Оваа година уште пред време знам дека се ќе биде чипка, чипка, чипка.... Не дека не е убава ама мислам дека ќе има многу "униформирани" Налетав на неколку сликички па морав да ги споделам Веќе најдов еден преубав модел и тоа без чипка Ама не го постирам трала-лала-ла
Не сум апсолвентка годинава, но да бев знам како би се облекла. Сигурна сум дека сакам кратко фустанче со пердуви купечко, не можам со шиење да се замарам, нешто во овој стил: Шминка: Чевли: Ташни: Значи фустан во неутрална боја, акцентот е ставен на шминка во јака боја и деталите. Ваква би била доколку годинава славев, јас додека дојдам на ред 100 пати ќе се премислам.
Јас кога бев апсолвентка носев кратко црно фустанче едноставно и потоа го скапав од носење. Добра инвестиција ми беше, а не матурскиот ни еднаш не го облеков така ми стои
И јас уште не знам какво да барам, ама изгледа стандарно малото црно ке биде Прво ке барам, е сега ако не најдам тогаш може ке се одлучам да шијам.
Гледам дека многу девојки се збунети со тоа што значи апсолвентска вечер. Пуфкастите фустани и невкусни светлуцави штикли ќе направат да изгледате како неизживеани тинејџерки. Со гардеробата на апсолвентската вечер треба да бидете свои и да изгледате како пристојни млади девојки, интелектуалки, кои имаат изграден стил. Оставете ги експериментите за матурантките.
Деновиве ги разгледувам на нет колекциите, а наредната недела планирам да тркнам до Солун. Најпрво да кажам дека можеби мојот избор некому ќе му изгледа премногу обичен, ама тоа е, таква сум јас, не сакам да изгледам како матурантка, кога сум апсолвентка, мажена и со дете Имам во предвид две комбинации, од вас барам сугестии што е во ред, што не е, што треба да се смени, изфрли, додаде... Првата комбинација... едноставна, "класична", во понеутрални бои кои ми се поблиски, најчесто ми се во секојдневните комбинации, па поголема е веројатноста после апсолвентската вечер повторно да се најдат на мене, во прв ред мислам на сандалите. Во врска со ташната... Дали ваква messenger handbag доаѓа во предвид наместо плик-ташна Од накит би ставила некои големи обетки, прстен и евентуално алка. Втората комбинација... мислам крајна спротивност на првата, јаки впечатливи тонови, актуелни за оваа сезона. За "главна" ја избрав темно сината, а како освежување - портокаловата и дречиво розевата (циклама). ташна... има една баш со овие бои, основата темно сина, а останатите две портокалова и дречливо розева во Авон кампања 7, не можам да најдам слика сега, ќе ставам дополнително Вака со сликите малку личи на каша-попара. Не мора баш со тие модели, фала богу не значи дека се' од ова ќе најдам и во нивните бутици, мислам на комбинација.
Мерак ми е асиметричен фустан да си имам и ќе го направам за апсолвентска. Лесно е кај мене што не давам пари за шиење, ќе ми го сошие тетка ми па и 1,2 пати да го облечам нема да ми биде криво. Имам премногу необлечени чевли па ако се одлучам за црн фустан, чевлите ќе бидат зелени и накитот. Чантата ќе биде црна ко фустанот. Ако биде црвен фустанот ќе носам црни чевли, чанта и накит. Ме предомислува дечко ми дека нема убаво да ми стоел асиметричен фустан. Ама ако не излезе убав, ќе го скратам, па краток ќе биде
Јас се дотерав . Ќе носев црвен фустан ама ништо, некој друг пат. Немав време за шиење откако се вратив од на екскурзија, па морав да купам. И купив, го погодив на прво, што за мене е многу чудно. Пробав многу фустани ама го купив првиот што го пробав и мислам/знам дека ќе го изнаносам. Фустанот ми е тегет, обичен крој - ја следи линијата на телото, со кратки ракавчиња е и до над колена е долг, нема ништо на него, скрос е обичен. Ќе го комбинирам со чевли (салонки) и чанта во пудра боја и таков накит. Се мислев со некоја подречлива боја да комбинирам ама многу „пиштев“, па се одлучив да внесам свежина, и така фусанот е темен, па ова пудрава боја дојде супер.
Јас си сошив ист ваков фустан и бојата е дури иста и со овој планирам да одам на апсолвентска, е сега намената ми беше да го шијам за свадба, па ми искочи уз пат и за апсолвнетска да го носам, да не речам дека го платив скапо за да биде само еднаш облечен. А искрено се предомислувам дали да го носам, некако ми е ту мач за апсолвентска, али криво ми е само еднаш да ми биде облечен Ќе го носам со светло кафени штикли со отворен прст, кафено каифче и кафена плик чантичка. Накитот ќе биде златен, ама се мислам сеуште дали обетки и прстен (или алки) или ланче у стил на ова на сликата Ај ќе видам што ќе ми текне до среда, ништо чудно и да не го облечам
Mимс да си го носиш. Ептен убаво е. Ми се бендисува замислата да го комбинираш со кафено и да, со вакво ланче како на девојкава ако можеш да најдеш.
Мимс да си го носиш,не е воопшто свечен ниту премногу елегантен таман за апсолвентска,ептен ми се свиѓа. Мене да ми беше апсолветска сега,ко што не ми е ,вероватно изборот би паднал на обично кратко фустанче,со поинтересни штикли накит ташна.. Мада знам дека до тогаш уште 5милиони идеи ќе имам,али ај .Долг фустан искрено не ми е за апсолвентска пошто па и не е толку свечена прилика,а и плус за матура носев долг па ми помина меракот.
Мимс фустанот е супер, не зезај носи го Јас сепак се одлучив за тесен фустан, црн, со кратки ракавчиња, до колена. Зелени штикли и не знам знам сега каков накит и чанта. Мислев само штиклите да се зелени се друго црно. А да затоа што се зелени штиклите, каква шминка да ставам, јас планирав црвен кармин и туш само ама некако не ми иде црвено.
Мимс да не дојдеме да те затепаме НОСИ ГО! И јас меркам вакви фустани и сакам да шијам, а ти ми се двоумиш. Не измислувај причини да не го носиш. Ајт, крај на приказната решено е, го носиш
одговара црвен кармин, еднаш носев црн фустан со зелен цвет голем и си ставив црвен кармин многу убаво изгледаше, а шмионката ми беше ептен нежна немав ставено туш
И од мене имаш едно големо ЗА. Ич да не му се секираш, секако ќе си убава пошто фустанот е Фе-но-ме-на-лен. Кој како си се осеќа убаво така нека си носи. Мене фустанот не ми искочи ниту како што замислував, ниту како што се надевав а утре ми е апсолвентска денес си го земав. Се чудам зошто на првата проба беше спротивно од тоа на крајот и ништо не купив за план Б. Али не е касно де, утре сабајле ќе идам да купам некоја шик панталона и кошула полу-проѕирна. Барем штикли имам... Ох, туго моја..