1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Апстрактна уметност

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од AnaKarenina, 19 октомври 2013.

  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Пред неколку дена седев во кафуле каде ѕидовите беа украсени со дела кои беа во стилот на апстрактната уметност. И некако тоа ни дојде како главна тема на разговор - дали апстрактната уметност е вистинска уметност, или само шлакатарници на платно? :)
    Решив да ја отворам темава за да дискутираме за ова.

    Уметниците кои создаваат вакви дела, не се држат до никакви „закони“ во сликањето. Не се придржуваат до никакви линии, форми, или бои. Овој стил на сликање подразбира спонтано распрскување или размачкување на бојата на платното, наместо да е внимателно нанесена. Резултатот од работата често ги олицетворува внатрешните емоции на уметникот, а овие дела секој може да ги протолкува т.е. да ги доживее различно. Она што е интересно е тоа дека ваквите дела често достигнуваат премногу високи цени.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Прво што ми текна кога ја начнавме темата, беше сцената од The Intouchables кога аристократот Филип решава да ја купи оваа уметничка слика со вртоглава цена, а на тоа Дрис вели:
    [​IMG]

    Кое е вашето мислење?
    Дали сметате дека апстрактната уметност е вистинска уметност или дека е преценета?
     
  2. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Не сум сигурна. И уметност се, и не се...Не можам да одлучам.
    Уметност се затоа што тоа е нечија визија, нечие гледање на светот, но и понатаму се еден вид чкртаници...Добро, некои од нив изгледаат навистина убаво, но некои сепак не...
    Зависи кој како го гледа...или сака да ги гледа (за да не биде сељак).
     
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.804
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека е вистинска уметност, нешто прекрасно. Ама на самата апстрактна слика се гледа колку чувства уметникот има искажано преку неа и тоа е тоа кое се вреднува.
    Сеуште се сеќавам кога бев со професорката по ликовно и со класот до Магазата во прва и првата апстрактна слика беше на професорката и се воодушевував од колку темни бои користеше во долниот дел на сликата, а колку посветли во погорниот и како што рече таа: „Никој освен самиот уметник не знај што точно значи неговата апстрактна слика и какви чувства искажува“, ама нејзината дефинитивно даваше слика со многу силни чувства и на час ни објасна што и точно значи. (глупаво ќе биди да опишувам тука зошто неможам да ви ја покажам да ја видите па да ви кажам)
     
    На Dark artist му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    На ликовно најглупо ми е кога ќе имаме тема апстрактна уметност, бидејки незнам ништо со да правам. Иначе најјаки ми се тие слики :)
     
  5. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Јас лично обожавам апстрактна уметност. Да, според мене е уметност, бидејќи тоа што ние го нарекуваме ''шкртаници'' во секое око крие различна приказна.
    Во секојa апстрактна слика јас гледам портрет или раскажана приказна, природа...секое око гледа различно и поради тоа ја обожавам оваа уметност.
    Се согласувам со theowndemon :)
     
    На Dark artist му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Ова се смета за уметност а графитите за криминал. :?: (facepalm) Според мене апстрактните слики се само реклама за познатиот сликар и некои од нив се продаваат скапо бидејќи познатиот сликар ги насликал колку и да грдо или едноставно изгледаат.
     
  7. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Како што наспроти квалитетните графити кои се вистинска уметност (цели слики на ѕид, 3Д итн) ги има оние вулгарни или политички пароли испишани со најобичен спреј кои спаѓаат под истиот поим - така и наспроти вистинската апстрактна уметност има по нешто што не вреди, ко она што гледаш на 9gag - онаа цела слика со една боја и само една линија во друга боја, на пример (не можам да ја најдам сега).

    Aпстрактната уметност има цела историја со разни правци што ја опфаќаат - импресионизам, експресионизам, надреализам, модернизам, кубизам, фовизам.
    Тука спаѓаат и големи имиња како Пикасо, Салвадор Дали, Ван Гог.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Еве и други прекрасни композиции :)

    [​IMG]
    [​IMG]

    Пред некое време баш го открив Јасk Vanzet, предобар современ млад уметник :bow:

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Дефинитивно треба да имаш посебен талент за со навидум едноставни потези да направиш вакви композиции :)
     
    На SV1911, theowndemon, 1209 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    17553522_1286887288096336_4920774852838693549_n.jpg

    Еве нешто насликано од мене, наречена е „Розите на ангелот“. Моника, 2013 год.
     
    На Makedonka007, Someonespecial, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.