1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Апсолвентска екскурзија

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од kikikikirika, 7 јануари 2012.

  1. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    И јас бев тогаш :D . Ама, пак, благодарение на студот, секогаш ќе памтиме кога сме биле во Амстердам :D .
    Како и да е, сепак беше незаборавно, па ни студот, ни тајмингот (што можеби и немаше можност да се направи поинаку), ни чекањето не ни пречеше да уживаме во екскурзијата :inlove: .

    Огромна одговорност е да организираш патување од 18-19 дена и да имаш на своја одговорност толку многу луѓе и нормално е да има и по некој пропуст зашто никој не може да испланира се’ со 100% точност и да биде сигурен дека се’ ќе испадне според планот.
    Според моето мислење погоре, мислам дека требаше малку подобро да се избалансира времето (некаде бевме предолго, некаде прекратко), но најверојатно немаше можност штом тоа не се случи, па и покрај тоа јас си поминав супер и не дозволив ништо да ми го расипе расположението туку гледав да уживам дури сум таму :) .

    Инаку, моето искуство со екскурзијата е најпозитивно, па и кога некој ме прашува за тоа јас имам само најпофални зборови и совет ако се има можност да не се пропушта ова доживување :!: .
    Воопшто не се каам што отидов и кога би требало пак да бирам, без двоумење би избрала да одам :nod: .

    Секоја чест на лводичите, секогаш беа тука да помогнат, се трудеа дури и повеќе отколку што можеа, па и покрај целата одговорност што ја имаа секогаш беа расположени, позитивни, спремни за дружење и забава.

    И уште еден совет, ако можете, гледајте да одите подоцна - крајот на април, во мај, зашто тогаш е потопло ;) .
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    А каде правевте паузи за одење во веце :$ ? На бензински? Плаќавте? Друго нешто на што да се внимава? Корисни совети? Јас со многу прашања :lol:
     
  3. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Да, на бензински правевме паузи.
    На секои 2-3 часа имавме пауза за вц, отприлика по 20-тина минути до пола час траеа за да може сите луѓе да поминат на ред ;) и не плаќавме за вц. Исто, одвреме-навреме, кога правевме пауза ни даваа повеќе време (околу 1 час) за да можат водичите и шоферите да јадат.

    Документи.
    Значи, мора да внимавате на своите работи - пари, апарати, телефони, документи!
    Мој совет е да си ги носите со себе и одвреме-навреме да проверувате дали се’ ви е тука и да не ги оставате по куфери или в автобус, зашто лесно може да се изгубат или да ви ги украдат. Не зборувам да ги украде некој од вашите сопатници, кај нас немаше такво нешто, некаде можеби имало, не знам, но особено внимавајте на овие работи зашто тие ви се најпотребни на цела екскурзија.
    Кај нас имаше случај на провала во еден од автобусите, па некому му го снемало индексот (индекс дефинитивно не ви треба за на екскурзија).

    Багаж.
    Мој совет е да не влечкате премногу багаж. Направете селекција на облеката така што да понесете тоа што можете да го комбинирате на повеќе начини - зборувам за фармерки, палта. Понесете повеќе маички, блузи, долна облека!!! зашто тие најмногу требаат, а и ако е поладно секогаш можете да се облечете слоевито.
    Ако одите порано на екскурзија (почетокот на април) задолжително земете си и подебела јакна и некоја блуза што држи потопло, за секој случај ;) .
    Големи крпи немојте да влечкате, зашто зафаќаат премногу место во куферот, а во секој хотел нон-стоп има чисти. Со оглед на тоа што на некои места се спие само една вечер и веќе изутрина се заминува, нема да имате ни време да ги исушите. Најдобро земете си ваши само за лице.

    Храна
    Земете си повеќе вода зашто во странство е поскапа, а и на некои места не е за пиење.
    Храната не е многу скапа, нема некоја голема разлика од кај нас, но можеше да се најде и нешто поефтино од овде. Понесете храна за да имате за по пат и гледајте да е нешто што трае и вие што си јадете - двопек, бисквити, грицки, јас носев и зденки и едни паштети од соја.
    Таму секаде има маркети, па можете секогаш и да си прикупите нешто.

    Во хотелите скоро секаде имате појадок (освен во Амстердам) и имате доста избор на храна, па можете убаво да се најадете. Некаде е посиромашен (во Италија), но ќе си прикаснете од вашите работи :D .
    Инаку, не е дозволено да се изнесува храна од рестораните во хотелите.
    Во Шпанија имате 3 оброци и многу голем избор на храна, па таму нема да имате никаков проблем :) .

    Ако требаат уште информации, пратете ми ЛП :) .
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    И јас се спремам за на апсолвентска и на факултет нон стоп има растрчувања од агенцииве секој со своја понуда да не привлече :)
    Ме примами понуда од As-trans агенција од Скопје и ова Екипа ( paradiso fly, nehar i diplomatic) сигурно овие три агенции организираат заедно незнам :^)
    Некој збор два да ми кажи искуство ако веќе бил преку овие агенции? :)
     
  5. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    А осигурување? Што како е работава :) колку пари е, какво осигурување?
     
  6. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Од самата агенција ви нудат осигурување, патничко и здравствено.
    Цената на осигурувањето од Хисар мислам дека беше околу 800 ден и не е вклучено во вкупната цена на аранжманот, туку дополнително се доплаќа.
     
  7. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    А и багажот е осигурен со ова, така? И дали важи само за тие 18-19 дена или цела година, како повеќето?
     
  8. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.774
    Допаѓања:
    7.299
    Пол:
    Женски
     
  9. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Не знам за багажот, мислам дека не е (зашто секој си е одговорен за својот багаж) ама не ме држи за збор и мислам дека осигурувањето важи само за деновите додека трае екскурзијата.

    И јас секаде одев во вц ама не се сеќавам за плаќањето. Можеби од брзање тогаш сум заборавила :D :wasntme: .
    Колку што ми останало во сеќавање беше дека е бесплатно. Знам дека по местава каде што одевме некаде се наплаќаше (пр. Амстердам на неколку места каде што отидовме во вц беше со пари).
    Како и да е, најмалку важно е тоа, па и да се плаќа не е многу пари.

    Ние слушнавме дека индекс било. Ама од еден на друг кажано, излезе дека за индекс се работело.
    Навистина, како се случи тоа? Што направи после девојчето за пасош?
     
  10. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.774
    Допаѓања:
    7.299
    Пол:
    Женски
    Во Париз (во Етап спиевме, а автобусот беше подалеку паркиран пошто немаше паркинг пред хотелот) провалиле во автобусот и всушност сакале да го украдат цел автобус, пробале да го запалат, ама не успеале. По тоа што гледаа шоферите, претпоставија дека наишол некој и морале да избегаат ама уз пат земале три торби и јакната на Вања (водичот) (може примети дека во Барселона си купи нова :D ). Во торбите во глобала имаа јадење, ама тие денови што и да е, потребно ти е ;) . За јадењето се снајдоа некако, во едната торбата покрај јадење имаше и цигари, па така типот сите пари за цигари ги даде(пушачите обавезно понесете си цигари од дома), а во другата девојчето имаше патики, леќи, козметика и пасошот. Не пријавивме во полиција, зашто тогаш тргавме и Вања рече дека ќе треба да ги чекаме да дојдат со саати, а секако ништо нема да направат, па затоа продолживме како ништо да не било. Во меѓувреме од дома на девојчето му пратија скенирани лични документи, па дури во Италија пријавивме дека и го украле пасошот (демек таму). Тука имаа некој познат кој ги убрза работите, ама затоа девојчето место да шета во Венеција цел ден го помина со Вања и пријателот ;) . Последниот ден покасно тргнавме од Лидо ди Јесоло бидејќи ги чекавме нив (повторно цел ден изгубен за неа, за да земат документ со кој ќе може да поминува граница). После на секоја граница беше загледувана со листот, па ајде испрашување што, како и го доби прекарот "Васка од Венеција" секако на шала (претпоставувам имаш слушнато за неа :D )
    Малку се расприкажав ама ова може да им послужи на тие што допрва ќе одат на што да внимаваат. И да кажам, никако не се виновни шоферите, водичите или не знам кој. По сто пати повторуваа вредните работи да ги носиме со нас, да внимаваме и сл. дури досадни беа. И кога сме веќе на оваа тема, на еден и патиките му ги украдоа од тераса во Шпанија.
     
    На Hopeful му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.197
    Допаѓања:
    10.837
    Пол:
    Женски
    Апсолвент сум годинава, и не одам на екскурзија. Убаво е да се прошета, ама за мене тоа се многу пари за малку. Башка плус пари што треба за влезници, карти, факултативни што и да се (кога веќе си отишол до таму, нема смисла и тоа да не видиш, џабе се наречени факултативни), па во деновите кога си по пат за јадење и пиење, и нормално за џиџи-миџи за успомен :D . Колешка моја пред 2 години беше на речиси истата тура што колегите ќе ја одат годинава, плус имаше 7 дена полн пансион во Шпанија, и тоа во август кога е сезона, и плати помалку. Биле низ 2-3 града помалку бидејќи толку дозволува времето. И бидејќи била на речиси сите места, и она не оди на екскурзијата оваа пролет. Како и да е, мислам дека тоа е поисплатливо. Иде лето, па здравје ќе си спојам со одморот. :)
     
  12. popi

    popi Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    63
    единствена болка и многу жалам што немав прилика да одам на апсолвентската, се надевам некој ден ке си ја исполнам желбичката :$ , знам нема да биди толку забавно како со колегите од факултет :lol:
     
  13. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    21.754
    Пол:
    Женски
    Единствена желба која ја имав овие 4 години додека студирам и која најсилно ја посакував беше да одам на апсолвентската екскурзија. И повеќе од заслужена ми е, и со оценки, и со однесување и се по ред. Зимата моите ме залажаа дека ќе ја платат и мене толку ми требаше, ме фати еуфоријата уште во февруари. Се растрчав по колегите, колку што можам повеќе да ги организирам за да се собереме во поголем број, одев до Хисар, кај деканката на факултетот, за да ги обезбедам сите информации за се, и на крај излезе дека јас нема да одам всушност.
    И верувајте, срцето ми се кине и сега додека пишувам. Навистина сакав премногу да одам! :( Точно дека јас можам сама да си ја платам, имам заштедено доста лани што работев во Германија, ама муабетот со моите беше дека тие ќе финансираат за екскурзијата, а јас сама ќе си платам за одењето во Германија ова лето. Не сакам да ги потрошам парите сега, а после цело лето дома да седам. Затоа што ситуацијата ми е неподнослива, едвај чекам да излезам од дома. А не можам да им верувам на моите и да се потпрам на нив, тие што ме читале лани во јуни знаат каква збрка имав 3 дена пред да заминам.
    Не сум таква да се жалам, ама веќе немам сили за ништо. Единственото нешто кое го побарав со полно право нема да го добијам. Уште едно разочарување од многуте. Истовремено сум и лута и бесна, а и тешко ми е што сум толку немоќна.
    Сепак, ви посакувам убав помин на тие што ќе одите! :)
     
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    На feminium му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Душичке, јас да сум на твое место би избрала да одам на апсолвентска и потоа да седам цело лето дома (а верувам дека нема да го седиш), отколку да одам да работам во Германија. Плус, веќе си била, си ја видела и Германија. Не знам што и како ти е ситуацијата, само ти кажувам што јас би направила да сум на твое место.
     
  16. jovankad5

    jovankad5 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    3
    А колку време порано треба да се пријавиш во агенцијата дека ќе одиш?
    Ме интересира за таа тура на 12ти мај. :)
     
  17. lovelybutterfly

    lovelybutterfly Активен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Леле девојки јас ќе се мрднам со оваа екскурзија. Ние треба да одиме со понудава што ЕКИПА (Diplomatic, Paradiso Fly i Nehar) ама уште не ни кажале кога се тргнува. Не се знае дали 21 или 27 април и додека ни кажат мислам дека ќе полудам. Имал ли некој друг што ќе оди со нив овие термини или само ние сме? :)
     
  18. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Најдобро - јави се прашај, побарај ја агенцијата на фејсбук :) тие најдобро ќе ти кажат. Инаку штом е на 12 мај, претпоставувам се работи за Хисар. Можеш да се пријавиш кога сакаш, но мислам дека најдоцна една недела пред тргнување, не ме фаќај за збор точно. Организираа и промотивни денови, се добиваа некои попусти. Сепак, најдобро побарај ги на фејсбук, ќе ти одговорат на секое прашање :)
     
  19. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Луѓе пак јас. Колку пари отприлика потрошивте за храна? Што отприлика да се понесе од дома, мислам на храна. Колку понесовте, за колку денови ви беше доволно? И колку се движат цените за вода?
     
  20. Ale.Ambrosio4

    Ale.Ambrosio4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    48

    Јас кога бев на апсолвентска земав 6 шишиња од по 2 литри вода, и купив во Шпанија уште 4 литри и ми стигнаа до крај. Мислам да си земеш од Скопје вода бидејки е скапа во другите држави. Во Шпанија само беше ефтино и мој совет е да ги чуваш парите за таму. :D А храна имав земено многу, дури им давав и на другите. Носев 2 леба, 20 кроасани, крем банани, крем сир, смоки, кашкавал..... И храната ми стигна до крај. Ти посакакувам многу убаво да си поминеш и уживај. Тоа искуство не се заборава :D
     
    На paleska3 и Nati.P им се допаѓа ова.