1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Апсолвентско фустанче

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Lacrymosa, 1 февруари 2010.

  1. Lacrymosa

    Lacrymosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    90
    Леле насловов ко го гледам ми личи као на експедиција за откривање на Америка, но само сакав да ја потенцирам приликата..
    За на апсолвентска сакам да облечам фустанче е сега работата е што незнам какво сакам... Единствено знам дека сакам да е кратко од колена па нагоре до кај ќе фати:) и не сакам да е некоја розово - црвена варијанта или бело ( мислам не сакам да е чисто бело пош планирам истото да го носам на свадбата кај братот од дечко ми па немам намера да ме помешаат со невестата, а и не е вкусно).. проблемот е што незнам дали да купам или да шијам... Сакам да е поедноставно е сега да не до в крајност едноставно туку да можам да го облечам и за излегување во град.... Не сакам пак да се зезнам како со фустанчето од матура кое го облеков само за матурата и еднаш за на свадба пош беше малку пре елегантно за вечерно излегување.. дајте понудите некој модел, солуција или нешто слично пош ако се одлучам да шијам додека да најдам материјали и слични ствари отидоа два месеци, ќе дојдеаприл а јас ке немам појма што ќе правам со себе. не сакам да испадне се на брзање као што ми е обичај
     
  2. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.058
    Пол:
    Женски
    јас ги обожавам малите црни фустанчиња па еве ти некои предлози...
     

    Прикачени фајлови:

  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.014
    Допаѓања:
    136.175
    Мислам дека купувањето е најдобра опција - ќе си го пробаш и ќе видиш како ти стои. Чиста работа. За шиење ептен треба да ти се погоди шнајдерката, а и добри шнајдерки знаат да утнат работа.
     
  4. Lacrymosa

    Lacrymosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    90
    од позади ми се свиѓа второт, а и првото не е лошо, тоа последното дефинитивно не пош ќе треба да си го барам некаде ако го изгубам... и да .. не сакам светлуцави и обавезно да има некоја некаква прерамка пош немам којзнае какви гради
     
  5. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски
    И јас сум апсолвент оваа година па ни на крај памет не ми е каков фустан ке носам,зошто се замараш уште сега,ке си купиш од бутик и готово а сега плус може и до солун да се оде без проблем.....мене повеке ми е во глава апсолвентската екскурзија.... :roll:
     
  6. Lacrymosa

    Lacrymosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    90
    солун не одам па задње да ми е.. а уште сега се замарам пош сакам истото да го носам и за + уште една *манифестација* па морам со време да си средам...
     
  7. babyI

    babyI Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2010
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    7
    Јас за матура си купив прекрасно црно фустанче од happening. Беше околу 3000 денари, многу убаво стои горе е како корсет; тесно до над колена . Баш е елегантно ..Е сега на нет не најдов нешто слично, ако сакате пишете ми лп да ве адднам на фб имам слики :)
     
  8. Mese4inka

    Mese4inka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    20
    Devojki zdravo!!!!!!!!!!

    Prvo sakam da im cestitam na site onie koi ovaa godona se apsolventi i koi ke si diplomiraat. E sea sakav da ve prasam: Sto planirate vie da nostite taa vecer? Jas iam nekoi planovi da si sijam fustan, no dolg. Si zamisliv da bide dolg, zatoa sto sepak zavrsuvam fakultet i na toj nacin mislam deka ke go odbelezam zavrsuvanjeto najubavo. Smeam deka kratki fustancija se nosat samo za polumatura, maura.... No ova e samo moe mislenje!!

    Sto mislite vie? Sto bi nosele taa vecer? Bi sakala da ve zamolam, ako mozete da mi ostavite nekoi linkovi povrzani so poznati dizajneri koi izdizajnirale nekoi dolgi fustani,bilo stranski ili nasi seedno.....za da dobijam nekoi idei za kako bi izgledal mojot fustan....!!!!

    Vi blagodaram odnapred,
    So pocit,
    Mesecinka
    [mod-kirilica:1dc57pdg][/mod-kirilica:1dc57pdg]
     
  9. LadyCroft

    LadyCroft Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2010
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    32
    Lovely, преубав избор најде за фустанчињава, наскоро во мај ќе имам апсолвентска сеуште немам избор, но може да ми дојдат идеи од овие креации ;)
     
  10. Braveheart

    Braveheart Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    94
    Еден од овие два, но повеќе ми се допаѓа оној долгиот.Уникатен е.

    [​IMG]
     
  11. Tinker-Bell

    Tinker-Bell Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2010
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    И јас сум апсолвент оваа година,а не ни имам некоја замисла како да ми изгледа фустанот и за тоа многу се нервирам :x не сакам да шијам тоа не доаѓа во предвид ама сепак се плашам да не не најдам кај нас, зашто сум разгледувала низ центар онака чисто информативно и ништо не ми се свиѓа, сите ми се некако премногу кичести :roll: не дека се замарам кој знае колку и не мислам фустанот да ми биде кој знае што ама сепак сакам да ми биде едноставен,а интересен :D
     
  12. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски
    Па сега уште не е почната таа сезона за апсолвентски и матурски па ваљда покасно ке донесат и кај нас....а инаку јас не го замислувам мојот апсолвентски фустан нешто спектакуларен зашто и оваа апсолвентската и не ми значи многу со оглед на фактот дека треба уште две години да студирам :geek:
     
  13. Tinker-Bell

    Tinker-Bell Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2010
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    И тоа што викаш,и јас ќе студирам +2 год. ама сепак не можам да се нервирам тогаш во последен момент кога на глава ќе ми стојат и испитите. Па дали да учам дали да барам фустан :roll:
     
  14. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    и јас оваа година ќе ја имам маката за барање апсолвентско фустанче, ама не се замарам многу ;)
    исто како што направив за матура, излегов низ бутиците и разгледав, тоа што ми се допадна и убаво ми стоеше го купив, неможев да се замарам со шиење, па матријал барање, па модел, шнајдерка....вака чиста работа одиш - купуваш и готово :D :D :D
    е сега за моделот знам дека ќе биде кратко и никако нема да биде свечено и светкаво, туку покласично и елегантно, сепак апсолвентска вечер е, а не матура :D академски граѓани со стил :D
     
  15. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Не ми се верува дека покрај темите Фустани, Облека за свадба, Матура, за Нова година и ред други во Мода, сте отвориле и ваква :^) ама ај...

    Не се заморував ама воопшто за апсолвентската.
    30 жени без ниту едно ќораво машко, знаев дека ќе биде како некоја модна писта и секоја ќе се зјапа со секоја, ќе буља во чевлите, фустанот или чантата на другата. |(

    Жени.
    Носев црна сукњичка налик балон, обичен црн корсет и салонки.
    Паметам дека драстично ја скратив косата и ја затемнив едно 5 нијанси, па сите со тоа се преокупираа цела вечер, никој не ме праша
    - Лилеееее од кај ти е ташничево? А обетките? А гаќите? |(

    А да, и одвај чекав да заврши, зевав ко луда.
    Се чувствував како теткиците на 8-ми март во кафана.
    |(
     
  17. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Aу Барби нееееееееееееее!!!! Абе не сме тетки тие кои завршуваат факултет, па денес на 22/23 години дипломираат зар да носат вакви свечени до толку фустани? Ама ај на 16 и јас мислев дека тие над 20 се тетки :lol:


    Него еднаш убаво ми рече една продавачка:
    Најкомплицирани муштерики се полуматурантките. Не знаат што сакаат, сакаат да се млади привлечни, а не сакаат младалачки фустани туку теткински, носат штикли, често имаат и виткани теткински фризури, а нормално шминкани се од професионални шминкери со вештачки трепки, нокти итн.
    Матурантките се спремаат пократко од полуматурантките и најчесто знаат што сакаат и го бараат фустанот што го имаат замислено и штиклите.
    А апсолвентките бараат нешто практично, нешто што нема да е многу свечено и ќе можат и друг пат да го носат а да не е еднонаменски како матурантките и полуматурантките и се најлесни муштерики.

    Така да фустанче, сукња блуза па и штосни панталони, фризурче, сопствена шминка и на прослава за завршување на факултетот. И дефинитивно апсолвентките се најубави!!! Многу помладалачки, потренди, поуникатни од теткинските комбинации и често кичести на матурантките и полуматурантките 8)
     
    На Lacrimosa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    :D :D :D
    Којзнае, јас мислев вакви се носат, па ми беа убави и ги постирав. :D
     
  19. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Еве јас да ви кажам, кај мене на апсолвентската лани имаше 3-4 девојки во вакви долги фустани и убаво изгледаа, пола од девојките беа со некои посвечени фусани ама над колена (сатенски) а еден дел беа со некои посекојдневни фустанчиња како за во дискотека. Искрено јас бев многу против тоа да се дотерувам нешто многу, ама кога отидов самата атмосфера во ресторанот беше таква гламурозна и девојките со целосен стајлинг (се разбира не кичести и накитеки како елки) совршено се вклопуваа и убаво изгледаа во таа средина. Оние кои не се замарале со стајлингот изгледаа како да се дотерале за во дискотека, а за оние со мини-фистаните да не пишувам :x катастрофа.
    Јас сум за елеганција пред се :!:
     
    На Angelche и Barbie-mwa им се допаѓа ова.
  20. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Апсолвентска вечер

    Не знаев кај да се обратам, више пукнав :lol: Па решив да отворам нова тема :lol:
    За апсолвентска вечер сакам да си шијам фустанче, да биде кратко, горе да биде топ со срцевидно деколте, под градите тесно, како лента значи некаде околу 5-10 сантиметри дебела, но не да е видлива лента туку само импровизирано стеснето таму, а надолу да биде широко, т.е. не многу широко туку така лелеаво, слободно да паѓа. Барам слики по нетов но не можам да најдам баш какво што сакам, а сакам да имам слика со мене кога ќе одам кај шивачка, за секој случај да не не ми го направи како што треба според описот. Може некој да ми помогне?
    П.С. Темава може да се користи за предлози и сугестии, барање помош и се друго поврзано со стајлингот за апсолвентската вечер :)