апсолвентската екскурзија е нешто што се памети цел живот но ако имаш друштвенце тоа е прав погодок јас бев со моите другари и другарки кои ми се и колеги од факултет . седевме на последните седишта од автобусот и поминавме 18 прекрасни дена.бевме преку diplomatic travel слободно можам да кажам дека беше се на професионално ниво. се што беше наведено во понудата се исполнија. е сега конкретно за екскурзијата поминавме преубаво многу е напорно ама вреди да се оди. бевме секаде видовме мн работи друг свет култура. забави журки по пат. во автобус пиевме пеевме имавме закон шофер застани насабајле оди миј се заби на некоја бензиска. јади во автобус пресоблекувај се спиј се беше во тој простор запознаваш други луѓе се снаоѓаш по улиците на европа молиш за вода аххх сакам пак!!! за јадење и пиење земете колку што можете да носите . за првите дена само потоа ќе си купите. секаде се цените повисисоки од тука ама се може да си дозволите освен во франција т.е париз таму е прескапооо .ние пред тоа бевме во шпанија па така нашите ратни резерви ги обновивме таму за облека земете повеќе маички некои блузон фармерки и панталони покомотни за патување некоја потенка јакна,чадор обавезно и купачи. ај земете ме и мене
Леле уште два денаааааа и одимее Мене ме интересира дали се вративте ослабнати и здебелени Спојлер Не, озб бидејќи јас пишувам -4 кг у старт . И давјте совети што да земам за јадење, и за вода се чудам што да правам, колку да носам.. Не ми е јасно како сте носеле цели пакети, па тоа има да се згрее и м*чка да стане И ме интересира колку пари отприлика потрошивте, без тие за карти. Јас мислев да носам околку 500 евра, 200 за карти а 300 за трошење, и да поминам најскромно што можам. Колегите викаат да не се глупирам, 300 евра на скоро 20 дена се во просек по 15 евра дневно, со кои што се вика ни вода не можам да купам Јас секако ќе носам повеќе, ама ќе гледам да поминам што е можно поскромно ..
Јас се вратив малку ослабена . За јадење имав земено двопек, клифли, зденки, кашкавал (од оној по 8 парчиња што е пакован), грицки, благо, паштети растителни неколку, крем сирење, сокчиња и многу вода. Носев 2 паковки со мали шишиња, едната ја распоредив в куфер, а другата под седиште и кога ми требаше си вадев и пиев и ми стигна до последните 2 дена, па си наполнив од Италија бидејќи таму водата се пие. Инаку да купуваш, многу е скапа. Јас лично не купив, ама колешките да, и плаќаа 1.50 евро за мало шише, а за големо повеќе, пр. 3 евра, не сум сигурна. За пари, 200 евра за влезници нема да ти бидат доста ако сакаш да посетиш повеќе места. И јас така планирав ама дадов 250 за влезници, а за мене не потрошив многу, 120 евра. Не се стегав, туку не трошев пари на глупости, купував сувенири, нешто за јадење и така, но секако дека носев повеќе за секој случај, сепак 18 дена се. И да ви кажам дека ќе плачите кога ќе се враќате. Нема да ви се доаѓа назад, мене ми е така, уште тагувам , ај да дојдам пак со вас . Многу беше убаво! Убаво да си поминеш, ако сакаш плус инфо пиши лп!
Ете и мојата помина па да пишам импресии... Значи си поминавме преубаво, се прошетавме малку. Најмногу ми се допадна Барселона и Амстердам. За тие што ке одат наредна година да си знаат дека од 01.01.2013 нема веке марихуана во Амстердам за странци Најмногу се расправавме дали да одиме со брод или не еден ден. Значи кој и да ви кажува дека во бродот има секаков народ и дека ке ви направи некој нешто не е точно. Има во бродот секакви ама ако не си ја бараш бељата нема ништо да ти се случи. Јас да треба да одам пак, не би одбрала со брод, многу досаден беше тој ден таму. Кога ја отворив темата реков да не се пишува за агенции ама сега мислам дека треба, затоа што убаво е да се знае. Ете ние немавме избор па моравме да одиме со Хисар. Им ветија на неколку студенти дека ке одат бесплатно па немавме многу избор. Баш за тие работи што ни ги кажуваа ко предност излегоа дека се најслаби на нив. Прво програмата не чинеше, Монако и Фиренца ги видовме ептен на кратко и тоа ноќно време, имавме два дена во автобус едно по друго (макар што се издржува јас мислев пострашно ке биде), сите агенции ги носеле студентите во Ноу Камп ние демек немавме време, дадовме 280 евра за карти а сега кога гледам сите други агенции многу повеке шетале од нашата. Во Лувр бевме саат време, во Дизниленд влеговме само во еден дел, во Амстердам од 100 музеи ниту во еден не отидовме (освен тој за дијаманти што повеке е продавница отколку музеј). Тие забавите ми беа многу безвеза освен Графит парти (ова е мое мислење за забавите, на некој може му се допаѓаа). Пред Версај ни земаа по 7 евра за паркинг а не бевме таму ни два саати. Таа дискотеката Холивуд во Шпанија со која се фалат СИТЕ наши агенции, има послаба музика од системот мој дома. Уште и немаше никакви евтини пијалаци како што кажуваат. Второ, се фалеа со превоз. Ако одите на апсолвентска со која и да било агенција ни случајно немојте во двоспратен автобус, далеку е потесен од едноспратен, плус едвај се наоѓа место за куфер. На секоја станица по 10 минути треба да се наполни и испразни автобусот. На едниот автобус му пукна гумата кај Кан што е нормално за толкав пат, саат време чекавме да ја намесатат затоа што немаа соодветен алат. Па сиротите возачи мораа да импровизираат нешто за да ја наместат гумата. Плаќаме паркинг секаде а автобусите на улица ги паркираа, па на едно девојче му го снема индексот. Трето, ни пратија водичи од Босна. За водичите немам зборови, беа пријатни, фини, убави, знаеја да објаснат се, знаеја да направат забава кога најмалку очекуваш, ама не знаеја македонски. А доста од студентите не знаеја босански. Побогу, зар нема наши водичи па мора да увезуваме од Босна? Плус на автобуси од по 90 луѓе пратиле по еден водич. Можеби догодина ке ја сменат програмата и начинот на работа, но ако е истата програма од годинава, никако немојте со Хисар.
Ние бевме со Хисар па напротив, бевме презадоволни. Прво за на бродот не слушнавме воопшто коментари дека некој нешто ќе ни направи, не знам од каде ова. Второ точно е дека некои градови се посетуваа на пократко време, некои дење некои ноќе, ама преку секоја агенција е така, не може поинаку. Ако ние сме биле помалку време во еден град, други во друг и така. Ние бевме во Ноу Камп и можеше да влезе кој сака. За во Лувр точно дека бевме кратко време ама пак ќе кажам дека не е можно секаде да се стигне и да се седи неограничено време. Сите екскурзии се на брзање, тоа е и интересното да видиш што повеќе. За во Дизниленд искрено да те прашам дали ќе можеше да седиш во парк 4 саати и да одиш 4 саати во студио? Мене а и на другите малку ни беа и 8 саати во парк, и вака многу работи не видовме, а со 4 саати што? За забавите ќе кажам дека се е прашање на вкус, забава како забава кој кога беше по одморен тогаш си поминуваше поубаво. За превозот па воопшто не си во право. Прво во двоспратен има повеќе луѓе 70 и нешто мислам дека собира, што е позабавно и повеќе услови. За седењето, ние седевме на вториот спрат најнапред, значи уживав кога се возев, за спиење ги пружавме нозете како на спална. Другите што беа доле исто имаа некои поволности, маси а и си ги пружаа нозете едни накај други. Секако не им беше на сите толку убаво ама никој од кај нас не се пожали на ништо. За возачите немам коментар, вистински професионалци, излегуваа во пресрет на секого за било што, дури во Парис навечер дежураа, го чуваа автобусот. За водичите уште помалку, значи мислам дека подобри и не можеа да бидат, посебно нашиот. И знаеше да објасни за се, и да не насмее и да ни помогне за било што. Тоа што беа од Босна ни беше уште поинтересно, научивме некои нивни изрази па се шегувавме цело време на нивна сметка. Даваа се од себе да биде се како што треба. За крадење се крадеше, ама не беше никој крив. Пробаа да ни го украдат автобусот, се крадеше од по терасите, едно девојче остана без пасош, ама водичот постојано не предупредуваше да внимаваме. Така да, прво девојчето немало потреба да носи индекс на екскурзија, а второ и го снемало затоа што таа не се грижела за него. И да, ништо не би сменила и повторно би оделе со Хисар на истата тура. Секако имаше и истоштувачки моменти но без нив тоа не би било тоа. Е сега колку што забележав, ние од нашиот автобус бевме најзадоволни. Дали тоа беше поради возачите, водичот или едноставно до нас не знам. Иначе во нашиот автобус беа сите студенти кои беа агенти, па можеби покрај нив и ние ги добивме најдобрите професионалци.
А дали има ограничување на багажот кој колку кг смее да носи, исто и за храна? И дали во автобусите има веце (претпоставувам да, ама да си прашам за секој случај ). И уште нешто, самите агенции ви доставуваат понуди и се оди таму за кај што има мнозинство или? Не сум запознаена со ова баш
Конкретно ограничување на багажот нема ама сепак треба да се има некаква мерка. Повеќето носеа по еден куфер, ама некои имаа мал, некои среден, а некои огромен и не можеа ни да ги носат. Сепак негде има скали и треба да се дигне тој куфер па по двајца машки им ги носеа. А и скоро секој ден има сместување и заминување од хотел, па и возачите постојано ги вадат и ги ставаат тие куфери што е многу мачно, а сепак и местото за куфери е мало. Накратко никој нема да те врати со куферите, ама сепак ако ништо друго заради тебе ќе си понесеш она што ти е неопходно. Исто и за храната не е проблем ама секако не можеш да понесеш кој знае колку храна бидејќи ќе ти се расипе. Отприлика тоа ќе ти фати една торба и плус пакетите со вода . Веце има ама не функционира. Од проста причина што по пат нема доволно места каде да се празни вецето ама на секои 2, 3 саати се прави пауза. Кога јас немав проблеми за во веце, никој нема да има Иначе агенциите прават понуди, може да се иде преку која агенција сакате немора да ви достават понуда ама мора да има најмалку 45 патници
Минни тоа за бродот го кажуваа другите агенции, не убедуваа да не одиме со Хисар, демек бродот е лош избор. Ама излезе оти за џабе збореле. Немаше инциденти никакви на бродот. Второ, и јас си мислам дека видовме многу. Но погледни ги сликите на студентите од скоро СИТЕ други агенции . Искрено, Хисар имаа најлоша програма.Се надевам догодина ке ја променат.Секаде само крстарења по реки, затоа што најисплатливо им е. Платиле децата за крстарење по Сена, а немаше место во тоа бротчето па цел саат стоеја на ветрот, на надворешниот дел од тоа бротчето. И мноогу сум изреволтирана што како фан на Барселона не влегов во Ноу Камп. Ми рекоа го нема тоа во понудата, имате еден ден слободен, ако сакате сами организирајте си превоз од Лорет де Мар до Барцелона и одете. А во понудата си пишува Ноу Камп (факултативно 22 евра) и имаше голем број на заинтересирани.Јас бев во првата тура и никој не влезе во Ноу Камп, може тие од после тоа тури влегле. А за Дизниленд, ете успеале од другите агенции да стигнат и на двете места.И не беше само Лувр, трчејки поминав низ дворецот Шонбран а немав време ни да ги ѕирнам градините. Исто и во Волендам и тоа другото село исто. Дали на 70 луге автобус имаше двајца водичи? НЕ. Реално да збориме, на повеке од 70 луге еден водич е премалку, уште ако и збори на босански. Си дојдовме појма немаме кај сме биле, бараме на нет да видиме местата како се викаат. Маса има една или две во автобуот, ама за тие две маси прашај ги другите долу како се теснат. Се возев и во едноспратен и во двоспратен, дефинитивно покомфорно е во едноспратен. За возачите и водичите и јас немам коментар. Некои се жалеа на смештајот. За тие пари, сите хотели беа добри. Е сега и да не се погоди некој хотел ке издржиш за една вечер. Го чувале во Париз автобусот, многу јасно, кога со нас( што тргнавме со првата тура) го оставија на улица и снема пасош од него. Во цената што плакаме спаѓа и паркинг, зошто тогаш да го паркира на улица? За тие пари што му ги дадовме во Версај за паркинг има цела недела да плати паркинг во Париз. На вракање ние капнати од пат, тие ни викаат ке постоиме после македонска граница три саати, оти така има договорено агенцијата со некоја телевизија за снимање. Срека што се побунија поголемиот дел од децата па чекавме само саат време. Јас не сум од Скопје им се јавив на моите да бидат во 7 во Скопје, благодарение на циркузите нивни стигнавме во 9. Сум патувала на одмор со Хисар и би ги одбрала пак, но за апсолвентска екскурзија никако (мое мислење секој различен впечаток има).
Да да, и не знам дали затоа што тргнавме први имаше вакви грешки, еве гледам слики од тие покасно што тргнале подобро било.
Ние лани бевме со Хисар и најубаво си поминавме...Речиси се што беше во програмата беше реализирано, со некои мали исклучоци кои сепак беа решени со договор и разбирање..Во Дизниленд бевме цели 7 часа и мислам дека беа доволни..Се качивме на Ајфелова Кула, бевме во Ноу Камп (и во музеот и внатре во стадионот), во Лувр, кај фонтаните во Барцелона,ги посетивме трговските центри, и во Австрија имавме цел ден за шетање, пошто првиот ден беше резервиран за Schonbrunn, Belvedere и зоолошката градина..И во Италија беше претежно се реализирано според програмата...Со водичи како Горан и Вања тешко да не бидеш задоволна ..Љубезни, опуштени, ораганизирани, забавни а бре што друго да кажам
Интересно. Значи заедно сме биле, во истата тура, а имаме сосема различни размислувања. Е сега не знам во кој автобус си била, пошто секој автобус беше приказна за себе, различни хотели, шофери, водичи
Кој период се оди на апсолвентска екскурзија? После првите колоквиуми или? Гледам погоре е спомената прва тура на 1 април.
Многу ми се оди на апсолвентска екскурзија! 4та година сум сега, и би требало да се организира нешто на ниво на универзитетот. Само, кога ги прашував колегите за одење, повеќето кажаа не. Едни ќе одат за Америка, други за Германија, трети повеќе би ги дале тие пари за одмор во Шпанија на пример.. Мене ми е битно и друштвото, ама ако сум со дечко ми, би одела и така. Е сега, проблем се финансиите, како и секогаш. Знам дека 500 евра е екскурзијата - ме интересира дали во хотелите плаќавте само спиење, без храна или имавте еден оброк? Плус 250 евра за влезници отрпилика, и уште колку ви требаа за џепарлак? Навистина ми се оди премногу, ама не е до мене. Парите што ги заштедив од лани од Германија, и оваа година ќе ги дадам за тоа. Ако немаат моите да ми ја платат екскурзијата, нема да одам, за жал. Ама подобро би работела 3 месеци во Германија да заработам некое евро, отколку за 18 дена уживање после да чмаам дома цело лето.
Ноќевањата се вклучени во тие 499 евра. Е сега некаде имаш ноќевање со појадок, некаде полн пансион. И верувај дека за тие 18 дена вреди да чмаеш цело лето, барем јас така мислам И јас едвај чекам да дојде време за тргнување Инаку по она што го прочитав овде на форумов, доволни се околу 300 евра џепарлак, плус тие 200-250 за влезниците. Сепак, од агенцијата треба да ни дадат комплетен список со цени на влезниците. Според тоа ќе си видеш отприлика колку ќе чинат влезниците.
Јас бев лани со Хисар и супер си поминав. Маршрутата беше добра, многу места видовме и посетивме, презадоволна сум и екскурзијата секогаш ќе ми остане во убаво сеќавање, но мислам дека можеше малку поорганизирано да е за некои работи. Не сум задоволна од распределбата на времето. Другото во главно беше супер. Некаде имавме премногу време, а некаде премалку. Можеше подобро да го испланираат времето за престој во градовите. Не дека не шетавме, но сепак 9 часа се премногу да ги поминеш на едно место и да одиш нагоре-надолу по истите места. Не велам дека градовите се мали или немаат што да понудат напротив тие се прекрасни и има толку многу работи за да се видат, што не еден ден, туку една недела е малку за да се посетат, разбирам дека сите сакавме да прошетаме слободно, да го почувствуваме шмекот на градот без темпирано време, но можеа да направат подобра распределба на времето. На пример, имавме премногу слободно време во некои градови (Виена, Амстердам и Ница). Во ред, сфаќам дека автобусите мораа да паузираат по 9 часа после одреден број на изминати км, но наместо да поминеме 9 часа во центарот на градот можеше да поседиме повеќе на некои места, па другиот дел в град. Спојлер Пример, во Виена. За во Шенбрун имавме максимум 2 часа, од кои 1 час траеше посетата на внатрешноста од дворецот, пола час и повеќе чекавме ред и имавме само 20-тина мин да ги видиме градините, па со трчање се качивме и слеговме до фонтаната и капијата на ритчето. Можеа барем уше 1-2 часа да ни дадат за таму, па убаво да разгледаме се’, па после можеше останатото време да одиме в град. В центар беше многу убаво, а и супер си поминавме, плус и толо беше, но мака ми е за во Шенбрун. Плус, можеа и во Белведере да ни организираат да одиме. Сестра ми кога беше во Виена, отишле и таму, а мислам дека и во некој од музеите. Во Амстердам беше горе-долу истото. До кај 6 часот попладнето имавме организирани посети, па после слободно време. Оттаму требаше да тргнеме во 12 на полноќ, а тргнавме во 2. Арно во меѓувреме не однесоа во едно диско, па колку толку побрзо ни помина времето, па и на топло бевме. Тие 2 часа потоа, ги чекавме автобусите надвор на една улица и замрзнавме. Ај што и цел ден беревме студови ама барем се движевме, па и вечерта и тоа в место да седиш и да чекаш. Во Ница истото, ама таму барем беше потопло и прекрасниот поглед на морето ни го пополнуваше времето. Друго, престојот во Шпанија можеше да е за еден ден пократок, а и посетите на Барселона да бидат поорганизирани, па да може да се посетат повеќе места и да се разгледаат поубаво. 4 дена во Лорет де Мар беа премногу. Наместо 4, можеа да бидат 3, па тој 1 ден да е плус за во Италија. Во Барселона отидовме 3-4 пати и некако сите посети ми беа како на трчање. Свртивме со автобусот, видовме тоа што требаше, качи-слези од автобусот цело време, пола час да се прошетаме по Ла Рамбла, во фан шопот на Барса (а пишуваше дека ќе има време и за посета на стадионот за тие што се заинтересирани) и назад. Се’ како на брзање. После и тие на тој шопингот што отидоа не беа баш задоволни баш поради истово. Требаше да се искористи повеќе време за во Барселона, барем еден ден цел да бевме таму и се’ што требаше да видиме асолно. Другите денови нека беа за посета на другите места - ботаничката градина, винаријата, тоа морнарското гратче итн. Забавите во диското не ми беа ништо посебно, дури и глупи ми беа. Во Монaко отидовме многу доцна, па мораше нечујно да се движиме низ улицата. Ја видовме прекрасната ривиера и пристаништето, па набрзина свртивме и отидовме во казино, што,, нели, беше „најважното“. За во Италија, исто ми е мака што премалку време имавме за во Венеција. И таму беше се’ на брзање, не знам ни дали 1 час имавме слободен, па и таму протрчавме нагоре-надолу и си отидовме. Имаше уште многу работи што сакавме да ги видиме и направиме, но секако, немаше време. Па, остатокот од денот го поминавме во Лидо ди Јесоло. Добро, цела работа за во Италија се одолговлече и со автобусот што се расипа, па и како што доцневме малку поради бродот, плус и ова со автобусот и се’ ни се помести. Друго, можеше да се вклучат посети и на некои други места - пр. музејот на Мадам Тисо, Куќата на Ана Франк, во Амстердам; Белведере во Виена; Ноу Камп во Барселона; Колосеумот, Форумите, некој плоштад (заборавив како се викаше) каде што била Волчицата во Рим итн. Требаше и да ни дадат повеќе време и за на некои места каде што бевме прекратко, пр. Шенбрун, Лувр, Версај - барем да видевме малку и од градините, Венеција. За позитивните работи ќе пишам друг пат.
Мој совет за тие што се мислат дали да одат, доколку финансиите не се проблем, немојте воопшто да се мислите. Ниту еден одмор со дечко или другарки нема да ви оставаи толку спомени како апсолвентската екскурзија со колеги и луѓе кои прв пат можеби ќе ги запознаеш. Еве, после една година сеуште се сеќавам и топло ми доаѓа на душата, било да ги слушнам песните или сликите да ги видам.
Еј Другарка, како вчера да беше кога бевме на екскурзија! Колку брзо помина времето! И од мене препорака до сите, доколку сте во можност никако не пропуштајте! Пропусти секако дека има, имаше и кај нас, некои работи можеа да бидат малку поинаку, но сепак позитивните впечатоци и доживувања никогаш нема да ги заборавите!
Обично се договараат за термин. Кога ќе ви одговара. Ние отидовме на 1ви април, пред втора колоквиумска, за да може да полагаме, а одма после неа е испитна нели, па се пазеше и она да се фати. Ама сепак подобро е покасно, ладно беше времето и повеќе бевме по долги и во јакни. Hopeful (ако беше и ти со првата тура (претпоставувам по муабетот)) тешко дека некој ќе го заборави студот од Амстердам Како и да е, јас ви препорачувам да одите и да бидете позитивни, не замерувајте на ситници, сепак тоа е организација на многу луѓе (ние бевме 300) и 19дена. Нормално е дека нешто нема да биде како што треба, ама луѓето даваа се од себе. На трчање е цела екскурзија, и заморно е (имајте го тоа на ум и не очекувајте одмор), ама едноставно тоа е нешто што не се испушта.