Јас сум левичар, и не ја разбирам таа предрасуда од старите луѓе кон левичарите. Изгледа и мене, мајка ми, дедо ми и прабаба ми не облекувале со лева нога/рака прво .
Во 2024 година уште не ми се верува дека имам другарка што не искачаше ни на тераса после зајдисонце а се породи во јули. Страшно. Значи буквално. Ни глава не подаваше.
Ако на муцето имало мозолче на надолу, следното ќе е машко. Ајде бремена сум со второ, па ќе видиме за скоро.
Леле ми врати филм... се спремав за у маркет времето супер топло пријатно викам ќе ја земам и ќерками (во заедница сме) мислам беше над 40 дена не се сеќавам точно и свекрва ми вика не остави ја јас ќе ја носам тука во двор да не ти се заплаче ,јас ич не тазмислив ни зошто ни како ај викам во двор пак ќе види сонце побрзо да се вратам. Талентот на врата од тераса ја држеше тоа било надвор ќе и студело скроз надвор октомври било