Спојлер Патем да се надоврзам и на Роси, има многу прилики каде можеш да носиш долг елегантен фустан а истиот тој да се уклапа со атмосфера и сл. Настрана свадби и прослави, мене многу културно и отмено ми изгледа кога ќе видам госпоѓа која на премиера на театарска представа, опера или сл. дошла во ваков фустан отколку некоја „младолика“ во фармерки. Зависно од идната профресија, но и тука повторно се отвараат можности да облечеш долг фустан. Јас себе ниту на 18 ниту па сега на едвај 21 што во Мај ќе ги наполнам, неможам да се замислам во долг фустан. Не негувам спортски стил, баш напротив почесто сум на потпетици, но сепак кога нешто не ми личи, не ми личи. Исто како што не иде сега да облечам костумче, сако и сукња во иста боја, со пристојна должина и кошула, сама себе со сила ќе си додавам минумим 5 и повеќе години. А и свадбите на блиски, па мене и тогаш не ми иде долг фустан ако незнаеш да го износиш. Спојлер Моето фустанче ќе биде во овој стил, само со построг крој, и некоја по јака боја најверојатно црвена Еве вака најслично ми е ова
Ќе пукнам колку е убаво, од кога го гледам, не нешто посебно ама мене ми е за мерак. Јас вакво сакам само не знам колку ќе ми го сошие некој како што треба.
една прична плус за да не се носи долг фустан НИКАКО на матура па ни на апсолвентска, ќе ти скапе во закачалка и никогаш повќе нема да го облечеш! Ако за вас пригода е свадба и тоа 2-3 свадби во 5 години за мене НЕ Е! Од тие причини јас го таксав ова! Не е кратко малку над колена само со гол грб, за да не биде ептен обично! Само во крем варијанта! Не е ефтино 30 фунти(2100денари), ама тие фустани јас што ги гледав во Манго и Зара беа над 30-40 евра, плус пат до Солун уште 800 денари, иста цена горе доле! Некој ќе речен обичен, ама после има да си го носам, дискотека,роденден, забава, на свадби ич не сакам да одам, ама ако има и на свадба ќе го носам.И по дома ќе си го носам Имам едни штикли розевки-шеќер боја што ги немам еднаш облечено ми стојат во кутија, и планирам тие да ги комбинирам, ама има време, можеби ќе се предомислам. За накит има време, ама ќе земам нешто зависно штиклите и ташната. Претопочитам еднобоен фустан памучен не сатени или свили прво не сум тој тип и второ има да пукнам во мај месец од топлина.
Hipster фустанчево е преубаво и одбрано со вкус. Едноставно, елегантно и интересно. Само мој предлог е да го земеш во оваа боја, бидејќи е преубава и плус не ја носат многу луѓе т.е. оваа сезона најверојатно и ќе почнат. Секако и во крем варијанта фустанот би бил убав, но би бил малце поедноставен. Доколку си сепак решена за крем варијанта, јас би ти препорачала ако си во можност да го искомбинираш со вакви корални штикли и чанта и некој невпечатлив накит.
Фустаниве се премногу клише и ми се премногу неелегантни. Мој предлог е да одбереш нешто друго. А за боите во никој случај. Ако веќе носиш вакво сино фустанче ти препорачувам да не биде толку накитено и да го искомбинираш со црни сатенски штикли и ташна. Сребрени штикли се нешто што мене на ниедна нога не ми изгледа убаво, но сепак е вкус во секој случај.
фала ти многу, на комлиментот, али имам причина да не знамам ваква боја, јас сум природна црвенокоса, мислам имам црвен сјај на косата. И оваа боја не ми ми столе убаво! И плус мислам дека се потрошила оваа боја пороткалова-корална. Инаку да може, добар совет
И јас сум апсолвентка оваа година. Сакам нешто поедноставно, нешто што би го утепала од носење. Некое едноставно фустанче, а и не мора да биде фустанче, може панталини или сукња со маичка или корсет. Би несола нешто вака
baguf4e фустанчево го има готово немора да го шиеш 2200 денара е во велес ако сакаш повеке инф. пиши лп
Јас изгледа сум една од ретките кои не се потресле за апсолвентска, зашто - guess what? - не знаев воопшто дека постои таков тип на прослава. А тоа уствари му доаѓа ко продолжение на матурска прослава, според важноста, м? Дознав 3 дена пред прославата и воопшто не се потресов (а што има возбудувачко во аполвентска со 30 жени на маса?) Добро, нејсе, немам убава слика од тоа што го носев , што ми се најде по дома - салонки, црна сукња и корсет, ама затоа би ве советувала фризурата да ви биде едноставна и шик, а не некои сарми, чудни локници со додатоци на циркони, сега гледам слики од мојата прослава и се смеам на одредени избори. Што се однесува до фустанчето јас би играла на нешто слично на ова, јас планирам да си го шијам за една свадба во иднина, ама во друга боја. Едноставно, лежерно и секси, а не некои шушкави материјали и сатени, да боли глава од подвижен кич.
Јас ке шијам фустан, долг ке биде, таа ми е желба, но имам едно прашање. Каде можам да најдам во Скопје вакви ленти (како на оваа од лево на сликата) и по која цена од прилика? На 16 март ке дојдам за Скопје да купам материјал. Не се гледа убаво на сликата ама само таа е.
Јас да би била сега апсолвентка би одбрала нешто едноставно, што ќе можам и после таа вечер да го носам. Таква грешка направив за матурата, купив долг фустан, материјал нешто како сатен, ама не беше чист сатен, го платив прилично скапо и сега така стои во плакарот, собира прашина. Повеќе пари би дала за чевли, зошто сигурно нема да останат не износени како фустанов. Еве предлог од мене, за идните апсолвентки.
Украсни ленти, подебели, потенки, со апликации, со монистри, значи буквално секакви, има на Битпазар, во продавничките од левата страна на пазарот, кога одиш накај Женски пазар по материјали, секако мора да ги поминеш, има триста тракатанци во нив, од копчиња, сатенски ленти и секаков тип на украсни ленти. Некои се растегнуваат, некои не, ќе си разгледаш. Јас еднаш купив лента со апликации-ливченца и везови, имаше и малку монистра, а цените почнуваат од 150 ден, па нагоре за метар.
Незнам кој е модератор на темава надлежен, ама апелирам да го сменат насловот, поточно делот фустанЧЕ Успат мојот фустан од апсолвентска беше постиран во модни критики
Апсолвентска вечер е свечена прослава и бара соодветно издание. На матура е срамота да отидеш несоодветно, не па апсолвентска. Лично, за мене фустанЧЕ е детски и смешен избор, секогаш ќе сум за елегантен фустан пред било кое кратко фустанче. Фустанче е за на плажа, на 20 и кусур си млада жена сакала или не, и без оглед дали цел живот го поминуваш во старки и искасапени фармерки, за приликата ќе си се облечеш како што доликува. Ќе се најде повторна прилика за да се облече фустанот, тоа е најмал проблем. Дури и должината не е проблем ако е остатокот од изгледот погоден, што една во пеесет кај нас знае да го погоди.
има време до мојата апсолвентска, но мислам дека ќе биде некој еднобоен и поедноставен фустан.. нешто слично на овој
Јас си бев во најобично фустанче, ми праеше мерак, комотно беше и не ми влијаеше ич како ќе си поминам вечерта. Во секој случај си поминав подобро од оние што ги поткреваа корсетите нагоре, или ги влечеа сукњичките надоле Секогаш е најбитно со какво расположение одиш