1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Апсолвентска екскурзија

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од kikikikirika, 7 јануари 2012.

  1. paleska3

    paleska3 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2013
    Пораки:
    1.205
    Допаѓања:
    3.160
    Можиш да се пријавиш 15 дена пред тргнување а 10 дена пред тргнување целата сума треба да ти биде исплатена. И јас одам со таа тура на 12 мај, па се надевам дека убаво ќе биде :)
     
    На jovankad5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LadyDPC

    LadyDPC Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    дали ќе одите или не на апсолвентска зависи од тоа што сакате и што очекувате дека ќе видите; според мене ако се има добро друштво и ако мислите дека нема да имате друга таква прилика вреди да одите, но ќе погрешите ако очекувате дека ќе видите многу... ако одите 20 дена 10 обавеазно ќе ги спиете во автобус, ќе се пресоблекувате по бензиски и толку многу ќе бидете исцрпени што кога ќе шетате низ версај верувајте воопшто нема да ви биде дојдено до него туку ќе сањате кревет... многу од работите што ги видите нема да ви се допаднат ама проблемот е во тоа што вие не знаете за што вреди да се плати карта а за што не,и кога ќе сумирате на крај ќе видите дека сте дале доста пари за работи што не ве интересираат или нема да ви бидат ништо посебно... друга работа е што нели се оди на туристички места а сите ги знаеме какви се тие што заработуваат од туризмот посебно кога ќе ве видат апсолвенти воопшто нема да ве жалат... како и да е никој што бил на таква екскурзија не се пожалил, но како што реков се зависи од тоа какви се вашите очекувања... нема да згрешите и ако не одите; ако сакате да ги видите рим, венеција, милано, ватикан ќе си платите за неколку дена во италија, барем на раат ќе го видите она што го сакате и никој нема да ве ограничува со време ќе гледате што сакате и колку сакате, ќе спиете на кревет, ќе се туширате со топла вода кога сакате, ќе бидете и ќе се чувствувате чисти(што е многу важно зошто колку и “цвеќиња“ да има покрај вас, ако вие смрдите т.е. сте испотени нема да ви биде ни приближно толку убаво како што гледате на сликите од тие што веќе биле :)) итн. за неколку години можете да ги посетите сите места што ви се предизвик, а и ако размислите подобро само се залажувате ако мислите дека ќе ја видите “европа“ за 20 дена
    а за тоа што е ефтино, ефтино е ама со тие 500 евра вие го плаќате само патот, ќе потрошите минимум уште 300 само за влезници и кога ќе видите на крај ве фатило 1000 евра, а имаме толку многу агенции и опции што ако си резервирате неколку месеци порано ќе си организирате прекрасно патување баш како што вие си сакате и ќе си поминете најубаво!!! Изборот е ваш :)
     
    На AnaKarenina, Spidy и femina90 им се допаѓа ова.
  3. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Што носите на една ваква екскурзија од храна доколку сте на диета??
    Јас за велигден ќе одам низ европа на екскурзија-9 дена е а држам ун диета, сега знам дека нема да можам да ги држам деновите како што се по редослед :( но барем да не ги повратам изгуените килограми :worried: .
    Сакам да понесам диетална храна но што да понесам, а да не биде калорично?? :?: :?:
     
  4. jovankad5

    jovankad5 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    3
    Феминки, како оди сместувањето по соби? По колку кревети има најчесто?
    Ние сме 5, не знам како ќе се комбинираме. Немој да не бутнат таму со некои непознати. :(

    Во двоспратен автобус, на вториот ли е подобро?
    И сместувањето во автобус исто така ме интересира, од таму ли ни прават список кој каде е... И како е влегувањето, туркање кој побрзо да зафати место или...?

    Многу прашања... Ама некако сум загрижена како ќе испадне се. :$
     
  5. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.892
    Допаѓања:
    7.626
    Пол:
    Женски
    Во автобус кој кај зафати место е работата. Ние бевме со двокатен и си фативме место на вториот спрат најнапред. Имавме најкомотно место, а навечер воопшто немав проблем за спиење, како спална беше просторот (секако откако наместив торби, шишиња... :) ) исто и за панорамското разгледување е подобро затоа што можеш повеќе да видиш. За на другите места не знам како е.
    За спиењето е различно во секој хотел, Имаше 2,3 и 4 креветни соби, ама најчесто беа 3, а најретки 2. Пред да се стигне во хотел ви кажуваат какви се собите (може да бидат пример неколку 2, неколку 3 и една 4) и потоа вие си се организирате. Ама не е страшно, се прават разни комбинации, никој не ве тера ништо со сила, не е како во школо, овде секој си има права :D . Само, понекогаш ќе треба да попуштите, на пример ако се сите трокреветни, да земете уште едно девојче со вас, или 4кр. уште две и сл. Јас бев со дечко ми па немаше никаков проблем, спиевме и во 2креветни, во трокреветни со плус другарка моја,а и со непознати - еднаш со едно девојче, еднаш машко, еднаш во трокреветна се сместивме со уште еден пар ( и тоа во Етап, кој бил знае :D ), иако да признаам имавме предност за во 2креветна, која посебно значеше во Шпанија каде бевме 4 дена.
    Значи нема потреба да се секираш, верувај на крај воопшто нема да ти биде гајле кој имаш во собата, и така сите гледаат побрзо да го фатат креветот и да заспијат. Всушност многу малку време ќе поминувате во собите, освен спиење имате време да се истуширате и да се спремите за шеткање ;)
    Ако имаш друго прашање слободно повели ;)
    Поздрав и убав помин :*
     
    На jovankad5 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. deliza

    deliza Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    12.979
    И јас би ти го препорачала истото, да видиш да фатиш место на вториот спрат бидејќи е по-удобно. Во првиот некако е по загушливо, по тесно. Ние кога бевме на пример едни колешки сакаа да сменат место со некого горе ама никој не даваше :D Што се однесува на собите, како што и ти спомнаа не е некој голем проблем, сепак сте 5 и полесно ќе ви биде да се организирате пошто повеќе ги има тие 2, 3 креветни соби а + нема да ти бидат непознати и да има некој друг во соба - ќе бидат ваши колеги и колешки :). Ти стојам на располагање ако имаш и други прашања :)..Убав помин!
     
    На jovankad5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. jovankad5

    jovankad5 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    3
    Ви благодарам многу :)

    А тоа за двокреветни соби во тој каталог со понуди што е, пишува дека се доплаќало. :|
    Ама можеби тоа не важи за секој хотел.
     
  8. deliza

    deliza Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    12.979
    Не, не нема врска тоа, не се доплаќа ништо. Иако знам за што ми збориш тоа може да е нешто поврзано со кабините во бродот. Таму се 4-креветни (колку што јас знам) па за таму да не се мисли да се доплати за 2-кревтни, не знам.
     
    На jovankad5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. jovankad5

    jovankad5 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    3
    Колегиум има список за сместување по автобуси или кој во кој автобус сака?
     
  10. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.892
    Допаѓања:
    7.626
    Пол:
    Женски
    Има список кој во кој автобус е, ама нема кој кај да седи ;)
     
  11. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    22.504
    Пол:
    Женски
    Епа, после сите перипетии редно е и јас да пишам во темава за тоа како си поминав на екскурзијата. :D

    Тоа беа најубавите 19 денови во мојот живот досега! Навистина, прекрасно беше се, од почеток до крај, никогаш нема да го заборавам ова искуство. Треба само да се доживее, малку се сите зборови на светот за да се опише. Туку да си почнам со ред.
    Ние бевме со Хисар. Автобусите беа солидни, шоферите забавни, водичите најдобри од цела екипа. Обезбедувањето ни го направи патувањето уште позабавно. Имавме и докторка со нас цело време. Организацијата, точноста, факултативните излети, хотелите, храната во истите, се си беше на место! Не можам да се пожалам од ништо.

    Вреди секој момент на умор, секое отекување на нозете, секоја непреспиена ноќ, секое здрвување на седиштето во автобус. Затоа што тоа што ќе го посетите и видите едноставно нема цена! Од прошетките низ Виена и Прага, преку традиционалните селца околу Амстердам и најубавиот Париз, па се до оригиналното Фламенко во Шпанија, плажите во Ница и Италија...
    За сите што се мислите и двоумите дали да одите на патувањево, ако се решите за потврден одговор, верувајте дека нема да зажалите! Доколку имате средтства, вакво искуство не се испушта.
    Можеби ви звучам ко некоја реклама, ама навистина уште не можам да си ги соберам впечатоците, сите фотографии, воздишки.

    И не е вистина дека се е на брзање, баш напротив. Скоро во секој град имавме по 9 саати слободни, дали за факултативните излети или за самостојни прошетки. Исто така, од 19 дена, имавме 11 ноќевања во хотели и на брод.

    Се испофалив јас, ама среќна сум што се прошетав секаде и што ги видов сите тие светски убавини. :)
     
    На Elena69221, feminium, Nati.P и 2 други им се допаѓа ова.
  12. MiA-1

    MiA-1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    25
    Jas minatata godina bev apsolvent i ne otidov na apsolventska ekskurzija ... iskreno ne znam zosto :(
    Sega veke sum diplomirana, pa sakav da prasam dali moze da se otide na takva ekskurzija dokolku ne si student?
     
  13. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Може слободно :)
     
  14. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Happygirl како си задоволна од организацијата, од агенцијата? Да споделиш твое мислење :)
     
  15. Plmokm

    Plmokm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Здраво феминки, сакам да ве прашам дали некој има искуство со Нехар за да сподели, каква е организацијата? Конкретно како се цените за факултативите и кои од нив се "задолжителни". Ме интересира за да знам колку пари од прилика требаат за тие активности.
    Фала :*
     
  16. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    За Нехар конкретно не можам да ти кажам, не сум патувала со нив. Факултативите сите се факултативни, нема ниту една задолжителна. На кои сакаш на тие ќе си одиш :) Јас бев со Хисар, факултативите чинеа 270 евра вкупно, ама јас не бев на неколку, па ми се фатија 240 евра за влезници.
     
  17. VESPA92

    VESPA92 Активен член

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    17
    Здраво феминки :P
    Јас сум од Економски факултет, апсолвентка оваа година. На факултет ни пристигна понуда за апсолвентски екскурзии од Rapsody & Collegium. Со другарките планираме да одиме, а меѓутоа не се малце пари, не сакам да погрешам при изборот на агенцијата...
    Минатата година мои другарки биле и се премногу задоволни од организација, журки, водичи, факултативни излети и сл...

    Имате ли некое искуство со нив? Да споделите ваше мислење :) http://issuu.com/collegiummkd/docs/apsolventi_2015_katalog_mk_preview
     
  18. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.905
    Допаѓања:
    4.538
    Со било која агенција да одиш, парите се тие. Collegium и Hisar се водечки агенции во овој момент. Види со останатите колеги со кој ќе одат да не се делите.
     
  19. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Веспа, јас бев минатата година со Рапсоди 19 дена.
    Од Хисар исто имаат таква тура, со истите градови, само имаат ми се чини може два града плус, не сум сигурна, не ме држи за збор.

    Јас лично сум презадоволна, не можам ни да ти опишам како си поминав, уште си ги прегледувам сликите.
    Преубаво искуство, не само од аспект на тоа колку земји, градови и места ќе посетиш, туку и поради дружењето, ноќите преспиени во автобус, забавата....
     
  20. barbiegirl.24

    barbiegirl.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Бев лани со Рапсоди, прекрасно искуство, дружење, шетање, се беше супер.