jarec 6 и јас многу сакам црвено фустан4е ама тешко да си најдам а немам време за шијање иначе и јас не сакам сатен сега сето по бутициве кај нас е со цветен дезен а тие не ми се баш за на апсолвентска тешко дека ќе најдам во мојот град тоа што го сакам а немам време за шетање по други градови Иначе обожавам црвена боја омилена ми е и најубаво ми стои П.С многу ми се допаѓа фустан4ето
Абе мене мајка ми ќе ми шие тоа не ми е проблем,ама материјаливе се за никаде,односно конкретно за црвената боја,се е или сатен или некој нерастеглив материјал,кој воопшто не е за тесно фустанче.Се надевам ќе најдеш нешто,а и јас
НЕ ги знам вака по име сите материјали,само неколку што сум употребувала,ама баш кога ќе одам ќе прашам каков е,фала ти
ги читам мислењата на оваа тема и се чудам како не ве фака мерак за долг свечен фустан? Јас сум апсолвент догодина и уште сега сум возбудена за фустанот Во животот ке носам долг свечен фустан 3 пати: -на матура -на апсолвентска вечер -на свадба Тоа е мое мислење
Имам опсесивна потреба да делам од толпата . Не сакав ни балски фустан ,ни фустан за на плажа. Прво купив тексас шорц со тексас корсет ,со намера да го искомбинирам со циклама колан и чизми - сандали . Арно ама ,буквално во последен момент се премислив ,па си облеков едно црно фустанче ,едноставно ,долен дел со карнерчиња од истиот материјал и други понежни ,како чипкани. Ги ставив чизмичките и коланчето и јбг одма друг изглед Така си бев облечена ,косата - само изпеглана и пуштена ,никакви џиџимиџарии и панделки... Се чувствував и си се однесував како пеперуже
Во темава дефинитивно можам да ги ставам фустанчињата што ги носеа девојчињата за полуматура. Да не бидам оф-топик еве предлог од мене:
Јас би носела нешто вакво Повеќе сакам вакви едноставни фустанчиња или некоја убава сукња со кошула. Долги фустани што се влечат ќе носам на свадбата на брат ми и најдобрата другарка.
КОлку нема да се замарам ич и колку ќе си земам некое фустначе од асос ако најдам ефитно до кај 30фунти максимум. И ни долг, ни светкав ни балски, баш нешто што маста ќе му ја извадам после од носење. Некој ме замисли искрено со панталони или суќна, можеби накрај и со тоа да изненадам. Го меркам овој од асос само во крем варијанта Овие пообичниве со јак и впечалив никит или пак вака нешто И овој како малку посепцифичен со некој понежен накит Чевли и чанта ништо екслузивно да можам да ги носам после исто во повеќе комбинации.
А на апсолвентска вечер се оди свечено облечен како за на матура или поедноставно? Ме интересира зашто и јас сум апсолвентка годинава, па да знам како да се облечам. Една другарка пред 2-3 години носеше поедноставно фустанче, што може да се носи и друг пат. Со една колешка разговаравме и ми рече се одело свечено облечен, па таа планирала да носи долг фустан. Јас сакам да си сошијам. Сакам да е поедноставен, да можам и друг пат да го носам и што е најважно да е црвен. Само не знам уште што модел да изберам. Имам предвид неколку, па се мислам кој да е.
Зависи како ти си го замислуваш тоа. Оди како сакаш. Ако колешкати сакала долг фустан, немора и ти да облечеш само зошто и таа ќе носи. Облечисе како што сакаш. Како што најмногу ќе се чуствуваш своја Јас на пример би облекла сукња, или некој едноставен фустан, што ќе можам и понатака да го носам
И јас сум апсолвентка годинава. Поим немам што ќе носам, само знам дека мора да извадам некоја бесна салонка. Другото не ми е толку битно сега да му ја мислам.. Ми се чини дека триста ума ќе сменам дур дојде тој ден. Ама секако нема да биде долг фустан, тоа знам. Супер што има тема за ова, веќе видов некои моделчиња ако се одлучам да шијам Спојлер а и секако во другите теми има супер моделичња, вие феминки имате добар сенс за мода