buba4e89 и јас мислам дека ќе ти биде топло со долги ракави, моделчето е супер ама пример да биде без ракави еве некоја идеја од мене
Убав е фустанот, елегантен, ама јас не би со долг фустан на апсолвентска. Плус со долги ракави мислам дека ќе ти е топло. Во последниве неколку години апсолвенткиве се се поедноставни и баш затоа ми се се поубави и поубави. Првиов фустан од Umbrella22, ептен лошо стои во делот кај градите
Нема да биде тоа тоа фустанчето. Мој совет е ракавите да се 3/4. И без деколте Баш позади отворениот грб е тоа што го прави посебен фустанов, ако додадеш деколте ќе го изгубиш моделот.
^ убав е ама има големо деколте(рачунај ќе треба пред твоите професори да се појавиш со него) и некако е многу долг долу ќе не можиш да играш. Инаку е убав, ама некако повеќе ми е како за матурска или како за на свадба, гледам за апсолвентска носат поедноставни работи, сепак сме позрели. Ама ако ти се допаѓа не е лош само да не е со толку големо деколте.
Јас за мојата апсолвентска забава носев црна,тесна сукња,до колена,со бела кошула и црвена лептир машничка и црвени штикли.. (пошо на почетокот држев говор пред присутните).. Сепак не е тоа матурска забава или свадба за некои пресвечени фустани,се појавуваш пред професори..
Во темава се изнагледав само кич или red carpet фустани кои ни под разно не би ги облекла на апсолвентска. Можам да се согласам само со Adina, браво за изборот. Мислам дека е полн погодок за приликата.
Но материјалот и бојата е убава. Мислам панталони можат да се носат и на свадба. Еднаш си апсолвент, не 100 пати.
Не ме сфаќај погрешно ама тоа „еднаш си апсолвент“ ме асоцира на мојот став кон матурата. Исто вака си викав и одбрав долг елегантен фустан од кој патем не можам да се пожалам, но мислам дека апсолвентската е нешто сосема поинакво, како што рече една феминка погоре, позрели сме и ја имаме поминато онаа фаза на кичорајки уште од матурата. Немој да ми се налутиш, не е ова конкретно за тебе. Може ќе сменам мислење до тогаш ама мислам дека јас нема да се замарам како за матура и дека и тогаш сфатив дека сите кои викаа дека не е којзнае што како што го замислуваме и се замараме беа во право. Како што машките не носат одело (повеќето) на апсолвентска и јас не би носела тоалета. Мислам дека кога ќе дојде време ќе се облечам нешто слично на Адина или пак фустанче ама до колена малце посвеченко. Што знам, мислам дека би ми било глупаво пред професорите да се избацам у тоалета некоја како да се враќам на денот на матурата... Пак ќе речам ќе видиме има време, ама долга тоалета нема да биде сигурно. Освен ова што го наведов, исто така и од практични причини. И да се надоврзам на цитираното, јас пак пре на свадба не би по панталони. Но сите сме различни и секако ако имаш мерак носи си, ова беше само мое мислење. Но да не биде јако деколте, пак ќе кажам поради професорите... И со среќа нека е.
Хахах, делиме исто мислење. Јас многу се преовеличував за матурата и пак скромно поминав. Дека деколте има на слика, точно. Јас не приметив, го видов само така и не ги забележав деталите. Деколте нема да има којзнае колку длабокото, сепак и не би требало. Но ги гледав ланските апсолвентки и сите како тетки беа. И балски фустанчиња. Некои кратки, некои долги. Јас уствари незнам ни дали ќе имаме воопшто апсолвентска вечер бидејќи повеќето се за апсолвентската екскурзија, но сепак не би требало да го изоставам тоа. Во меѓувреме ова беше предлог идеја. Се мислев за некое фустанче, кое ќе можам и понатака да го носам, бидејќи кога бев матурантка дадов пари за фустан кој сега ми стои во плакар. Јас на свадба само еднаш имам одено во панталони. И повеќе никогаш.
^ За панталоните на свадба скроз исто и јас, еднаш облеков и кога видов дека дури и сите тетки се во фустани се осетив прееееужасно и реков никад вишеее. И колешките на дечко ми дури ме утепаа, аман бе млада си, и нозе убави имаш зашто панталони си облекла. А всушност тоа беше недостиг на посветување на внимание бидејќи беше небитна свадба и само кошулка си купив, се друго имав и нејќев да се замарам.
А мене пак ужасно многу ме нервираат коментарите „млада си, имаш убави нозе, зошто не сакаш да ги истакнеш“. Мислам ... повеќе од непотребни. Ако сум облекла панталони за било каква свеченост, не значи дека сум закоравена тетка или дека имам комплекс од сопственото тело и по дифолт не сакам да си ја покажувам женственоста или пак не сум воопшто женствена. Јас сум кажала дека сто пати посексапилно се чувствувам во убави панталони (тука не спаѓаат фармерки, панталона-хеланка и ним сличните) кои ми ги истакнуваат нозете и задникот, отколку во фустан. Па да се нервирам дали ми се подигнал или ми се спуштил повеќе од потребното. На прсти се брои колку пати имам отидено некаде во фустан и секогаш сум добивала убави коментари, покрај нели оние кои вртеле очи дека женско мора да носи фустан, а ете јас не се согласувам со тоа секогаш. Дури и за апсолвентска порадо би носела некој комбинезон или штосни офис панталони со топ и сако и сигурна сум дека би изгледала милион пати попримерно од оние кои ќе се појават во т.н. дамски фустани и женствени тоалети. До душа, ако не сменам мислење до тогаш, зашто кога ќе размислам подобро - воопшто не би трошела време и нерви на напумпана „веселба“ како што е апсолвентската.
Јас пак не се согласувам со вас Постои разлика од елеганција до кичерај, и од фустан до фустан. Сепак, јас на апсолвентска не би отишла како да одам на работа во канцеларија. Апсолвентската е прослава, а се знае како се оди на прослава, како се оди на Звезде гранда и како се оди на работа. Иако сум академски граѓанин, иако таму ќе има професори, онаа деловната облека ќе ја оставам за кога бранам дипломска, на пример
Да, постои разлика и многу различни перцепции на она елегантното, но на крајот сѐ се сведува на тоа кој во шо се чувствува најубаво, без разлика дали станува збор за одело или фустан или да не кажам допи*њак. Може да се изгледа елегантно и во пристоен фустан и во панталони, нормално - кој во што се осеќа удобно. Никој не забранил да се носат панталони на ваквиот тип прослави и ако си се допаѓам како ми стои, нормално дека нема да се оптеретувам дека јас едноставно МОРА да носам фустан затоа што сите носат. Ќе си носам тоа што ми се допаѓа. И има и те како разлика од изглед за на работа и изглед за на коктел-забава, без разлика што се работи за панталони. Mене муабетот ми беше дека не би се замарала многу со оваа проблематика, затоа што не мора секогаш по аналогија ако сум млада, згодна и не знам каква да се опнам во фустан затоа што морам и затоа што сите така прават. Ниту пак патам од комплекс за да се двојам од толпата и да бидам различна, напротив - сакам да сум своја и ќе си носам тоа што сакам и сепак ќе се чувствувам убаво.
^ Апсолутно се согласувам, ама никој не може да ми каже дека во долг фустан би изледала како на бал, а не на апсолвентска. Жал ми е што за некои девојки само матурска и свадба се прослави достојни за да "се дотераш". Напротив, секогаш треба да блеснеш, дали во панталони, дали во здолниште или во фустан е сеедно, се додека одговара на пригодата.