизо воопшто не се задоволни, не испаднало се како што им било ветено.
Денес ни дадоа прва понуда на факултет за апсолвентска екскурзија и толку ми требаше, јас веќе знам што ќе спакувам, за храна малце што ќе понесам, што треба да докупам, само уште да се тргне! Здравје Боже до тогаш има време ама секако ми е во план да одам! Во принцип од сите патувања сум се враќала презадоволна и не наогам мани на се и сешто, а и во се има нешто позитивно! Е добро сега сигурно нема да ми биде сеесто ако цело време врне или да настинам, било што нешто такво непредвидливо, ама и за тоа ќе се најде решение За спиење во автобус не се ни замарам, на гранче да ме ставите ќе заспијам (не за џабе сум СПАНКО )! Додека не се уплатат пари и не се тргне нема да бидам мирна а до тогаш многу делови треба да се спојат, се надевам ќе биде се како што треба!
Јас мислев дека нема да дотерам до апсолвент на времето , па така во втора година на факултет, си уплативме со другарка ми скратена апсолвентска, околу 15 денови, за време на летниот одмор, со мешана раја - тинејџери, факултетлии, тазе земени, родители со дечиња и баби и дедовци. Така, автобусот сВе ми боје лепо стоје, под водачката палка на мистер Васко Форти (агенција Нехар), почна бесно да го граба асфалтот и кинисавме - Италија (Лидо ди Јесоло, Венеција, Верона), Шпанија (Лорет де Мар и Барселона) и Франција (Кан, Ница и Монте Карло). На времето беше страшно евтина турава, околу 380 евра, јас потрошив уште некои 250 евра, за влезници, ситници, некое парталче во Барселона... бев многу штедлива, во смисла на јадење, просто не ми се даваа 5-6 евра за сендвич и гладував, од инат, а потоа се вратив со многу убава фигура. Повеќе ми се исплаќаше да си пијам сангрија во Лорет, 1.5 л, некои евро и пол, две, неголи да јадам. Станав хроничен пијандура тие денови. Инаку, не бевме на сите излети, навистина не можев да си дозволам, го скокнав Фламенгото, музејот на Дали (криво ми е за ова второво реално, ама се надевам ќе имам шанса за поправен)... Организацијата беше добра, водичот - прича сама за себе, во една јапонска ботаничка градина зема да ни собира по 2 евра влезница, а после испадна дека е бесплатно, па ги враќаше, без малку циркус па и не оди, реално. Горе-долу за тие пари бев прилично задоволна, ако го исклучам фактот што од тогаш замразив возење со автобус чинам засекогаш, и на сите слики сум гроги со подочњак... Некои ќе речат - абе вожњата во автобус е најјако нешто браааат, журка; 24 саати возење со попатни паузи и подуени листови и стапала од недоволна циркулација it's not my idea of fun, ама пак ќе кажам - кога другпат ќе имате можност за такво убаво искуство? Генерално се трпи, ама не би тргнала пак... со автобус!
Од кога се запишав на факултет буквално мечтаев за апсолвентската екскурзија. Собирав искуства од луѓе, се распрашував постојано. Многу сакам екскурзии, многу сакам шетање и да имам сега пари како што го имам целото слободно време на светов нема да се вратам дома со месеци, море со години нема да се вратам постојано ќе шетам. Стигнав до апсолвентка, почнавме планови со колеги/колешки, стигнаа понуди, паднаа договори (а летото пред да почнам со 4-та година факултет си направив пасош да бидам спремна). Скоро секоја година ме фаќаше алергија и за да биде бељата најголема ме фати и пред апсолвентска . Ама алергијава која обично минуваше за 2-3 недели, верувале или не се задржа 3 месеци. 3 месеци ме лечеа и ме шетаа на клиника дур да сватат дека јас немам алергија, туку исипот што ме исфрла е од што имам цревни паразити (глисти) . Така фино лепо ја пропуштив екскурзијава која ја сонував, која ја посакував. И ден денес жалам што неможев да отидам. Кога се присетам ми се плаче, ама со „алергија“ немаше теоретски шанси да тргнам (секој 2-3 ден ми ставаа инекции). Е сега дипломирана и без пари ја немам таа можност и никогаш нема да ја имам. Затоа на сите им препорачувам да отидат, за подоцна да не им биде криво. 95% од луѓето кои ми споделиле искуство од апсолвентската биле презадоволни, си поминале преубаво и викаат дека е тоа неповторливо искуство. Најмногу од се сакав да одам и да прошетам, но имаше нешто посилно од мене.
Не се вклучени влезниците, тука ти е превоз, сместување и некаде доручек, некаде доручек и вечера, а во Лидо Ди Јесоло треба да се три оброци, ако не се лажам. Се тоа ќе ви го дадат на понудата испечатено. НИ СЕКУНДА од времето не троши на размислување дали да одиш. Јас размислував и на крај решив да одам...немаше никогаш во животот да си простам да пропуштев такво нешто. Поубаво доживување нема да имаш. Точно е дека е мачно во автобус, дека некои работи се гледаат само на трчање, ама сите тие слатки маки ги споделуваш со полниот автобус со луѓе, познати и непознати, со пријатели и познаници кои ќе станат исто така пријатели и кои страшно ќе ти недостасуваат кога целиот сон ќе заврши. А за буџетот се е тоа индивидуално..јас потрошив околу 600 евра, со тоа што бев секаде освен во Лувр( од причина што повеќе ме интересираше Нотердам) и во Ватикан (затоа што ми се шеташе низ продавници) Работи кои би ти ги препорачала се: ако сакаш да купиш нешто од техника направи го тоа во Минхен. Цените им се доста поевтини отколку кај нас. А ако сакаш да купуваш гардероба чекај да стигнеш во Барселона....уффффффффффф сакав цела да ја купам Никако не го пропуштај Дизниленд, зошто тоа е бегство од реалноста. Влагаш и мислиш дека си во бајка. И никако не го пропуштај Версај...пази во Париз каде ќе јадеш зошто на Шанзе Лизе цените се мајко милаааа...никако не заборавај во пивница во Минхен да пробаш бели германски кобасички, а во Шпанија во Лидо Ди Јесоло опушти си ја душата. Пиј огромни коктели на плажа( така ќе добиеш и ланче со цветови), оди по дискотеки и уживај. Има предобра забава со многу достапни цени. Ако можете избегнете ка Т.А Оскар, јас бев преку таа...водичот беше наркоман кој никога не искочил подалеку од Македонија, незмаеше ништо да каже и 100 пати не изгуби...Поздрав
И.вана ме изнасмеа со водичот што ве изгубил Туку јас сакам да ве прашам ва однос на гардеробата. Не знам какво е времето во сите тие држави па ме интересира од прилика што носевте. Друго што ме интересира е каде се миевте кога немавте ноќевање (по бензински, кафичи??? ) Исто една другарка ми рече дека носела 8 литри вода. Стварно ли има потреба од толку вода, каде воопшто ја стававте? И од храна што носевте?
Едно прашање до оние кои веќе биле: На екскурзија веќе се отидени повеќе факултети. Имам познаничка што моментално е ми се чини во Париз преку Парадизо Флај, ама од тоа што и го пишала на мајка и, не била задоволна од организацијата. Имено, во секој хотел при сместувањето оставале по 10 евра за евентуална штета, кои после при напуштањето не им биле враќани. Јас цело време се мислев да си уплатам во Парадизо, ама ова некако ме предомислува. Некои вакви проблеми да сте имале?
Јас имам отидено лани на апсолвентска со Collegium Hisar. И минатат година, дел од колегите што беа со Парадизо не биле нешто многу задоволни, за разлика од нас што со Хисар поминавме нај убаво ...Топло ти ја препорачувам оваа агенција бидејќи се беше организирано во најдобар ред..Ако имаш можност одбери ги нив, понудата, односно местата по кој што идат се речиси исти со тие на Парадизо...За ова што платиле во хотели за евентуални штети, го праевме и ние, со таа разлика што на нас ни ги вратија парите кога го напуштивме хотелот ... Ако имате било какви други прашања поврзано со апсолв. екскурзија, повелете ви стојам на располагање ..Уште ми се свежи спомените затоа
За јадење јас имав земено грицки, сокови, кроасани, ладни сендвичи кои ги имав спремано од дома и ги завиткав со фолија, зденки, двопек итн., и сето ова ми беше доволно за првите 4-5 дена. Што се однесува на водата, со себе понесов 12 шишиња вода, од тие малите, пошто ми беа по практични за носење . Кога тие ми завршија, купував таму пошто не е нешто многу скапа, посебно не во Шпанија. За влезниците јас имав потрошено 180 евра..Ги имав посетено речиси сите факултативни излети, а и моја препорака и совет е и ти да го направиш истото ...Попрво би заштедила на некоја облека, на купувауње сувенири, на јадење или на нешто друго отколку да не ги видам тие прекрасни места. Ако уште нешто друго те интересира прашај ме слободно , се надевам ова што го напишав да ти биде на помош.
Спојлер Добро, зошто купувате толку многу вода, кога велите дека и во другите држави не е многу скапа? Само да ви тегнат куферите и торбите.
Јас лично земав толку пошто немав кого да прашам тогаш кога трнав јас, а и нема да ти тежи многу пошто тие шишиња кои не ги користиш нема да ги носиш со себе цело време, ќе ти стојат во автобус. Јас тие 12 шишиња ги имав потрошено за нецели 6 дена, а патувањето е 18 дена, така да кај и да е ќе си купиш пак, не велам дека не . Сепак ова е совет, секој ќе носи колку ќе мисли дека ќе му биде потребно.