Апсолвентска вечер Јас лани бев апсолвентска и да кажам право и не се многу, многу преоптеретував. Си купив црнко фустанче без прерамки кратко целото припиено за мене, под градите има сатенски каишсо машна и и купив преубави црни сандали и иста таква ташна. Ми се допагаше и сеуште си ги носам. Мој совет ти е купи си нешто што ќе си го и понааму носиш. Јас така за матурата се изглупирав фустанот, штиклите, ташната ми беа само за таа вечер сега многу се каам.
Апсолвентска вечер Апслолвенската вечер не е нешто посебно да се замараш...само треба пристојно да изгледаш и тоа е...јас купив поскапичок фустан 58ooden od Lamas во гтц,од причина што таа година имав 3 свадби па си куп убав фустан со кој и на свадбите изгледав убаво...во друго не инвестирав-јас се шминкав,бев едино на фризер за да ми ја исфенира косата,ташна имав -пликче,накит исто така,фустанот ми дозволуваше да носам долги обетки само,а штикли земав 900ден,од албатрос кај јуник што е ,црни сатенски на висока штикла,ептен обични напред отворени кои потоа си ги утепав носејќи ги затоа бидете што поприродни ,инаку од мојава генерација имаше 3 девојчиња-шмизли кои носеа исти долги фустани само во различна боја и исти фризурки,мене лично ми беа циркус, а тие незнам што сакале да псотигнат,очигледно вриштеа-НИЕ СМЕ ТИЕ
Апсолвентска вечер И јас имам свадби после тоа Сакам да биде едноставен, а елегантен во исто време. Сеси, до сега пребарував во таа тема, стигнав до кај 30-тата страна и ми се смачи Затоа отворив нова тема, плус и да се консултираме тука за се околу оваа вечер Едит: Сега видов дека темата што ми ја посочила Сеси е за апсолвентска Јас длабоко се извинувам за грешката Ај еден клуч на темава
Апсолвентска вечер И јас сум апсолвентка Ич не се замарам што ќе носам, косава ќе ми ја прави другарка (ќе ја извиткам малку со преса и онака имам кадрава коса многу убаво ми стои ) сама ќе се шминкам и сама ќе се налакирам (досега немам одено на надградба многу сум ПРОТИВ) па поубаво е природно. Фустанче можеби нема да купам ќе носам едно Црно што го имам така тесно е (уз тело) ако ми се бендиса некое едноставно може и ќе купам, единствено ако купам некои чевли на пример црвени со црвено плик ташниче, ама сеуште не размислувам толку многу на оваа тема има време прво да ги положам колоквиумите
Апсолвентска вечер За апсолвентска за разлика од МАТУРА, ама ич не се замарав. Си носев фустанче кое веќе го имав, не бев ни на фризер ни на шминкер, сама си се средив. И гледам од колешкиве, сите многу повеќе се замаравме за матура, а апсолвентската ни беше како едно сосема обично излегување.
Апсолвентска вечер Апсолвентска вечер...Јас лани бев апсолвентка и не се замарав колку за матура. Со оглед на тоа дека за матура купив два фустани кои само еднаш ги облеков а ме чинеа околу 9.000ден за апсолвентска вечер решив за прв пат да си сошијам нешто. Си сошив едно фустанче кое го видов на интернет. За чевлите не се потрошив многу пошто и не несам високи потпетици (и нив само еднаш ги облеков) а на фризер си а извиткав косата во локни и ме нашминкаа. Мене барем ништо посебно не ми беше апсолвентската вечер, повеќе фама кренав за матурата. Купи си нешто што ќе можеш пак да го облечеш .
И јас сум апсолвент барам нешто т.е сакам црвено фустанче кратко и тесно имам најдено нешто на нет но нема совршено како што сакам кај нас во прилеп нема ништо посебно по бутициве сето мизерија е кај нас не знам што да правам, знам само дека не сакам да биде како за на бал да биде елегантно сакам нешто што ќе можам да го носам и друг пат сакам модерно и убаво како Билјна Ѓошева од идол шо го носеше ако гледавте црвениот фустан е таков модел само на долг а назад таков да биди со вкрстено http://www.facebook.com/pages/Macedonia ... 43&theater еве нешто вака
И јас сум апсолвент оваа година и веќе имам купено обично тесно фустанче во темно сива боја до кај колената негде е должината , го најдов многу ефтино па ајде да не се замарам Инаку планирав да шијам нешто слично еднобојно ама многу мразам проби , па дали ќе се погоди , па материјалот ќе го утнам и пак истите пари ако не и повеќе ќе фати. Чевли и накит ќе барам поинтересни за да ја разбијат монотонијата на фустанчето. Слично нешто
Ми се бендисува моделов само малку пократок да е е нешто такво само црвено сакам од каде го купи и по која цена ако не е тајна ???
^^ Го купив од Битола , од средната стоковна за 2500 ден. Имаше само во сива и црна боја , побарај во Ск сигурно ќе има поголем избор на вакви фустанчиња сега.
Најинтересен е насловот, фустанче! А тие со панталони, шорцеви и сукњи што оделе? Иначе јас носев во црно-бели риги сукња со висок струк тесна многу, со горе кошула со карнери, сандали црни, ташничка, косата малку витката, шминка лично бај ми и си поминав супер, јес да бевме многу студенти и прилично свечена беше апсолвентската. Али имаше од гламурозни фустани, до летни фустани и шорцеви. Јас не се замарав со апсолвентската вечер ама баш ич, претходно бев исполнета многу со екскурзијата па и полагав тој период, така да само ми беше една добра забава со колегите. Ретко која апсолвентка фрла туце пари за оваа вечер и се замара ко за на матура, веќе памет ни доаѓа
Сакам црвено тесно кратко фустна4е ама знам дека кај мене нема шанси да најдам а немам многу пари за трошење ми е страф да не ми го зезнат на шнајдер и не знам што да праваам сега. Совет
http://www.facebook.com/media/set/fbx/? ... =1&theater http://www.facebook.com/media/set/fbx/? ... =1&theater
Мене ова Фиарлес што го носела ми се чини за апсолвентска ми е прекрасно.Го најдов на гугл,па дури и планирам за матура да го шијам. Здравје до тогаш,ќе видиме.
Јас веќе си купив за апсолвентска тегет фустанче и крем сако(чудна крем боја како на розево удира малку),крем штикли и крем ташниче.Еве вака скоро исто е
Леле ја се утепав од шетање и се ми беше некако светкаво и кичасто,а сакам нешто поедноствано за да можам и понатаму да си го носам.Незнам веќе ни кај да барам...ако може хелп А сакав некоја комбинација на корсет со сукња ама низ нашиве продавници слабо...
Јас сакам да шијам вакво,ама барам материјал кој нема да биде сатен,зошто не сакам,никако не ми доаѓа во предвид црвен сатен,ама нашиов град слабо со убави црвени материјали,а мерак ми е црвенко да носам,па ќе видиме.