Секако дека би се облекла како што се чувствувам најубаво, но мислев дека на апсолвентска не се носат толку свечено како за матура, ама колешкава ме подзачуди дека исто било како за матура . Долг фустан нема да носам сигурно, не дека таа ќе носела или не знам зошто, туку ако е долг нема повеќе да го облечам. Сакам да е краток и поедноставен, на пр. некое коктел-фустанче, поедноставно, да можам да го облечам и друг пат, за на свадба, друга свеченост и сл. Краток ќе е, црвен ќе е, уште модел да одберам и готово .
И јас да се пофалам... апсолвентка сум годинава . Првичната замисла ми беше да бидам исто како што беше Елена на евросонг, шорц и корсет, ама зошто ми е страв целулитот да не ми се познава (не е нешто мн ама пак го имам) се предомислив сега сакам да си сошијам некое фустанче, за сега око ми фати овој, но јас МАРТА СО 300 УМА ништо чудно повторно да се предомислам. Шминка и фризура сакам мн едноставни да ми се, не сакам да личам на тетка а вака изгледа од позади Инаку сакам да е црно фустанчето, или тиркизно
Јас, иако сум даааааааалеку од апсолвентска, веќе сум размислувала како сакам таа вечер да бидам облечена. Не сакам да ја повторам грешката од матура и да носам фустанче кое ќе чека свадба некоја за да биде облечено, па сакам да носам нешто едноставно. Црвено кратко припиено фустанче без рамки со зелено сако со 3/4 ракави, по можност црвена постава. Иста боја како сакото сандали и минимален накит, ете можеби само обетки. Толку. Спојлер
Моето бидна и помина...имав фустанче до колена - црно со тигресто (ама не изразито) и добро беше. Што е најбитно мене ми се допаѓаше и се чувствував комотно во него а и го облеков и после тоа неколку пати.
Јас се мислам помеѓу овие два модели. Имам исто како првото (само не е набрано) и друга боја, ама го имам утепано од носење, па тука доаѓа во предвид втората комбинација. Што мислите?
^Мене двата модели ми се допаѓаат, а тоа што си го износила нема врска, секогаш деталите се битни. И јас како апсолвент се мислам што да носам. Сакам црвен асиметричен фустан, значи позади долг напред краток и штикли тегет.
јас мислев дека е рано да мислам на апсолвентска има уште 3 мес до тогаш, кога ја видов темава се подзамислив и дојдов до оваа комбинација, само да не изгледам смешно во толку јаки бои, што мислите? дали ке одговараа комбинацијата?
^ Мене искрено вака не ми се допаѓа комбинацијата, јас не би ги мешала овие бои, мислам дека не одговара, подобро би било со сребрени.
апсолвентското фустанче што го носев јас таа вечер беше од Папилон (розево тигресто со сошиени парчиња од темен тексас, и некои везенки златески со појас во средината) без прерамки во коминација со црна чантичка, црно болеро, и црни чевлички-изгледаше преубаво(за скапо беше, ама можам да го облечам и за венчавка, и за излегување)
Фустан со трендовски принт не е добар избор за апсолвентска доколку сакате да го искористите и за други прилики во иднина. Неутрални бои и едноставни кроеви од убав материјал се секогаш добитна комбинација. Според мене животински принт не е соодветен за свадба, изгледа невкусно, но доколку ви се допаѓа применете го во додатоците.
За апсолвентската вечер јас си купив црн корсет и тесна црна сукња од ист материјал и изгледаше исто како фустан. Сега максимално ги користам и двете парчиња облека. Корсетот го носам со фармерки, други сукњи, под сакоа, а и сукњата на се одговара, повеќенаменска е , се прави и кратка и долга до над колена Гледајте да купите нешто што подоцна ќе го носите а не да ви седи во плакар. Искомбинирано со убав и впечатлив накит, убави салонки и ташна и едноставните парчиња облека изгледаат ексклузивно и скапо.
А јас што ќе бидам со 90% мужи??? У никој случај не планирам да носам нешто многу кратко и тесно, па ќе се начука човек, па неможеш да знаеш што може да ти се деси Шала, не планирам да се замарам, најверојатно ќе носам тесен фустан до колена во некоја нуд боја или тесна сукња со висок струк и кошула или корсет, за бои и детали немам размислено, нема да шијам, ќе купам нешто
А зошто мора фустанот или фустанчето, сеедно, да биде екстра елегантно или зашто мора тоа да биде стрикно фустан? Па не одите на бал мајку му, одите на прослава по повод дипломирање. Не го сфаќав ова ниту пред три години кога на матура дојдоа балски кралици, со сарми и локни во главите, со подуени фустани со повеќе материјал од доволно . И јас сум апсолвент годинава, и фустанот го смислив, сама ќе го шијам. Просто и едноставно фустанче, кратко, ќе си купам накит и штикли, и материјал, ќе го сошијам и ќе го искинам од носење. Сакам долги фустани ама па не ми се уклапаат ни со стилот ниту со темпераментот, а за една вечер не би да правам таква трансформација а воедно и будала од себе, ниту пак да ги банкротирам моиве „финансиери“. И згора на се, па не на сите ни стоат фустани, некому по добро му прилегаат пантолни. Мое мислење, апсолвентите се веќе повозрасни за разлика од матурантките, знаат што сакаат и веќе се пронаоѓаат во одреден стил. Мојот совет е да бидете тоа што сте, да останете доследни на себе и својот стил, без разлика како другите ќе ве гледаат и што ќе зборат. Башка што еве фустаниве на Шерил Хил, мене лично уопште не ми се допаѓаат, но ствар укуса, е сега друга ствар е што овие фустани мене повеќе ми се за матурантки отколку за апсолвентки. Девојка која утре треба да носи деловна гардероба и треба да се вработи за некој месец никако не ми иде да натне на себе три кила тул и неколку метра шљокици.
Мене па ми е жал што матурата и апсолвентската вечер не се сите со фустани долки раскошни. Кои поводи ние ги имаме за да бидеме во такви фустани? Освен свадба на ептен близок и овие две матурата и апсолвентската, ја друг повод не гледам, епа ако тогаш не ги облечам кога? За жал многу ретко кој носи такви фустани.
Колешкиве уште од сега почнаа да закажуваат за шиење, а јас абер немам што ќе носам. А не се ни оптеретувам многу. Јас сум повеќе по кратките фустанчиња, некаде малку над колена, ама нема да биде чудно ако ме пукне идеја да носам долг. На матура носев црн, така што сега ќе гледам да одберам друга боја, можеби кремасто. За шиење, не верувам дека ќе шијам, освен ако тетка ми има време и се нафати. А по продавнициве којзнае и дали ќе најдам, затоа што кога бирав за матура немаше голем избор.
За еден долг фустан да изгледа како што треба да ја има таа доза на елеганција треба женственост, треба од, треба да знаеш да го носиш, а една 18 годишна матурантка која цел живот носи патики и фармерки, блузони и маички со принт, таа не знае да носи долг фустан. Додуше го носи ама изгледа теткински, зашто тие додаваат години, зашто за таков фустан треба фризура, треба шминка и тие изгледаат многу постаро. Што им фали на кратките фустанчиња, па девојченца се, баш девојченца, уште цицињата не им израснале скрос ќе се затвараат во 15 метри жоржет и сатени, ќе носат нешто што не им одговара ни на стил, ни на години. А за долг фустан има време. Кога ќе си дама ќе носиш долг фустан, за ти да го носиш фустанот со стил, а не тој да те носи. Немало прилики? Има само ние мислиме дека додека сме млади сме само жени? Не тогаш сме деца и за матура, па и за апсолвентска мислам дека сме недораснати, што сеа се апсолвенти на 20/21 година. Свадби, куми, балови има време за долги фустани. Јас само ќе речам фала богу за сите девојчиња што не сакаат да носат долги фустани за матури и да бидат ЖЕНИ во детско тело и лик. За моја апсолвентска носев кошулче и сукња со висок струк која уште многупати ја носев после тоа. За мерак. Ја купив неколку дена пред апсолвентската. Нешто што и сеа после 4 години од апсолвентската пак го носам. Не се замарајте имате време. Или отворете ASOS и за 20-30 фунти купете си фустан ил сукња со блуза и бидете топ цури, носете го тоа што го носите секој ден. Убаво ми рече продавачката кога купував. Најкомплицирани се полуматурантките, не знаат што сакаат, додуше знаат сакаат да се тетки. Матурантките веќе 4 години го смислуваат тој фустан и знаат што сакаат. А апсолвентките се наједноставни и купуваат она што и понатаму ќе го носат. И на мојата апсолвентска немаше премногу свечени фустани, сите беа убави дотерани во свој стил, дел фустанчиња, дел сукњички, дел куси панталони. Сатените и свечените беа исклучок само неколку кои дури се каеа што беа толку свечени.