Сметам дека ова се некои добри опции и модели за девојките кои планираат да носат комбинезон на Апсолвентската вечер...
Женски, за апсолвентската имам скроз едноставно црно фустанче, уз тело и долго. Бидејќи е тесно се познава ако имам гаќи и сакам да го носам без ништо доле зошто мразам танга. Нема шанси да се види нешто зошто е до под листовите и тесно доле ама другарка ми ми вика дека било срамота. Што мислите? Дека и пред професори ќе сум не сакам во никој случај да изгледа сексуално, туку сакам да изгледам пристојно.
Има во сара фешн гаќи без рабови, со нив нема да ти се познава ништо, не се танга, обични гаќи се, ама немаат рабови..
Има гакички без рабови, јас тие ги носам за посвечени прилики и преубави се. И удобни. Купи си такви. Можеби ти се големи, пробај купи други.
Здраво, Имам потреба да си купам фустан за апсолвентска и до сега ми се прошетани City Mall и East Gate, но не сум задоволна од колекциите на излог. Фустаните што ги имаат на излог се симпатични, меѓутоа не се баш за на апсолвентска или за друга свечена пригода. Ве замолувам доколку знаете за бутици што продаваат фустани или онлине бутици што знаете дека доставуваат и се квалитетни за свечени фустани ве молам наброете ги во коментарите. Буџетот ми е среден. Фала
Провери во бисер. Иако искрено јас кога барав фустани за апсолвентска во бисер, енџел, ист гејт, сите фустани ми беа некои светкави сатени, камчиња што светат. Некако изгледаат ужасно евтино а се скапи. И не стојат нит за апсолвентска забава па за матура што запнале да зимаат такви - уште помалку. Подобро најди си некоја идеја од пинтрест, интернет па имаш многу поевтини шивачки.
@kelly.r Ѕирни ги овие Спојлер: Предлози Бершка https://www.bershka.com/mk/en/long-...-with-gathering-c0p153272013.html?colorId=251 Страдивариус https://www.stradivarius.com/mk/off...yId=1020132507&colorId=001&pelement=384485818 https://www.stradivarius.com/mk/sho...yId=1020132507&colorId=003&pelement=388906675 H&M https://www2.hm.com/en_us/productpage.1190430002.html https://www2.hm.com/en_us/productpage.1208227002.html Label Nue (Малку поразлично) https://labelnue-ks.com/products/evien-vanilla-dress
Јас барам нешто вакво. Но одлична идеја ти е барањево по онлине продавници Ќе почнам и јаст ака по интензивно!