1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Апсолвентска екскурзија

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од kikikikirika, 7 јануари 2012.

  1. Guess-89

    Guess-89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    7
    Мислам дали да уплатам за Апсолвентска Екскурзија - имам одено, но на FB видов понуда од атлантис, доста примамлива. 499€ ако се пријавиш до февруари мислам, имаш Гратис одмор на Грчки остров 7 ноќевања со превоз.
    И 20 дневната програма е топ испланирана, нема по 100 саати спиење во автобус. Има посета на тропски остров во Берлин. И за целото патување студентите се обезбедени со вода, сокови, пиво.... Што е супер, затоа што едно шише вода низ Европа чини минимум 3-5€.
     
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Може линк?
     
  3. Guess-89

    Guess-89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    7
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Ние со колегите се одлучивме за АСС транс за 259 евра ( италија,франција и шпанија). 11 дена. Па не е скапо.
     
  5. cuciTo

    cuciTo Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    13
    искуство од некој што веќе бил на апсолвентска екскурзија :)
    кој од овие места не вреди да се плаќа влезница :^):
    Замокот SCHONBRUNN
    мини холандска тура: Zollendam
    Koстерс во амстердам
    музеј VERSAJ
    Grasse
    музеј Salvador Dali
    Витешка вечер и фламенко шоу
    Costa Brava
    Disco Opium Mar

    Благодарам многу однапред ^_^
     
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Музеите се тапа според мене, што ќе видиш во музеј. Ова фламенко шоу е интересно. Музејот Салвадор Дали се плаќа ама некои викаат се разликувал од другите музеи. Диското е супер.
     
    На cuciTo му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mh23

    mh23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2013
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    47
    Замокот SCHONBRUNN не влегов затоа што тој во париз е многу сличен на него.мислам искрено повеќе сакав да прошетам околу него..иначе има интернет во паркот
    мини холандска тура: Zollendam даааа дефинитивно..мераци ќе јадите без престан сирење..вреди да се оди.
    Koстерс во амстердам што е тоа?
    музеј VERSAJ дддаааааааааааааааааааааа најпознат и предобар во европа
    Grasse нз?
    музеј Salvador Dali да криво ми е јас што не бев ах да можам пак да појдам би пошла
    Витешка вечер и фламенко шоундан да да и преубаво нешто е.. ќе јадите кокошка со раце и ќе гледате мечови и борби
    Costa Brava неееееееееееееееееееее кактуси ептен беа досадни
    Disco Opium Mar дааааааааааааааа во шпанија е најудо и најефтино
    @cuciTo
     
    На cuciTo му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Schonbrunn според мене не вреди (не дека не вреди, туку нема кој знае што да се види). Многу е сличен со Версај во Париз, а градините беа мераци. Додека ги обиколиш целите градини два часа рачунај :) Ние кога влеговме си фативме десно и потоа целите ги обиколивме. Преубави местенца има, ќе уживаш :)

    Мини холандската тура вреди. Ќе пробате различни видови сирења, кашкавали, ќе гледате како се изработуваат, потоа ќе ве носат во работилницата за кломпи и овде исто ќе ви покажат како се изработуваат. Би ви препорачала тебе и на сите други што ќе одите, не купувајте привезоци кломпи од овде бидејќи се 2-3 евра. Ако одите во Волендам таму ќе ги најдете за 60-70 центи. Овде пробајте сендвич со риба (подготвена на локален начин). Ако сте љубители на кашкавал купете си од селцето Zaanse Schans (јас дадов 8 евра и не се каам :D).
    166022_4628596323457_573051253_n.jpg
    Coster Diamonds е работилница за накит, овде ќе ве внесат во една соба и ќе ви покажат разни видови и големини дијаманти, готов накит, долу ќе видите и како се обработуваат. Горе во едно ходниче има многу убав натпис - A girl's best friend...
    8605_4628598283506_716343875_n.jpg

    Версај - ќе видите луксуз, големи огледала, високи ходници, високи спални, уметнички слики. Вреди да се посети :)
    DSCN1712.JPG

    Во музејот на Салвадор Дали не бев, така што не знам дали вреди или не.

    Не бев и на фламенко шоу, ама сега се каам. Пејачот пеел по една народна песна од сите земји од кои имало гости таа вечер. Наредна прилика одам обавезно.

    Costa Brava ми се допадна. Има огромни кактуси, цвеќиња карактеристични и за нашето поднебје. Pinya De Rosa се вика ботаничката градина. Потоа бевме во локална винарија, пробавме повеќе видови вина, и тука е и сангријата. И овде ќе ви препорачам, не купувајте од винаријата. Сангрија ќе најдете во секој супермаркет по многу пониска цена.

    Во Opium Mar бев ама не ми беше нешто :o, имаше многу гужва. Ама check-in-от е битен :D

    Аквариумот во Барселона не е некоја атракција, освен ако не сте големи љубители на риби и ајкули

    Би ви препорачала:
    -во Виена да пробате Сахер торта и Моцарт куглички
    -во Прага ако имате слободно време посетете ја народната кујна и пробајте локални специјалитети (кога одите од Vaclavske namesti кон Карлов мост од десна страна, барајте ја)
    -во Париз задолжително пробајте француски кроасан, а во Латинскиот кварт некое чоколатце (овде никако не се лажете да се обложувате кај оние со кутивчиња од кибрит и внимавајте на ташните)
    -во Шпанија пробајте сангрија и купете си евтини чоколади (во Лорет де Мар Милка од 150 гр беше околу 90 центи-1 евро)
    -во Рим пробајте пица, ама внимавајте да не ви подметнат претходно направени :)
    -во Венеција пробајте сладолед (сувенири купувајте од помалите продавнички, не од оние што се на плоштадот и кај Риалто бидејќи се неколку пати поскапи).

    @buba4e89 може ли да ми пратиш линк од понудата? Не знам зошто, ама не можев да ти пратам лп.
     
    Последна измена: 3 февруари 2015
    На cuciTo, mh23, kristina.popovska и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. JANAz

    JANAz Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2015
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Od iskustvo ako bi odela povtorno bi izbrala - Mini holandska tura, kosters i taka e besplatno, versaj, Grasse e besplatno, Viteska vecer , i opium mar so ceni e preskapo ama i vredi za lokacijata i faktot sto preku cela godina gostuvaat poznati zvezdi.

    Sto i da odberes nema da pogresis, edinstveno ti preporacuvam da patuvas so RAPSODY Collegium, deckite se vrv vo sekoja smisla, organizacija, provod, vodici...
     
    На cuciTo, mh23, kristina.popovska и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Milica Chelsea

    Milica Chelsea Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2015
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Горе доле ќе ти требаат 200-250 евра за факултативи и не жали пари тоа од проста причина што еднаш се оди и вреди да се види буквално се.

    А во однос на агенција се сложувам со JANAz - Rapsody - професионалци во секоја смисла.
     
    На cuciTo, mh23 и kristina.popovska им се допаѓа ова.
  11. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Ние бевме со Хисар и немам никакви поплаки. И водичите и возачите беа многу пријателски настроени, секогаш насмеани :)

    Заборавив да пишам, во Париз ценкајте се со оние уличните продавачи на привезоци, од 4 за 1 евро може да стигнете и до 7-8 за истата цена ;)

    Вода понесете си во паќет. Никако не пијте од водовод по хотелите. Јас носев два, едниот под седиштето, другиот горе го ставив, и ми стигнаа до Шпанија. Таму е евтина, околу 30-40 центи беше. Општо целата храна таму е евтина.

    Во однос на храна - понесете си од тука. Земете си леб на Жито Лукс (бидејќи има подолг рок), кроасани и слични производи. Ако планирате да купувате таму многу пари ќе фрлите, се е поскапо, освен во Шпанија. Појадок имате во секој хотел, па може да си земете и нешто во ташна :)
     
    На cuciTo му/ѝ се допаѓа ова.
  12. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Абе, оно сите вредат, али еве...
    1. Шонбрун е буквално дупло поголем (има над 1400 соби), а и поубав од Версај (700 соби). Одаите се далеку пошироки и пораскошни во првиов, само зависи чија, дали и колку те интересира историја.
    И во двата музеја на влез даваат аудио водичи и шеташ од соба во соба, слушајќи што се случувало по одаите. Тоа се искрено едни од најубавите места што се посетуваат.
    2. Холандската тура дефинитивно вреди. Местата се баш ко што може да ја замислиш Холандија - ветерници во зеленило, река, мостчиња и убаво наредени, ниски куќарки. Има едно ко фабрика/продавница со преубави чоколади и сирења. Имаше многу убави пакетчиња, сирење + сенф (нешто ко сенф и мед му идеше) во тегла за 10-13ина евра. После има и фабрика за кломпи со доста интересни сувенири.
    3. Костерс е интересен, али ако ти е да заштедиш (т.е. не знам дали се плаќаше ова), не е неопходен, можеш Амстердам да си го шеташ. Круната горе што ја ставила Нати е реплика на британската кралска круна која ја изработиле Костерс, потоа шетате малку и гледате како прават дијаманти и на крај ве носат во соба кај што ќе ви објаснат дека ако е пожолт дијамантот има помала вредност, а што е побел, тоа е почист и едно минијатурно цирконче од истиот вреди околу 5000 евра. Толку.
    4. Ние Грас го немавме, мислам, ама гледам ваму има некакви полиња и фабрика за парфеми. Или сум заборавила/измешала, или нашата тура посети таква фабрика во Шпанија. Прво објаснуваат како се прави парфем, како имаат луѓе кои се т.н. nose и ја насетуваат секоја честичка т.е. можат веднаш да ги кажат состојките на парфемот и потоа ве носат во продавницата. Ако планираш да си купиш парфем или сапуни по фабричка цена (а знаат и до 50+ евра да бидат), тогаш оди, во спротивно, само одиш и мирисаш. А мирисите се измешани и прилично тешки.
    5. Музејот на Салвадор Дали - да, да и да! Прекрасен е. Ќе се изнагледаш секакви слики и скулптури, ќе имаш можност да му ја видиш спалната соба, илузиите што ги правел со помош на огледала итн., а долу во продавницата има и супер разгледници за по 45 центи.
    6. Витешката вечера и фламенкото се супер. Имате крал и кралица, се сликате со нив, бирате страна т.е. црвени или сини и си навивате за нив дури вечерате. А вечерата е супа и цело печено пиле со компири. Прејадување. :D Фламенкото е во следната соба и не се пропушта за жива глава. Вришти страст музиката, а уметниците врвно свират и играат.
    7. Коста Брава, ти рекоа, убаво е, ама досадно малку. Шеташ низ кактуси, никнува по некоја мачка...на влезот имаше егзотични ппагали што вредат и толку.
    8. Опиум беше она другото диско ваљда, 15ина евра влез, не ова што даваа као вип клуб картички.
    Јас не бев во тоа т.е. пола и повеќе не беа, а другиве рекоа им било досадно, иако диското било убаво. Што знам, ваљда после толкав замор, никому не му е до играње. :D Дискотеки секаде има, не е нешто атракција.
    Мене многу поубаво ми беше случајно кога им се лупнавме во диско во Амстердам, па не испраќаа до 2 и пол сабајле отколку овие по Шпанија. Али не ме слушај мене, не сум club person јас.
     
    Последна измена: 4 февруари 2015
    На PMara и cuciTo им се допаѓа ова.
  13. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Во Фрагонард бевме ние, во Франција. Ама тие што купија парфеми се пожалија дека не им траеле многу. И што е всушност ова Grass? На google библиотека ми излегува :P
     
    На cuciTo му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.148
    Допаѓања:
    13.513
    Пол:
    Женски
    Програмата гледам многу се разликува од онаа која штобев јас на времто.
    во Версај-обавезнода одиш,
    музеј Салвадор Дали-безвезе,
    Фламенко шоу-обавезно
    и во диско секако обавезно
    за др. незнам :)
     
  15. PMara

    PMara Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2014
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    И јас оваа година одам на Апсолвентска ииииии :o:inlove::yawn::yawn::yawn: ве исчитав сите и ве молам тие што сте биле за препорака за кај да се чуваат пари за шопинг.. слушнав нешто во Барселона имало голем шопинг центар и какви се цените.. и секако препорака за посети на други места кои не се наведени во факултативните излети, на пример цена на карта во Ајфеловата кула и сл..
     
  16. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    @PMara јас во принцип сите пари во мене ги носев, во новчаникот, цело време ми беше при рака т.е. во чанта која што цело време цврсто и стегнато ја носев. Може имав некоја ситна сума во едно патентче внатре во куферот, во случај да се заборавам со трошење па да ми снема за основни потреби како храна или вода.

    Точно е дека во Шпанија отидовме во шопинг центри, ама во периодот ние кога бевме немаше попусти некои особени. Ќе видиш, ќе разгледаш без залетување. Не троши пари на работи за кои во Македонија не би дала.

    Јас лично не се качив на Ајфелова затоа што бев на крстарење по Сена, а потоа немавме време веќе. Би ти препорачала, доколку крстарењето не е навечер, ич да не одиш (нам во програмата ни пишуваше Paris by night, ама дури кога се укотви бродот, кога заврши крстарењето, тогаш почнуваше да се стемнува). Би ти препорачала да се качиш на Ајфелова. Оние од мојата група што отидоа рекоа дека било многу убаво.
    Е цена на билетот не знам. Зависи дали ќе одиш со лифт или пеш најверојатно, што знам...
     
    На PMara му/ѝ се допаѓа ова.
  17. cuciTo

    cuciTo Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    13
    искуства околу тоа колку облека да се носи, козметика ? имавте во хотелите перални или... ?
    и како е со јадењето? си носевте ? :)
    да знаеме со да се спремаме :D
     
    На PMara му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.148
    Допаѓања:
    13.513
    Пол:
    Женски
    @PMara Барселона има шопинг бидејќи те оставаат 4-5 саати да шеташ инаку сегде има но немаш толку време. Исто за шопинг е добра и Прага. Цените се слични на нашите во Мк, има и многу на марки, но во тие дуќани не треба ни да влегуваш ако не планираш да купиш нешто. Посебно скапи бутици се оние во Венеција-изгор :)
    Ајфеловата кула немој никако да ја пропуштиш. Убаво ќе се изначекаш може еден саат во редица пред да влезеш ама се исплати-па на крај краева грев е да отидеш во Париз а да не се качиш на Ајфеловата кула. Цената ти е различна и имаш повеќе опции. Сакаш до прв спрат со лифт, до втор со лифт или до трет со лифт или сите ама без вклучена цена за лифт(да си одиш пеш-но ова ти го препорачувам само ако одиш до прв спрат инаку тешко тебе). Ако земеш карта за втор спрат те застануваат прво на првиот да разгледаш и да го видиш Париз, ако уплатиш за до третиот, застануваш и на првите два. На третиот дел е прекрасно-има најмалку гужва и обавезно да се напиеш шампањ кој е малку скапичок (чаша мислам дека беше 10ЕУР).
    Јас бев до третиот со лифт, но надоле од втори се симнував по скали-чисто ради радозналост иако имав карта. Чуството е WOW вреди за сите пари срцето ќе ти застане оти скалите се многу страшни :)
    @cuciTo за облека обавезно два пара тренерки само во тие ќе патуваш ќе ти биде најзгодно, два пара пижами, два пара по свечени алишта за во диско и повеќе(колку ќе ти собере куферот)секојдневни комплети да гледаш да ти бидат позгодни за носење.
    Ранец во автобус во кој мора да имаш: палома, влажни марамчиња, основна шминка за по пат(моливче, маскара, крема за лице и раце), огледалце, чешал, паста и четка за заби, крпа за лице, крпа за постилање при јадење, слушалки за мобилен за музика :), и уште една мини торбица која може да оди под седиште во која мора да имаш доволно вода, бомбони, сакази, грицки, благо, леб на парчиња сечени, можеш паштети, крем и ноже за мачкање. Ова ми беше спас во краен момент кога многу ми се јадеше.
    Во куфер исто плус паштетки (мали аргети) имав полно, крем цело кутиче и два-три леба траен леб на жито лукс, маргарин и мед. Издржав 18 дена на оваква храна кога немавме појадок, реучек или вечера. Кога ќе снемаш нешто од ова ќе си докупиш од маркети ги има повеќе.
    Во хотелите перални нема ако си запереш нешто на рака само можеш (земи си во едно мало кесенце прашок и сапунче во секој случај).
    Земи си и фен и четка за фенирање (или пегла).
    Од козметика зависи што си користиш но обавезно сапунче, шампон - иако во повеќето хотели имаше ама многу се мали како мостри и не ми се ризикуваше да не носам.
    Јас бидејќис ум буквалист носев и ножици, игла и конци абе СЕ:) Имам страв од патување и буквално цела куќа си ја носам во мини пакување :)
    Друго ако ве интересира прашај ме ви ти кажам...

    Само придржувајте се на следниве правила:
    1. Не полнете по 6 чинии на маса само за вас кога е алл инклузив, туку изедете една па вратете се на друга, па на трета никој нема да ви забрани.
    2. Не се мувајте со се и сешто, затоа пијте и помалку алкохол,
    3. Не влегувајте во бутик на позната марка ако немате намера да купите нешто од него,
    4. Облечето се поотмено кога одите во Монако бидејки нема да ве пуштат во објектите за коцкање. И ставете по 10-20 евра на машините-никогаш не се знае (од мојата група 2ца фатија екстра бонус од ова на ексурзија) ЕДНАШ СЕ ЖИВЕЕ МОРА ДА СЕ ИСКОЦКАШ ВО МОНАКООО :)
     
    На bia11, Adi888, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Same here :hai:
    На една колешка и‘ се скина рачката од торбицата, па среќа веднаш ја саниравме, инаку ќе се чудеше што ќе прави до крај на патувањето.
     
  20. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Фен не ви е потребен, има во секој хотел. Земете си пегла за коса и мини пегла за алишта, ќе ви се најде :) Игла, конец, ножички, ноктарка, турпија, чупкалка, ханзапласт, витамин Ц, таблети против повеќе видови болка (Налгесин на пример), лосион за тело, крема за лице, влажни марамчиња (за лице и антибактериски), паломи, гел за дезинфекција на раце, шампон, четка за коса, огледалце, четка за заби, паста, некои лесни влечки за во собите (и за туширање), декоративна козметика, крпи за лице и за тело, стапчиња за уши...

    Облека не земајте премногу, направете си комбинации уште пред да се пакувате, обавезно подебело палто, бидејќи Чешка, Холандија ладно е, за разлика од тука. Гаки барем 10 пара па и повеќе, зависи како менувате :) чорапчиња исто така земете си повеќе, холахопки, неколку џемперчиња, купаќи, ако носите марама некоја, бижутерија...

    Понесете удобни чевли, ниски чизмички, патики, балетанки, римјанки, и обавезно еден пар штикли за искачање, доволни ви се.

    Парите (не сите, оставете нешто и во паричникот) може да си ги носите во посебни ташнички, се носат на половината под облеката. Така секогаш ќе ви бидат најсигурни.

    Апарат обавезно, ако имате и резервна батерија и мемориска картичка уште подобро. Може да понесете и усб кабелче со повеќе приклучоци за полнење на телефон во автобус.

    Храна и вода да не се повторувам. Леб со подолг рок, крем, паштетки, бисквити, кроасани, смоки, соленки, солени бисквити, грицки, кафе 3 во 1, шумливи таблетки... Во секој хотел има појадок, а во Шпанија обично е полн пансион ;)
     
    На bia11, cresa-jagoda, PMara и 2 други им се допаѓа ова.